Прв официјален работен ден за Мурињо во Реал Мадрид. Ќе дојде да заврши некои работи, па ќе оди на одмор до 10 јули.
Ќе се запознае лично со Каранка со кој ќе ја состават листата од 21 играч со кои ќе играме оваа сезона. Ќе се запознае и со одговорниот на младинските екипи Рамон Мартинез и ќе бара посебен извештај за работата на некои младинци како Родриго, Сарабија, Маркос Алонсо...
Тренинг центарот Валдебебас веќе функционра според правилата на Мурињо. ВИП зона за најблиските луѓе на играчите повеќе нема, сега ВИП гости се самите играчи. Делење автограми на Валдебебас исто така нема да има.
Повторно ќе почне да функционира Мадрид-ТЕЦ, центарот за специјална физичка подготовка на играчите и превенција од повреди.
Во претсезона ќе се играат три натпревари во САД (едниот против Лос Анџелес Галакси) и три во Европа (едниот против Баерн Минхен) и ќе ја завршиме сезоната со Трофејот Бернабе.