Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
абе кај се игра 2-2 на куп натпревар глеас не им се ни игра со 2 состава играат , купови само на голови се играат

иначе интересно беше 1 полувреме неколку шанси 90% не беа баш стопроцентни освен на албиол последнава

и еве за кој сака да гледа екстра стрим и плус коментар на англиски http://www.sportztv.net/

--- надополнето ---

а Мамаду добар си е бе шо му фали пола он пресече контри , само он игра задни-везњи

и јас најдов vamosreal да го слушам за совет :pos:
 
Гледајте на светлата страна. Лани и оломнани изгубивме, годинава нерешено. Одиме нагоре !! :pos:
 
Тие што гледавте, како изиграа замениве (Албиол, Диара, Гранеро, Каналес, Леон и Бензема)?
 
Да сум Мурињо,следниот натпревар место Касиљас би го ставил Бензема,па така ке имаме двајца напаѓачи две крила и тројца од средниот ред...и така немаме никаква корист од Касиљас :)
 
Бензема - дрво
Мамаду - даска
Каналес - се труди детето ама слабо одигра оваа утакмица ништо посебно не направи
Гранеро - имаше некои добри потези,освен пречката не направи ама баш ништо посебно...и да...беше нашиот главен организатор на играта со Мамаду.
Албиол - просек
Леон - кое е типчево? од каде тој во Реал?

^

Сега малку поозбилно!

Бензема - Не го видов многу многу да се интересира за неговиот статус. Пробуваше некои дриблинзи во 16сетникот ама без успех. Еден поништен гол поради офсајд. Толку од него не очекувам дека ќе остане во белиот дрес многу време.

Мамаду - Главен кандидат за напуштање на Реал. Еден пас неуме да направи како што требаа...напред што одат пасевите одат највеќе неколко метри...назад ги враќа се високи топки и ги става дефанзивците во незгодна ситуација кога се под пресинг. Плус на неговата позиција имаме поквалитетни играчи.

Каналес - Детето има потенцијал ама не е фрст тим матиријал. За некоја година со Озил ќе се наптреваруваат за место во првиот состав но сега е светлосни години позади Озил и евентуално Кака( Ако не си замине ). Обевезно позајмица во Јануари да не му стагнира развојот...и да си остане само надежен талент.

Гранеро - Секоја чест дете од кантера да успее да стигне во првиот тим...но кај него како да згасна оној талент...оној жар со кој играше двете сезони во Гетафе и првата половина од минатата. Ова е една бледа копија на некој просечен играч од клубови како Мајорка или Осасуна. Се надевам дека ќе успее да се оправи некако. Иначе за клупа е одличен. Оваа утакмица играше многу со топката и не се снајде најдобро....а ни противникот не му дозволи да си создаде простор да игра како што знае и умее.

Албиол - Добро изигра оваа утакмица не беше којзнае колку лош. Солиден бек како замена на Карваљо и Пепе кои се далеку пред него во секаква смисла на зборот централен дефанзивец .

Леон - Дали играчов беше желба на Мур или едноставно управата го донесе без да се консултира со Мур. Тотално изгубен ми делува. Нити поседува некоја брзнина,нити удар,дриблинг...катастрофа центаршут. Делува загубено тотално разочарување оваа утакмица.
 
Фала ви на двајцата, некако анализава очекувана.
Мислев дека Леон ќе покаже нешто барем да биде солидна замена, но далеку од очекувањата.
Каналес мислам дека му треба повеќе минутажа со првиот тим, колку за искуство, но не е тој крив што тука е Озил.
Албиол доволно да е просечен
Гранеро и нему мислам дека му фали повеќе минутажа за подобри резултати
Мамаду и Бензема нека си ги пакуваат куферите.
Мамаду колку се покажуваше отслужи нешто во тимот, но сега нема место ни за замена. Бензема дрвово барем да покажеше нешто, некаква игра, вака ни за замена не го бива.
 
искрено можевме да тепаме 2-3 гола разлика имавме шанси поготово на Леон од слободниот на Ронладо, и у прво у 45 минута Албиол од пред 2 метра ја лупна над гол
имаше шанси, али искрено мислам дека Мурињо заеба со тактикава со еден шпиц и 5 у средина, а средината беше у ПМ густо населена овие Мурсиа со 7 у одбрана - 2 средина и еден чат-пат трчаше напред
плус после тоа го вади Бенз и го тура Игуаин на негово место требаше да извади некој од Гранеро, Леон, Каналес и на крај како конечно се заеба шо го извади Гранеро и го става Кедира место него
според мене требаше ги стави понатака Ди Марија место Гранеро, Игуаин место Леон и да игравме со 3 шпица Роналдо---- Игуаин ---------Бензема
Ди Марија----------Каналес

ама ај ЈБГ ќе ги растртиме дома
 
A како би ја пробиле средината со напаѓачи !? Значи еден шпиц имавме (ова имавме сметам откако влезе Игуаин), и неможевме да пробиеме, а камоли двајца да седеа у шеснаесетник.

Проблем беше што имавме само едно крило, Роналдо кого му ебаа матер овие, а Леон изгуби 34256 топки.... ваквиве екипи само преку крила и со центаршут или шут од далечина се пробиваат...
 
^Хмм.. па не сум баш сигурен дека имавме напагач и откако влезе Игуаин, дечко не направи ништо подобро од Бензема. Се виде дека фалеа Ди Мариа и Озил. Откако влезе Ди Мариа играта доби на динамика. Иначе Педро Леон дечкото се трудеше али премногу себичи, незнам дали сака да му докаже нешто на Мурињо али премногу себичи.
 
Бензема џабе ломоти по емисии и по новини дека ќе се бори да докаже дека е играч за во Реал, поголема мрза од него немам видено. Се влече по терен, тотално незаинтересиран. Нека дојде Јануари и одма продавање, или евентуално позајмица.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom