Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Читав некој играч му се обратил на Роналдо после она додавањето со грб. Му вика направи вака на 0-0 ако си фраер, а не сега... и Роналдо ваљда му рекол нешо ко у стил одјеби :).
Да,,,,,,Рејес рекол дека е провокација,а Домингез дека е глупаво.А роналдо во негов стил:Некгаш треба да си креативен:tv:
 
Читав некој играч му се обратил на Роналдо после она додавањето со грб. Му вика направи вака на 0-0 ако си фраер, а не сега... и Роналдо ваљда му рекол нешо ко у стил одјеби :).

И еве што вика Мурињо...
"Cristiano Ronaldo's backward pass against Atletico was a spectacular resource other players have also used. Some thought it was great, others didn't. Cristiano has to live with this, but only those who can pull off something like that decide to do it. Those who can't won't be able to pull it off. He is one of the few players who can.

и ова.... Dudek - Injured - Lower back
се укочил човекот од седење на клупа... :pos:
 
Mourinho (09.11.10 - press): Против Murcia го играме најважниот натпревар во сезоната, затоа што ако изгубиме губиме титула. Можеби е контрадикторно затоа што Murcia игра во пониска дивизија, но тоа е вистината. Ова е одлучувачки натпревар, особено после резултатот од првиот натпревар, кој мене не ми се допаѓа и е лош. Имаме само една опција, да победиме. Ќе играме под притисок, опасност и одговорност. Нема да бидеме хипокрити и знаеме дека ги имаме најдобрите играчи, имаме многу поразличен потенцијал од ривалот, подобра трева и многу луѓе, речиси цел стадион полн со madridistas. Ако Bernabéu сака, ние ќе победиме.

Мојата филозофија е дека титули се освојуваат со сите играчи. Добар играч, кој тренира добро и живее добро, може да игра без проблем. Оние кои се стартери денес утре ќе бидат замени. Мислам дека, на пример Xabi Alonso е најдобар на неговата позиција, но може да се случи понатаму Lass да биде подобар од него, Gago да биде подобар.... Они се играчи – пријатели, солидарни, секој сака да го даде максимумот за екипата. Сега добро ни оди. Заморот е повеќе психички отколку физиолошки. Не мислам дека тоа е страшно. Да бевме сега без екипа која е база, вие ќе пишувавте дека Mourinho нема поим од ништо, дека нема екипа.....

За во зимскиот трансфер период имаме два играча без да потрошиме ни евро, Gago и Kaká. Добро ни оди, па за среќа малку се зборува за тие кои не се со нас. Двајцата ќе бидат важни и ќе ни го покажат своето. Во моментов не е лесно за нив зошто не играле цела сезона, но ќе се вратат и ќе дадат својот удел.

Benzema игра многу добро, го направи тоа што на екипата и беше потребно. На последниот натпревар ни требаше топката и он ја смири ситуацијата. Утре ќе биде стартер, затоа што ни требаат голови и ни е потребен нов профил како него. Верувам во него многу. Натпреварот е важен, мотивацијата е голема и очекувам позитивен одговор од него како на последните натпревари. Може да биде стартер и во Liga и сигурно ќе биде, ќе заврши како стартер во оваа екипа.

Пред Cristiano, други играчи играа со грб и беше тоа сензација, беше нешто што секое дете сакаат да го направат кога ќе бидат играчи..... За некои е фантастично, за некои не. Cristiano мора да живее со таа ситуација. Тоа не го прави тој што сака, туку тој што може. Малкумина можат тоа да го направат и ако тие малкумина не го направат, нема никој да го направи. За мене не заслужува критики, тоа беше спектакуларен потег. Но во исто време не го критикувам Raúl García затоа што е играч кој гледа дека неговата екипа е пред пораз и заедно со таа фрустрација, може негативно да се интерпретира. Се надевам дека оние играчи на Atlético кои не се задоволни од тоа што го направи Cristiano, дека не се задоволни ни од она што го направи Diego Costa, затоа што тоа беше лошо.

Мислам дека ни е потребна малку поголема поддршка, утре, од Bernabéu и јас не сум никој за да ја бара. Но би сакал да видам еден поврел Bernabéu. Во неделата беше многу мирно, но разбирам дека тоа е до културата. Луѓето се такви и тоа треба да се прифати, но на играчите им е потребно нешто повеќе. Не сакам Bernabéu да биде како San Ѕiro во Милано затоа што тоа е прашање на културна разлика, но сакам да има поврела атмосфера....

Не мислам дека е можно да изгубиме, не мислам на тоа.

На било кое дете би му го кажал тоа што им го кажувам на моето, да учи и да се забавува со топката. Ако не учи, нема топка. Ако му оди добро во школо и ако му се допаѓа да доаѓа на Bernabéu и да тренира со малите.... може да го прави тоа. Но ако не му оди школото, нема фудбал.

Стартери утре ќе бидат Casillas, Ramos, Marcelo, Arbeloa, Albiol, Canales, Benzema и уште четворица. Купот мора да е позначаен за Шпанците. Кога ќе освоиш Куп во Англија е како да си освоил нешто од друга планета. Сакам да играат Шпанците со илузија да го освојат Купот и сите други после нив.

Не личам на играч воопшто, ниту пак сум млад. Нормална личност сум која работи со група, знае да се смее и да се налути после тоа, нормално е. Вчера се забавувавме.

Утре мораме да дадеме 2 гола. Murcia покажа дека знае што игра, покажа дека знае да брани, дека прима малку голови.... Не е лесен натпревар, но 2 гола би требало да се доволни. Мораме да победиме и ако Bernabéu е успан ние мораме да победиме. Не ми поминува низ глава пораз. Но во фудбалот се може да се случи, така да мораме да победиме како и да е.

Pedro León е квалитетен играч, но има многу нешта кои треба да ги подобри. Во голем развој е и е можен стартер. Зошто да игра он а не Cristiano или Di María. Треба така да продолжи затоа што е играч кој вреди и добро знае што треба а што не. Исто така ќе биде стартер утре. Значи 8 до сега.
 
Benzema: “Сакам да му се заблагодарам на Mоurinho за се што прави за мене со голови против Murciа. Секогаш ми помага да бидам подобар и сакам да возвратам позитивно на довербата која ја има во мене.“
 
Филе веќе почна со поезијата за Ел Класико... :pos:

Во радио емисијата заедно со серпико шо ја водат, филе рече дека е сигурен дека реал ќе отпадне од лш исто во 8мина финале и оваа година.
 
Според пишувањето на Marca, напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Форлан бил понуден на Реал Мадрид за 18 милиони евра
Интернационалецот од Уругвај по одличните перформанси на Светското Првенство, изминатово лето се поврзуваше со заминување од Висенте Калдерон.

Атлетико не сакаше да слушне за продажба на својата ѕвезда и напаѓачот остана во Мадрид.

Но Диего Форлан оваа сезона сеуште не може да влезе во топ форма и игра далеку под своите можности па се шпекулира дека Атлетико размислува за продажба на напаѓачот во јануари, потег на кој не се противи тренерот Кике Санчес Флорез.

Според денешното издание на Marca, Форлан веќе бил понуден на Реал Мадрид.

Весникот вели дека понудата не пристигнала директно од управата на Атлетико туку била презентирана од овластени посредници.

Се шпекулира дека напаѓачот на Реал му бил понуден за 18 милиони евра, двојно помалку од откупната клаузула но постои можност цената да биде дополнително смалена.
 
Во радио емисијата заедно со серпико шо ја водат, филе рече дека е сигурен дека реал ќе отпадне од лш исто во 8мина финале и оваа година.

Исто ко што беше сигурен и за Барселона дека ќе освои ЛШ и дека Аргентина ќе освои СП :icon_idea
 
Во радио емисијата заедно со серпико шо ја водат, филе рече дека е сигурен дека реал ќе отпадне од лш исто во 8мина финале и оваа година.

Да останеше Пелегрини или пак да донесеа некој друг бош тренер,да можно беше да испаднат,али сега со Мурињо нема шанси,играат добро,имаат млад состав,добра игра,го имаат најдобриот тренер,успесите се неминовни....
Дали ке почнат од оваа сезона или од другата ке видиме..
 
Исто ко што беше сигурен и за Барселона дека ќе освои ЛШ и дека Аргентина ќе освои СП :icon_idea

И дека Ибрахимович ќе биде најдоброто нешто во барса, па носеше во емисија кунг фу мајстори, кои можат да ги покажат ударите кои ибра ги прави во фудбалот а ги научил од кунг фу или некоја слична дисциплина.
Уствари ништо нема погодено до сеа.
 
Ivan Real Madrid vnimanie vnimanie od ovaa godina od narednive meseci nema da se emituva SPANSKA LA LIGA na niedna od makedonskite televizii ...t.e ni na ALFA TV PORADI KUPUVANJE NA PINK TV ...BARAJTE SI NA INTERNET ILI TIE STO IMAAT DIGITALNA TV ILI SATELITSKA

ова го имаше објавено еден од админите на страната Колку фанови има РМ во МК на својот ФБ
Знае некој нешто повеќе за ова???
 
Jас читав во весник дека иако Алфа сега е купена од Пинк сепак нема да има поголеми промени во програмата барем првата година,а за понатаму не се знае,и пишуваше дека сите започнати проекти ќе бидат завршени на Алфа како што се и предвидувало.Мислам дека и нема да им е од корист ако го прекинат преносот на Примера(а мислам дека тоа не е можно барен не оваа сезона,бидејќи имаат дадено пари за тоа) и тоа да го заменат со Гранд Шоу,Звезде гранда и уште што ти знам.
 
Според моите информации се е договорено...
Сител ги одзема правата за ЛаЛига..Договорено е во Белград..се очекува Ел Класико да оди на Сител
се очекува и потврда наредните денови...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom