Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
пак ли истата тема и истиот муабет ќе ги правите за Икер и Д.Лопез?
Правен е тој муабет.. :)

Правен е али муабетот е што сеуште има некои што стојат на ставот кој го имаа тогаш. Иако голем дел, и од оние кои викаа дека е до Мурињо сега го сменија мислењето, има уште што се водат по она: „Еј Касиљас е, мора да брани, Анчелоти глуп си!“

Кај мене лично како фан, Икер со секој потег се повеќе си го губи кредибилитетот. Како што пишаа погоре, требаше уште тогаш да ги расчисти работите а не да ќути и се крие. Значи си ја имал мувата на капата.

Или сеа па, ете веста дека тренерот на голманите во извештајот за пред-сезоната дека Диего треба да е прв голман и дека Икер воопшто не се ни залагал како што треба на тренинзите испадна точна. На загревањето откако му соопштија дека нема да брани, престана да се загрева, додека останатите на кои им било кажано дека ќе бидат на клупа се загреваа.

Секако, ова не би бил некој страшен гест доколку немаше нешто и позади тоа, што во моментов го има. Нели изјави дека е гладен да се врати и дека ќе работи напорно? Епа? Фактички он цело лето очекувал да биде прв голман на стара слава, на името. Епа каде бе со тој пристап? Доликува ли тоа на капитен? Баш ми е мерак што Карло му ја плесна одма, па сеа ова ќе му биде последна шанса да се извади, ма да пак гледам дека нема да го стори тоа на терен туку преку неговите пријателчиња од Каталонија и новинарската фела...

Бај д веј, вечниот наш капитен е веќе во Мадрид и утре ќе има прес-конференција пред прошталниот меч.
 
Одамна подолг пост неам пишано,и чекав после утакмицата со Бетис,ама и тоаш заборајф,нејсе...

Едини позитивни работи од Неделата се трите бода,Марсело и Иско...најважно е да стартуваш првенство со победа,макар била и ваква ко шо ние ја издвојфме.Марсело ме изненади како дијаметрално спротивно изигра од припремните,а за Иско мислеф дека ќе се посерит на дебито прво,ама после свршавав на двата тунели едно подруго шо им ѓи пикна на играчиве од Бетис.

Диего Лопез - да беше само голманскиот простор од 5 метри,ќе беше најдобриот голман евер.За жал,имат уште 11 метри,во кој шо често пати знајт да бидит изгубен,а то го покажа и на утакмицава. Никакви истрчувања на високи нафрлени топки,ништо.А со висината шо ја имат,мојт со поткревање да ѓи факат.Ако е тој во подобра форма од Касиљас,можам да замисла Икер како бранит тренутно.

Одбранава (карвахал и двата трупци) - детево горит од желба за играње се познават,ама за малку ќе изгореше до пепел.Многу немаркирани играчи, многу изгубени воздушни дуели.Сепак,се дури е побрз од Арбелоа,е подобра опција од него.Другите две дрва илеа мн им беа кораните длабоко пуштени в терен,па не можеа на да мрдет.Пепе да се дајт дури уште вредит некое кило семки(или да си сејт на клупа ако не се бунит за прва постава).Рамос излеа од ко се исфарба,бланшот му ѓи имат изгризано мозочните клетки(не дека ѓи имаше многу,ама...).Дали му фалит Варан или е нешто друго,не знам.Ама знам дека ако играме секоја уткамица вака во одбрана,голој ко од шала ќе примаме.

Средина - Модрич добар,стандард.Ај ваљда ко ќе се вратит еден од Алонсо или Иљараменди да го заменит Кедира,Лука мојт да ојт понапред малце,кај шо е 5 пати поефективен,него ли задњи везни....
За овај начин на играње шо го преферират Карло ,некоја си модификација на 4-4-2,место за технички непоткован играч т.н. копач,немат.Така да ,ко шо спомнаф погоре,очеквам Кедира да седнит на клупа.Не дека беше лош,ама не беше ни добар.За Озил незнам шо да речам.Те го имат,те го немат.али најмногу ме напизди,ко излезе,нешто ја нишаше глата и мумлаше на глас,демек незадоволен.Па професионалец си бе,прифати измена,не си дете на улица. Во глобала добар,ама ќе бидит жртва во тимов.Премногу добар да не играт,ама пак на крива позиција,лимитиран до максимум.

Напад- За да ѓи синхронизират роналдо и бензема ко шо сакат,Анчелоти ќе требит да имат тренинг со нив двајца насамо едно 40 пати неделно,шо е немогуче.Роналдо го јајт инстинктот за крило,па се се повлеквит по страна,пимплат топки,овај другиов од Леснина цела гарнитура зел ,па лежит во офсајд....Шала на страна,ќе требит да се десит чудо некое,за да се адаптират роналдо шпиц,а сепак бензема да играт до него(или некој друг втор напаѓач,сеедно).Егозимот и суетата го јадет многу,не вервам дека ќе сакат да делит конто на голој со некој друг...

За офсајдите......И ѓи кривам,и не ѓи кривам напаѓачиве.Како шо можеше при првиот гол Иско после прием,одма да му пуштит топка на Бензема,и да не е во офсајд ,можеа и другиве.Ама не е то то ако Озил 4-5 пати не напрајт лажњак,а од страна бекојве му се убацвет,или Роналдо точкој вртит,а Бензема во тој момент тргвит,па ко ќе му дојдет 3-4 ца,тогаш пушти му ја,а овај веќе во публика заминал.Не знам дали е до мене,ама мн претервеа во тој аспект,многу.Излеа само во Охрид и Барселона на тренинзи викет "на вториот додир со топка пас пуштај" хаха....

И да,ако го купет Бејл,чичко Перез да ми ја јајт пастрмкава охридска,несолена и то....
 
996575_729487247091494_534453020_n.jpg
 
Чаби во аут уште 3 месеци, се повредил на тренинг сабајлево... Не знам до кај е со опоравувањето Иљараменди, мислам дека нема да биде уште долго повреден, еве му добра прилика да докаже дека 30ти милиони не се за џабе фрлени за него...
--- надополнето: 21 август 2013 во 14:15 ---
Satellite


Шта речи?
 
Дечки порачав дрес Реал преку една страна од ФБ, ми стигна вчера и дресот ми е мал. Домашниот дрес од оваа сезона без име и бројка и ги има сите знакчиња како оригиналот. Доколку има некој заинтересиран и сака да види слики нека ми пише ПП, го продавам по истата цена што го купив, 1800 ден
 
Чаби во аут уште 3 месеци, се повредил на тренинг сабајлево... Не знам до кај е со опоравувањето Иљараменди, мислам дека нема да биде уште долго повреден, еве му добра прилика да докаже дека 30ти милиони не се за џабе фрлени за него...
[

1005467_493132904110477_553395790_n.jpg


Tе го! :D Ги личи за двојка на центарот, може да се пробаат оти не. :D

Толку по се изгледа од Генералот кај нас. Ептен го сардисаа повредиве, иако и очекував само епизодна улога да има сезонава и да биде он back-up опција. Но сеа ќе следи дополнителен процес на навикнување на тимот што ќе им ја отежни работата на Карло и Зидан уште повеќе.

Затоа е добро што Модриќ беше купен лани, па тимот колку толку е адаптиран врз него. И лично сакам така и да продолжи, бидејќи тоа ќе не доведе до доста побрз фудбал во тој дел од теренот. Пошто по ова што го гледам од Иљараменди, ми изгледа како копија на Алонсо и брзината не му е најсилната страна, иако во споредба со Чаби, логично заради годините е доста поагилен.

Е сега, да, опција е и овие двајца да играат заедно, на сметка на Кедира/Кашмеиру. Јас мислам дека препорачливо е да се игра со еден таков играч во тимот постојано а морално кога играме против јак тим, оти каква ни е одбраната уште тоа ни фали. Но ко што реков, опција е овие двајца да играат, доколку Иљара прерасне во супер деструктивец, каков што и до некаде беше во Сосиедад. Најголем број пресечени топки, стартови, претрчаност... тоа се атрибути кои се потребни за таков играч

Опција е и тројца да играат на тој дел (Иљара, Лука, Сами/Касемиро) на сметка на Бензема напред или на еден од Озил и Иско... Многу играчи имаме, многу комбинации се отвараат (а во ниедна не спаѓа Кака... ), а тоа колку што е позитивно може да биде и негативно...
 
Дечки порачав дрес Реал преку една страна од ФБ, ми стигна вчера и дресот ми е мал. Домашниот дрес од оваа сезона без име и бројка и ги има сите знакчиња како оригиналот. Доколку има некој заинтересиран и сака да види слики нека ми пише ПП, го продавам по истата цена што го купив, 1800 ден
Од кај го купи ?
 
^Го порачав преку една страна на фб, ако сакаш ќе ти дадам линк
 
Се надевам дека Раул денеска и утре ќе му одржи една лекција на Касиљас, што значи прав капитен :)
 
Повикани играчи за утрешниот натпревар за „Trofeo Santiago Bernabéu“ против Al-Sadd

Голмани: Casillas, Diego López, Tomás Mejías
Одбрана: Sergio Ramos, Marcelo, Carvajal, Arbeloa, Pepe, Nacho, Mateos
Среден ред: Özil, Kaká, Casemiro, Modric, Isco, Di María
Напад: Cristiano Ronaldo, Benzema, Morata, Jesé
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom