Не бев у можност да пишем, па ќе се навратим на мечот со Дортмунд.
Борусија не ни покажа дека се класа над нас, не ни покажа дека се во подобра форма...играчите на Борусија им покажаа на ова манекениве во бело како се игра СО СРЦЕ за тимот, а не како пичка. Еден не видов да се бори на тој натпревар, не ни видов да се замара некој...реков, не се ништо појќе од нас, само покажаа како се гине на терен за боите на клубот.
И сега знаем дека некој ќе ми улета со муабет као “а кога тепаат добри се“...со овие играчи што ги има Реал и со парите кои ги земаат, со 30% од нивните можности ќе ги тепаат сите тимови во Шпанија. Единствено со Барса годинава видов борба, желба за игра...со Борусија се покажа сосем спротивното. Искрено, еве више 10 години немаме бел ден видено во ЛШ, ама оваа година сум најразочаран. Претходниве години толку ни беше силата, ама овој денешен Реал, со ваков тим...СРАМОТА е да изгуби 4-1 од Борусија, а притоа да не направи НИТУ ЕДНА сериозна шанса за гол. Голот падна по грешка на Хамелс, да не беше таа грешка немаше голот да го помирисаме. И затоа ми паѓа најтешко, зошто овој Реал има сила да иде до крај, ама ако секој од нив се бори на терен и го остае срцето на терен.
Фала им на сите од овој денешен тим што ни донесоа титула во Примера лани и за сите радости кои ни ги овозможија последниве 2 години, ама толку сум разочаран после она во средата...стварно незнам што да кажем друго.