Mourinho (Málaga 1 – 4 Real Madrid): Во првото полувреме играфме на поразличен начин. Екипата беше компактна. Cristiano и Di María играа од иста страна. Со 0-3 одлучив да внесам промени и да се вратам на стариот систем и екипата беше подготвена за таа промена бидејќи во претсезона работевме повеќе системи. За мене овоа беше комплетен натпревар, иако не ми се допадна голот на Málaga и морам да признам дека добро го изиграа тоа, но мојата екипа знаеше што треба да прави и ја знаеше стратегијата.
Разговаравме и се договоривме со претседателот, не е негативно ако си отворен да слушнеш други мислења, тоа е добра особина. Претседателот ме викна, ми објасни што значи тоа признание за Шпанците и за фановите да го имаат капитенот таму да го прими признанието, го почитуваме и кралот. И затоа донесовме заклучок да бидеме отворени. Тоа што е добро за сите madridistas е добро и за мене. Нека уживаат Шпанците во тој ден. Претседателот се сложи да се исполнат два мои услова, играчот да тренира тоа утро и во 20h да биде во хотелот за карантин. Ќе биде пратен приватен авион и Casillas нема да има ниедна друга активност пред и после церемонијата. Среќен сум што ја променив мојата одлука и што еден симбол на Real Madrid и на Шпанската репрезентација ќе биде присутен во Oviedo.
Casillas: Добро си ја завршуваме работата, созреваме со секој нареден натпревар, и се повеќе се вклопуваме. Сега доаѓаат сериозните натпревари и тука треба да се покажеме. Прво Milan, еден од оние натпревари кои секој играч сака да го игра и секој навивач сака да го гледа. Ќе одам во Овиедо, ќе биде тоа краток пат, сама да го земам признанието и одма се враќам. Mourinho ја сфати ситуацијата и сфати што значи таа награда за шпанскиот фудбал.
Xabi Aonso: Не ме изненадуваат ни Cristiano, ни Higuaín. Се зборуваше за некаква загриженост, но јас никогаш не се сомневав во нив. Добро и сериозно изигравме во одбрана. Задоволни сме, затоа што го контролиравме натпреварот во секоја минута. Против Milan имаме важен натпревар и ако ги освоиме трите бода дефинитивно одиме во следната фаза, но нема да биде лесно. Мило ми е што како репрезентација го добиваме признанието Príncipe de Asturias. Треба да направиме сите страни да бидат задоволени, не е важно кој ќе оди, важно е признанието.
Cristiano: Јас никогаш не кажав дека сум загрижен затоа што не можев да дадам гол. Тоа се работи на медиумите и го почитувам тоа, но јас никогаш не кажав такво нешто. Јас само работев за да ни оди добро на цела екипа и знаев дека моите голови ќе дојдат порано или подоцна. Среќен сум затоа што изигравме одличен наптревар. Тоа ни дава доверба за натпреварот против Мilan кога мора да ни иде добро и кога мораме да се квалифицираме за следната фаза. Ozil е одличен, но и останатите, Khedira, Pedro León…. задоволни сме од сите нови играчи.
Higuaín: Дадовме голови и среќни сме. Работиме смирено и тоа се рефлектира на терен преку играта и головите. Денес окажавме дека знаеме да дадеме гол и да играме добро. Секогаш се обидувам да дадам гол и да и помогнам на екипата, тоа е најважното.
Pedro León: Една ваква победа секогаш е добра, добар резултат и добра игра. Јас бев смирен цело време, знаев дека тренерот верува во мене. Ништо не изгубив, продолжив да работам како и секогаш и имав среќа и ме повика за денешниот натпревар. Имам одлична соработка со Mourinho, приказната заврши од дамна.