Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Illaramendi sera jugador del Real Madrid en las proximas horas. CADENA SER

Чим и овие објавија значи готова е работата.

Шо постираш вакви незначителни вести бе? :D Ова е веста на денот:

WAGs: Sara Carbonero and Iker Casillas are having a baby! Sara is 13 weeks pregnant.

Гарант пред 13 недели била утакмица кај што Жозе не го повикал во тимот... :свиркам:
 
календар у рака и израчунајте која утакмица било тоа :D
 
календар у рака и израчунајте која утакмица било тоа :D

5-7 април, после утакмиците со Галатасарај (3-0) и Леванте (5-1). И на двете не бил на клупа. Значи со скршена рака знаел и друго да прави освен да постира фејсбук статуси. :icon_lol:
 
5-7 април, после утакмиците со Галатасарај (3-0) и Леванте (5-1). И на двете не бил на клупа. Значи со скршена рака знаел и друго да прави освен да постира фејсбук статуси. :icon_lol:

Убо ко непраел чек ин,кузнајт кај ќе се чекирал хаха :)
 
Решен е Перез цела репрезентација за 3 год да биде од Реал ..се шо е младо,шпанец и има талент иде у Реал :D :D
 
Недокажан просек играч ќе го купуваат 30 милиони, а Арсенал сака да го земе Игуаин за 27 :facepalm:
 
Да играше Хесе во Мајорка сега ќе го купевме за 32 милиони
 
Недокажан просек играч ќе го купуваат 30 милиони, а Арсенал сака да го земе Игуаин за 27 :facepalm:

Хиго е иссвирена песна во Реал....со 1 клип од најдобрите негови моменти у Реал заборавивте дека го пцуете веќе 2 години и кусур,и дека немаме аслен напад..
Баш би сакал еден клип со најлошите негови моменти,па да видам дали толку ќе :drk: на негово останување во Реал...
 
Недокажан просек играч ќе го купуваат 30 милиони, а Арсенал сака да го земе Игуаин за 27 :facepalm:

Колку пати го имаш гледано за да кажеш дека е просек?

Се согласувам за Игуаин и тоа дека Иљараменди е прескап али моментално нема многу надежни мидфилдери од тој профил.
 
Хиго е иссвирена песна во Реал....со 1 клип од најдобрите негови моменти у Реал заборавивте дека го пцуете веќе 2 години и кусур,и дека немаме аслен напад..
Баш би сакал еден клип со најлошите негови моменти,па да видам дали толку ќе :drk: на негово останување во Реал...

Батка, не знам кај виде ти дека пекам за Игуаин да остане. Само сакам да кажам цените шо ги даваат овие од Реал за просек играчи и цените што ги даваат другите клубови за играчи од типот на Пипа се нереални.

А тоа дека е иссвирена свирка како играч малку си се заебал. Кај него проблемот е шо многу го дигнаа у воздух со тоа шо до пред година време го премолуваа да остане, се осети како "недопирлив" и се претвори у мрзлива свиња. Иначе има уште многу фудбал у него верувај. Која екипа и да го земе многу ќе се офајди.
--- надополнето: 6 јули 2013 во 17:24 ---
Колку пати го имаш гледано за да кажеш дека е просек?

Се согласувам за Игуаин и тоа дека Иљараменди е прескап али моментално нема многу надежни мидфилдери од тој профил.

Добро бе ок, може не е просек, ама е млад и недокажан. И сега пошто е надежен мидфилдер од тој профил и одма 30 милиони како од пушка? Поштено, мене ми дреме таквото колку пари ќе даат.. Само се нервирам оти е глупа политиката која ја водат со купување и продавање играчи.
 
Во секоја нормална ситуација Бензема веќе би бил летнат од Бернабе.

Момакот од аспект на перформанси во клубот е речиси во секој аспект послаб во споредба со Игуаин. Да не заборавиме колку го пцуевме и колку Мурињо беше на ивица со нервите заради него и колку патевме за голови кога Игуаин беше повреден пред 2 сезони. Единствено нешто во кое е подобар, се головите во „поважни“ натпревари, пред се тука мислам на ЛШ. Игуаин најрешавачкиот гол во својата кариера го даде на дебито у 2007. Од тогаш, многу флопирања имаше во важни натпревари.

Но сепак, дете на клубот е, ко што е Марсело, играше со срце (што нели според многумина е реткост деновиве) и е моментално четвртиот играч по стаж во клубот, а има само 25 (!) години.

Но на телето му се посреќија картите, да не беше Зидан и пред се Fly Emirates, Pitbull ќе леташе до сеа. Ама ете, и тие „надворешни“ фактори многу влијаат за заминувањето/останувањето на играчите.

А за цената на Игуаин, не е мала според мене, таа си е нормална. Тука големо влијание за нејзиното спуштање има изјавата на Игуаин дека сака да си оди, и особено повредата на грбот која не е ни малку наивна и после која гледаме еден друг Игуаин. Цената за Ираљаменди е ненормална. Ама чика Флоро сака да заштеди на керозин, па ги праќа директориве да им ја исплатат клаузулата на клубовите само.
 
iggo_s

Догодина ќе чини 50 милиони според тоа како им ги дуваат цените. Има откупна клаузула од 30 милиони, инаку реално 15-20 да се дадат за него. Со Сосиедад нема лесно преговори, пред се тоа што се баскијци и го мразат Мадрид.

Ова не е типичен Флорентино Перез трансфер. Најверојатно е желба на Зидан и Карло кои сигурно имаат планови за него да игра почесто и најверојатно потребна алка во тимот за да функционира новата тактика. Мене ме радува доколку е ова последново, да се има идеја за тоа како да функционира новиот Реал.

Инаку сеуште не е играч на Реал. Може се некои сериозни шпекулации и на крај да си останат само шпекулации.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom