Фан клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Бокица
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Hola! :helou:

Јас случајно се најдов овде, па си реков да ви се придружам. Се надевам немате ништо против уште една Мадридистка.
Поздрав!
 
Ајде едно топло добредојде за госпожата на Рамос :icon_mrgr
 
мони доби конкуренција хихихи.....
Иначе Роналдо стварно не е ни пола од првата полусезона,али нормален е таков пад.Две утакмици по ред со два гола и оп,пак ќе го величиме! :)...
Инаку Бензема и мене ме изненади,аку бев оптимист за него.7 утакмица дава гол,најдобар стрелец ни е во ЛШ,браво! :)
 
мони доби конкуренција хихихи.....
Иначе Роналдо стварно не е ни пола од првата полусезона,али нормален е таков пад.Две утакмици по ред со два гола и оп,пак ќе го величиме! :)...
Инаку Бензема и мене ме изненади,аку бев оптимист за него.7 утакмица дава гол,најдобар стрелец ни е во ЛШ,браво! :)
Тоа е уште еден показател за тоа колку значи тренерот во една екипа и колку тој може да влијае на еден играч! Секоја чест за Бензема мило ми е што е оној стариот( дури и подобар) стварно еден од поомилените играчи ми е ,а лани со оној Пелегрини буквално се упропасти
И да, посакувам финале Реал-Интер :)
 
Hola! :helou:

Јас случајно се најдов овде, па си реков да ви се придружам. Се надевам немате ништо против уште една Мадридистка.
Поздрав!

Добредојде!!.
Мораш сега да ветиш дека ќе доаѓаш да гледаш и да навиваш кога ние од форумот се собираме и гледаме заедно, оти другите форумџики се срамат изгледа..:))
 
Можеби Роналдо е арогантен, некогаш неподнослив кога сака да постигне гол, но тој е оној кој сака секогаш да победува.
Не го очекувам од него невозможното и да биде робот, го разбирам кога не му оди или како сега кога се врати од повреда или игра уморен.
Но сите ќе се согласите дека е најдобар поединец во тимот, дека самодовербата на тимот е поголема кога игра тој и дека е еден од најзаслужните за повеќето победи на тимот последниве две сезони.
Не му требеше нити време да се прилагоди. Првата сезона кога почнавме да градиме нова игра со повеќето нови првотимци Роналдо заедно со Игуаин станаа најдобриот напад на Реал, а веќе во втората кога повторно дојдоа нови првотимци кога сето тоа влијаеше на играта, и покрај тоа што последниве утакмици не постигнува гол тој е нашиот најдобар стрелец.
Не му требеше време како на Бензема година ипол за да се пронајде.

Од Бензема не сум изненаден време му беше да проигра, плус сметам дека муе згрешена позицијата дека не го бива за класичен напаѓач, дека му треба повеќе простор, но и покрај добрите игри последниве месец-месец ипол сметам дека не е играч за Реал, дека е преценет и дека скапо го плативме.

Но изненаден сум од Марсело, не очекував дека ќе се прероди, сеознава е во врвна форма и еден од клучните играчи. Се рпероди и прераснува во еден од најдобрите леви бекови.

Рамос после одличното светско изненади и опадна во формата.
Арбелоа покжаува одлични игри но и јас би се трудел како него ако немаше место во првиот тим за мене.
Албиол но комент знае да одигра одлично но понекогаш се чудам како помина цела сезона како првотимец.
Пепе мора да намали со глупостите.
Карваљо одличен
Гарај добар е за замена не беше лош кога играше како стартер
Алонсо еден од клучните играчи, кретор на играта, играч од кого зависи целиот тим.
Кедира сметам дека ќе го биде
Пиратот и него ќе го биде
Ласана добар е знае да одигра одлично кога е потребно.
Ди Марија бев скептик за него но ме демантира ѕверка е
Озил истото како и за Алонсо, плус ги демантира сите кои викаа дека нема да се снајде
Гонзало штета што се повреди ќе биде одличен напаѓач наредна сезона
Адебајор почна одлично, ама како да се умори или како да не е за во тимов
Каналес ќе биде голем играч еден ден
Педро Леон се очекуваше да биде достојна замена, ама не е
Кака на продажба
Гаго сеедно ми е остане или не, за него е подобро да си замине, барем ќе игра некаде
Адан солиден е, ме изненади кога го замени Касиљас
Дудек пензија?

Мората, Алекс, Сарабија... ќе бидат големи играчишта мило ми е што се мисли на нив

Мурињо специјален е, се надевам ќе остане повеќе сезони, за разлика од неговите претходници последниве неколку години.


Не го отупев многу изгледа, прв пат ми е ваков подолг пост да пишам, имав време одповеќе за трошење :)
 
Не бе, после 293 прочитани страни за колоквиум, не ми изгледа ни ваков пост како долг. :icon_lol:

Само чекај, рано е за осврти има уште до крај на сезонава... :)
 
Не бе, после 293 прочитани страни за колоквиум, не ми изгледа ни ваков пост како долг. :icon_lol:

Само чекај, рано е за осврти има уште до крај на сезонава... :)


И ти ли полагаш утре т.е денес? :pos:
Jaс на форум се олабавувам од книга последниот ден пред колоквиум :)
 
Welcome :)))
Требаше Педро Леон повеке шанса да добива годинава... ни од клупа да влезе неможе. Нека добие некоја минутажа да се утврди дали е за во тимот или не. Адебајор исто, ако не иде догодина Мората во прв тим, Адебајор враќање во Сити. И Сарабија би сакал место Педро Леон, и онака не добива многу шанса Леон. Сарабија ке има одлична година во која би учел од постари и поискусни, па зошто да не понекогаш и да игра.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom