Фан клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Бокица
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Со самото ваѓање на Бензема,си препиша пораз Мур вечерва.....па макар и да победиме(шансите се 0,1 %)
 
Му текна на убавиот/богатиот дека треба да се шутира од далечина против ваков бункер а не да се влегува до топката во голот. Тоа дечки...против вакви ја губиме битката за титула.
 
ајде ајде од оваа утакмица ќе научиме важна лекција...да не ги потценуваме малите екипи(веќе 10 години ја учиме и никако да научиме)!!! xD мурињо страшно потфрли!!
 
Ова и ни требаше. Појма немавме. Гетафе едвај, Динамо едвај, ова како шлаг на тортата. Картонот на Кедира и судиските грешки кој ги имаше во голем број не треба да бидат никакво оправдување.
 
Потценувањето пак проблем,вака губиме титука...се надевам нема да се повтори пак,а и реализација е многу слаба.
 
Воолку слаба утамица неам изиграно под водство на Мурињо никогаш......па дури и ко го кркавме од БАрса 5-0...пубо игравме.. :/
 
Е сеа само да не ја тераме истата приказна од лани. НЕ ТРЕБА ДА ГИ ПОТЦЕНУВАМЕ овие екипи бидејќи тука се губи титула. леванте,осасуна итн... мора да се дава максимум на сите натпревари без разлика кој е ривал. Лани од тоа потценување ја изгубивме титулата. Но се надевам дека Мурињо ја научи лекцијата и вакви киксови нема да се случуваат во иднина.
Иначе за играта ќе кажам само едно,КАТАСТРОФА ! Никаква креативност 2-3 шанси кои не ги искористивме,Кака,Концентрао,Ди Марија ептен слабо. Мислам дека треба да му се даде одмор на Ди Марија 2-3 утакмици и на негово место да игра Каљехон.

Ништо не е изгубено одиме напред.
HALA MADRID !
 
Па ај да кажеме дека потфрлил Мурињо,али па што играчи се Кака,Коентрао и останатите да неможат да се справат со еден Леванте бе?Значи Озил и Роналдо ако се повредат на подолго(недај боже) ние во сегунда ќе испаднеме.Да го спомнам и судијата дека одлично си ја направи својата работа(таа што му беше дадена уште пред натпреварот) и не гледав прво незнам што направи Сами и незнам зошто е поништен погодокот,ама недосудениот пенал го видов и тоа како,исто и ова со Роналдо значи човекот е во право него можат да го убијат на утакмица и ќе има жолт картон,а некој други да ги пипнат и тоа е веќе директен црвен,ама тоа е...И лани титулата ја изгубивме од тимови од типот на Леванте и Алмерија и баш ме интересира што све испромаши телето кое никад нема да бидне добар напаѓач,штом Мурињо го извади во 45.
ХАЛА МАДРИД!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom