Mourinho (23.09.10 - InformeRobinson):
Со Bobby Robson изградив многу добра врска од која извлеков многу позитивни нешта.
Кога стигнав во Chelsea сите ме прашуваа кој сум и што ќе направам во Chelsea, ми поставија многу прашања, но јас само кажав дека сакам една шанса да работам.
Не сакам да мислам на тоа дали Barcelona е загрижена затоа што јас сум на клупата на Real Madrid, они зборуваат за мене, Не постои интервју на играч на Barcelona без да ме спомене. Они ме прават значајна личност.
Кога се гледам на телевизија, не сакам да се гледам, зошто правам некои работи што кога би имал време да размислам не би ги направил. Мислиш дека не би требало да и кажеш на публиката да замолчи. Мојата сопруга не е вљубена во “специјалниот“ и не и се допаѓа тоа што значам за луѓето во фудбалот. Не и се допаѓа нејзиниот живот, ни животот на нејзините деца поради тоа што јас значам во фудбалот.
Кога Motta доби црвен картон играчите на Barcelona кои беа на клупа скокнаа од радост како да заврши натпреварот, затоа му се доближив на Pep и му кажав дека мисли дека е лесно, ама натпреварот се уште не е завршен.
Кога губиме, јас сум губитникот за надворешниот свет, но во соблекувална јасно и гласно го посочувам виновникот.
Со Real Madrid сакам да направам екипа согласно целите и традицијата. Сакам да победувам со офанзивен и квалитетен фудбал. Јас сакам да ја имам топката, но треба да знаеш како да ја добиеш и да знаеш што да правиш кога ќе ја изгубиш. Затоа понекогаш е подобро да ја имаш топката помалку. Сите зборуваат за некој многу убав фудбал, но тој убав фудбал нема врска со организацијата на екипата, а мојата е екипа е добро организирана.
Го оставив Inter за да дојдам во Real Madrid, затоа што не се плашам, ми беше потребно нешто ново, убаво и тешко. Сакам да бидам првиот кој ќе освои се во Италија, Англија и Шпанија и првиот кој ќе освои ЛШ со три различни екипи.
--- надополнето ---
Mourinho (24.09.10 - press): Се до последниот ден титулата е на Barcelona. Ние мораме да мислиме на тоа како да собереме многу бодови, не знам колку, но сигурно ќе ни требаат многу. Особено ако некои екипи кои играат против Barcelona и поклонат некој натпревар, мислат дека не можат да ги победат и играат со својата втора екипа. Ако тоа се случи повеќе пати, ќе биде потешко да бидеме шампиони.
Плус сигурно ќе има екипи кои ќе бидат кандидати за титула и ќе ни создадат проблеми. Се уште не сме имале лесен натпревар.
Шишето што го фрлив на минатиот натпревар беше пластично и празно. Не сум глупав. Не беше ништо опасно. И не му се налутив на Ramos, туку на сите кои ги правеа комплицирани, едноставните ситуации. Ramos е топ играч, со топ менталитет. Зборувате се и сешто, но јас со моите играчи имам многу добра и позитивна релација. Тоа им дозволува на луѓето да зборуваат во лице, да критикуваат. Живееме мирен живот, а играчите се задоволни затоа што не им барам ништо од другиот свет. Точно е дека на некои играчи не им се допаѓа карантинот кога играме дома. Тоа се 4 или 6 играчи, но не е проблем. Во овој заеднички живот што го живееме сите се согласуваме и ги решаваме проблемите.
Јас сум никој за да ги контролирам приватните работи на играчите. Не ме загрижуваат социјалните мрежи. Пред 20 години тие не ни постоеја, но денес се користат многу. Се зависи од личноста на човекот. За мене е невозможно да имам facebook или twitter, но тоа е моја одлука. Само барам од играчите да знаат што треба а што не треба да објават. Очекувам ниеден од нив да не напише дека е среќен затоа што утре ќе игра.
Имаме одлични луѓе кои се грижат за тревата на Bernabéu. НЕ сум видел попосветени, поквалитетни и попрофесионални луѓе. Тој човек долго време беше најдобар во Premier League. Тоа што се случи на тревата на Bernabéu не е негова вина, туку на природата, на некоја си габа која е невозможно да ја контролираш. Во Италија лани многу терени беа никакви. Не сакав да критикувам. Ми кажаа дека решение е да се смени тревата и тоа мора да биде во овој период кога не играме на Bernabéu, тоа беше одлука на клубот а не мое барање или на играчите.
Не е фундаментално сега да бидеш лидер, но повеќе сакам да сум лидер. Не е драматично и да не бидеш, но границата за грешка во тој случај е многу помала. Кога конструираш екипа победувајќи, имаш поголема доверба. Кога сме први читаме многу весници, кога не сме не ги ни купуваме.
Ми се допаѓа како работи Benzema и како игра и покрај тоа што играше многу малку минути. Заслужува повеќе од тоа. Разбирам дека неговата шанса ќе дојде и мора да ја искористи. Сега е поотворен дечко. Верувам во него повеќе отколку пред еден месец. Се поблиску е до менталитетот кој јас го имам како тренер.
Задоволен сум од екипата и од Higuaín. Имаше криза, а всушност веќе има дадено гол и во ЛШ и во Liga. На некои им требаат 6 месеци за да излезат од таква криза. Нема зошто да го жртвувам него за да игра Benzema. Во претсезона игравме 4-4-2. Против Osasuna веќе играа заедно, а лошата игра не е нивна вина.
Додека бев во Англија сите купуваа играчи и беше многу силна лига, сега не е. Екипите не се исти. Во Италија е потешко. Секој натпревар е многу комплициран поради тактиката, која е над техниката и естетиката. Во Шпанија има од се по нешто, екипите сакаат да играат, но и да се натпреваруваат. Постои разлика меѓу тие на врвот и тие на дното од табелата, но Hércules ја победи Barcelona и Real Sociedad можеше да ни земе бодови. Сите знаат што играат поради квалитетот на играчите и тренерите и барањата на публиката.
Можат да се направат промени во календарот. Ништо не се менува ако ставиш тројца или четворица нови играчи. Кога играш без голем посед на топка и агресивно, како ние, се трошиш физички многу, што значи мораме добро да го окупираме теренот и да ја чуваме топката.
Има играчи кои поради своите карактеристики тешко можеш да ги промениш или е подобро да не ги менуваш. Има тренери кои викаат дека еден централен напаѓач треба да биде егоист, затоа што неговата контрола на топката секогаш е кон гол и голот секогаш е во неговата глава. Тоа е позитивен егоизам и е карактеристичен за оние кои постигнуваат многу голови. Освен тоа, за да бидеш егоист мораш да имаш квалитет и нашите напаѓачи тоа го имаат. Но пасот на Cristiano кон Higuaín против Espanyol и прегратката се се само не егоистични. Cristiano со 3-0 во наша корист и во последна минута отиде да брани корнер на истиот тој натпревар.