Mourinho (02.10.10 - press):
Задоволен сум од натпреварот против Auxerre. ЛШ е поинакво натпреварување. Во првата фаза имаме 6 натпревари и ако изгубиш еден можеш само да си го искомплицираш патот.
Играчите стануваат недопирливи поради самите нив, преку нивната работа и за време на натпреварите. Во овој момент, Cristiano е недопирлив не се дискутира за неговото присуство на натпреварите. А гол ќе даде сигурно, Во време на конструкција на екипата треба да се задржат основните принципи, а Cristiano е добар пример за тие принципи.
Ако почнам да кажувам за коипринципи станува збор ќе треба да зборувам саат време само за тоа. На
кратко: амбиција, дисциплина и солидарност. Cristiano и многу други ги претставуваат овие принципи. Да беше само Cristiano јас ќе бев веќе мртов.
Немам коментар за Pedro Leоn....
МАлку читам, а не слушам ништо од тоа што се зборува за мене. Ќе се изморите.
Вчера ручав со претседателот и на него му кажав се што мислам. На вас немам зошто да ви кажам, ни за обновата на договорот на Pepe ни за ништо.
Неме грижи тоа што сите се фокусираат кон мене, а не кон играчите. Има луѓе што зборуваат за мене само колку да се појават на ТВ или во некој весник.
Мислев дека прашањето за затворените треинзи ќе биде прво. Восептември им дозволив на медиумите да видат 5 комплетни тренинзи, што значи 450 минути и други 10 тренинга каде што медиумите беа присутни по 15 минути или вкупно 150минути. Што значи 600 минути, 10 часа отворен тренинг. Имаше 16 пресконференции, 7 мои, и другите на Casillas, Cristiano, Higuain, Xabi, Granero, Khedira, Carvalho, Arbeloa, Benzema. Идадов 6 други прес конференции после натпреварите исто така и Benzema, Xabi, Ramos, Pepe. Кажете ми во која друга екипа во светот го прават ова? Real Madrid е фантастичен клуб и сакам така да продолжи да биде. Далеку се моите намери од тоа да го оддалечам клубот од очите на јавноста.
Deportivo е уште една екипа. Не е инфериорна на оние кои имаат 8 или 9 или 10 бодови. Не е последна екипа.
Ќе зборувам за екипа во конструкција и во наредните 5 или 10 месеци, година или две. Екипите секогаш се во перманентна еволуција. Задоволен сум од овој прв дел. И само ако дадевме по еден гол на оние два натпревари, а имавме шанси за тоа, ќе зборевме за 5 победи на 5
натпревари и две од две во ЛШ. Ви зборувате за криза за гол и го разбирам тоа. Играчите треба да бидат смирени за да го сфатат тоа. Сега има поважни работи од тоа дали ќе се даде гол или не. Сега треба да се уцврстат темелите, тактички и технички и играчите мора да знаат дека тренерот е со нив. И има играчи кои ќе останат овде додека јас сакам, а не затоа што медиумите или некој друг сакаат.
Тревата е убава. Веќе ја нема таа грда слика, но потребно е време за да биде одлична. Треба да чекаме уште 15 дена.