Mouriho: Многу добар натпревар. Натпревар со систем адаптиран на карактеристиките на Granero. Знаев дека ќе изигра одлично, беше многу комотен. Исто така и Di Maria затоа што играше на позиција на која играше последните две години. Игравме многу добро, компактно, особено во прво полувреме кога можевме и да го завршиме. После примениот... гол повторно почнавме да реагираме. Benzema и adebayor беа многу добри и ни дадоа одличен резултат.
Имавме натпревари надвор на кои игравме добро, но на овој излеговме многу добро, со многу шанси, одличен натпревар. Многу ми се допадна.
Ќе видиме дали ќе играме по овој систем. Динамиката е друга кога играме со двајца напаѓачи. Добро е кога имаш двајца добри напаѓачи. Двајца или тројца, ќе видиме дали ќе се врати Higuain брзо. Денес напаѓачите одговорија одлично. Di Maria може да игра на оваа позиција, Ozil на неколку места, имаме играчи и за овој систем на игра. Со Cristano ќе се вратиме на вообичаениот систем.
Со Granero многу добри другари сме, нешто што не е вообичаено со играчи кои не играат често. Зборувам со него за неговата најдобра позиција, за него најдобро е систем 4-4-2 и играње ромб. Денес граше одлично и работи многу добро, за да игра на повеќе начини. Интелигентен е, брзо учи, сака да биде корисен и има големо срце.
Marcelo изгуби топка, која даде пенал, му реков такви грешки не смее да прави кога натпреварот е неизвесен. Побарав да биде сериозен како и секогаш. Тој пенал можеше многу да не кошта. И он призна дека сум во право.
Pedro Leon беше на клупа, но мислев дека подобро е да му дадам 3-4 минути е позначајно за Alex или Casado, за Pedro немаше да значат ништо 3-4 минути на готов натпревар, но за Alex денес е најсреќниот ден.
Не чекам Barcelona да киксне, ние играме наша лига, наши натпревари и мораме да играме добро за да победиме, ако играме изедначен натпревар и деталите го решаваат, не победуваме. Barcelona не мора победува и кога игра добро и кога игра лошо секогаш кога има тешкотии се случува “нешто“, вчера можеше да игра долго време со еден помалку и против Valencia слично.
Benzema: Со секој натпревар се чувствувам се подобро. Ќе работам многу за да дадам многу голови за оваа екипа. Ова е голема екипа. Физички сум многу добро. Се надевам и на наредниот натпревар ќе играм. Сакам кога се чувствувам добро на терен. Mourinho има важна улога во мојата кариера, работеше на мојата психа и сега сум многу добар.
Granero: Имав желба да играм. Бевме доста прецизни денес, игравме добро. Мислам дека на Rаcing не им беше денот, но ние бевме одлични, добри во напад, игравме друг систем. Но со CR ќе игравме многу подобро, број еден е. Играч на Real Madrid очекува секогаш во 30, 31 коло да биде на врвот или многу блиску до него, никогаш не се откажува толку рано. Сите играчи се почитуваме и тоа не прави силна група.
Alex: Привилегија е да дебитираш на ваков ден. Ние со помалку искуство не сме многу адекватни за вакви натпревари, но тренерот се осмели и ме стави. Во нашава екипа кога ќе влезе младинец одма го бараат, му додаваат топки... Сега ќе му кажам на брат ми како е да играш со првиот тим, но и он ќе добие своја шанса. Дресот оди за мајка ми.