Можеби Роналдо е арогантен, некогаш неподнослив кога сака да постигне гол, но тој е оној кој сака секогаш да победува.
Не го очекувам од него невозможното и да биде робот, го разбирам кога не му оди или како сега кога се врати од повреда или игра уморен.
Но сите ќе се согласите дека е најдобар поединец во тимот, дека самодовербата на тимот е поголема кога игра тој и дека е еден од најзаслужните за повеќето победи на тимот последниве две сезони.
Не му требеше нити време да се прилагоди. Првата сезона кога почнавме да градиме нова игра со повеќето нови првотимци Роналдо заедно со Игуаин станаа најдобриот напад на Реал, а веќе во втората кога повторно дојдоа нови првотимци кога сето тоа влијаеше на играта, и покрај тоа што последниве утакмици не постигнува гол тој е нашиот најдобар стрелец.
Не му требеше време како на Бензема година ипол за да се пронајде.
Од Бензема не сум изненаден време му беше да проигра, плус сметам дека муе згрешена позицијата дека не го бива за класичен напаѓач, дека му треба повеќе простор, но и покрај добрите игри последниве месец-месец ипол сметам дека не е играч за Реал, дека е преценет и дека скапо го плативме.
Но изненаден сум од Марсело, не очекував дека ќе се прероди, сеознава е во врвна форма и еден од клучните играчи. Се рпероди и прераснува во еден од најдобрите леви бекови.
Рамос после одличното светско изненади и опадна во формата.
Арбелоа покжаува одлични игри но и јас би се трудел како него ако немаше место во првиот тим за мене.
Албиол но комент знае да одигра одлично но понекогаш се чудам како помина цела сезона како првотимец.
Пепе мора да намали со глупостите.
Карваљо одличен
Гарај добар е за замена не беше лош кога играше како стартер
Алонсо еден од клучните играчи, кретор на играта, играч од кого зависи целиот тим.
Кедира сметам дека ќе го биде
Пиратот и него ќе го биде
Ласана добар е знае да одигра одлично кога е потребно.
Ди Марија бев скептик за него но ме демантира ѕверка е
Озил истото како и за Алонсо, плус ги демантира сите кои викаа дека нема да се снајде
Гонзало штета што се повреди ќе биде одличен напаѓач наредна сезона
Адебајор почна одлично, ама како да се умори или како да не е за во тимов
Каналес ќе биде голем играч еден ден
Педро Леон се очекуваше да биде достојна замена, ама не е
Кака на продажба
Гаго сеедно ми е остане или не, за него е подобро да си замине, барем ќе игра некаде
Адан солиден е, ме изненади кога го замени Касиљас
Дудек пензија?
Мората, Алекс, Сарабија... ќе бидат големи играчишта мило ми е што се мисли на нив
Мурињо специјален е, се надевам ќе остане повеќе сезони, за разлика од неговите претходници последниве неколку години.
Не го отупев многу изгледа, прв пат ми е ваков подолг пост да пишам, имав време одповеќе за трошење
