Синоќа ми се спиеше, сабајле у школо, еве сеа една детална анализа од мене за синоќешниот натпревар.
Вака последен пат задоволен од Реал Мадрид не сум се чувствувал од натпреварот со Севиља (3-2). Секоја чест на момците, а сега и за секој играч по некој збор.
Касиљас - Без работа, одбрани еден зицер, секоја чест за тоа.
Рамос - Во офанзива не му идеше. Некои топки ги праќаше кон средината, кои воглавно беа пресечени. Тоа поготово се забележа во првото полувреме кога многу грешеше, па во второ полувреме освен за оној пас кон Ди Мариа за голот на Игуаин, не одигра ништо друго офанзивно. Дефанзивно феноменален.
Пепе - За мене еден од најдобрите синоќа. Колку само одземени топки без прекршок. Смирен во секоја ситуација, знае што и како треба. После таква тешка повреда се врати уште подобар...
Карваљо - Солиден. Освен она лошо враќање на топката кон Касиљас, се беше на ниво. Често ја изнесуваше и топката напред. Нешто што правеше и Лусио во Интер.
Марсело - Како овој играч ме воодушевува од натпревар во натпревар... Одигра сјајно, имаше сјајни продори, активен на теренот, добар во офанзива, уште подобар во дефанзива, нека биде пола од Карлос јас сум задоволен, а на добар пат е да биде. Покрај тоа, и вистински мадридиста е, се бори до крај, к
ако се обиде оној гол со рака да го одбрани.

Кедира - Солиден, си ја вршеше својата работа. Не знам зошто Мурињо го извади на полувреме, се надевам дека не е повреда.
Чаби - Не знам што да кажам... Дефинитивно за мене е еден од најдобрите дефанзивни играчи во средниот ред во цел свет. Многу одземени топки, многу пасови низ средината и кон нападот. Колку е само паметен, тоа е неверојатно, како само размислува, и на каков начин само го слуша се она што ќе му го каже Мурињо, неверојатно, немам зборови. Дефинитивно се исплати секој цент што го дадовме за него.
Ди Мариа - Исто така добар, имаше неколку непотребни солирања, но сеедно, многу добар натпревар, задоволен сум од него. Асистираше, а голот што го постигна вреди да се погледне повеќе пати, каква мајсторија. Изгледа едноставно, но од таа ситуација е многу тешко да се погоди. Полека доаѓа и тој на својата игра.
Озил - Ако за 3-4 години не биде најдобар играч на светот, да ми ебете матер сите. :icon_mrgr Имам чувство дека Мурињо му кажал што точно требаше тој да прави на синоќешниот натпревар, и тоа го направи на најдобар можен начин. Разигруваше цело време, асистираше, постигна гол. Навика му стана Бернабе да го напушта со стоечки овации.
Роналдо - Доаѓа и тој на своето. Првиот гол сјаен, таков одраз при скок не може да направи ни еден друг играч на светот, а после она славење, со каква страст тоа го прослави, се гледа дека сон му е да постигнува погодоци за Реал Мадрид. Општо играше на сјајно ниво, гине на терен, се бори, трча, едноствано беше беспрекорен. А после и вториот гол, каков само соло продор, секоја чест.
Игуаин - Ми се чини дека во натпреварот влезе многу опуштен, не беше оптеретен со тоа дека не може да постигне гол. Играше нешто поповлечено, доста трчаше, гол, пасови, прекрасна асистенција, па плус и со лева нога... Браво мајсторе, ваков сакаме да те гледаме.
Лас - Влезе на полувреме место Кедира, не изгуби дуел. Напред не му идеше, а и немаше потреба од тоа. Доста е поагресивен од Кедира, знае да направи фаул, да одземе топка..
Гранеро - Не ни го забележав.
Хуан Карлос - Секоја чест за Мурињо за овој потег. Го имаше Бензема на клупа, но имаше и резултат па му даде шанса на младичот. Дечкото беше награден со огромен аплауз кога влезе во игра. Не покажа ништо посебно, приметив дека е брз, и дека во секој дриблинг влегува без комплекс против противникот, во стилот "ако поминам поминам".
Што да се каже после ваква победа. Сите заслужуваат пофалби. На неколку пати и од трибините се слушаше Пута Барса. Браво и за Мурињо, се гледаат одма резултатите после затворените тренинзи.
Одлично и што се одлучи да му даде повторно шанса на Игуаин, се надевам дека ова не е само блесок. Мислам дека на лошата реализација и дојде крајот...