Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Глеате сеа како требаше да играат Снајдер и ВдВ? :tv:
Па Снајдер уз Мурињо сите знаеме како изигра, ене го, главен кандидат за Златна тoпка е.
За ВдВ не коментирам, али за Снајди под капа на Мур друга ке беше сликата и во Реал, самиот кога дојде тука рече како можеле да продадат таков играч за таква сума. Друго е кога Шустер ти е тренер, друго е кога '' специјалниот '' ти е тренер.
 
A што му фалеше на Снајдер пред да се повреди у Реал !? Ај немојте пак со тоа...

Едино мене ме плаши одбраната... Досега немаме примено ниту еден гол, ама и немаме играно со екипа која има заебани крила и напаѓачи. Таа левата страна кај шо е Марсело уште ми е ризична. Сега за сега добро се покажа, ама му нема дојдено некој "Хесус Навас" тип на играч за да можеме да бидеме сигурни дека и таа дупка веќе е покриена.

Исто. Уште не верувам дека Марсело може да се справи со некое надпросечно крило. Али тогаш може да се употреби Арбелоа, при Озил и Ди Мариа/Роналдо нема толку да требаат офанзивните продори на Марсело. Арбелоа може да игра ко вчера, само да чека у одбрана. Сеа нормално треба да игра на ниво, а не и тој да греши... Али ќе се снајде Мурињо! :)
 
браво за Нас а посебно за Озил:)
како што се сеќавам по други фан клубови одамна го прогласија Озил за промашување,ама после овие 2 утакмици па и онаа со Мајорка воопшто не изгледа така

Кај се сега тие кои велеа дека е големо промаршување а а ?? :)

Озил досега во две утакмици блеска,пред да ја прими топката знае каде да ја подаде,од него очукувам уште многу во дресот на Реал Мадрид.
 
И ја да пишам нешто...
го делам мислењето на повеќето дека ова е најдобриот меч на Реал последниве 4-5 години, вака треба да игра овој тим, ова е вистинскиот Реал
Константен притисок во текот на целиот меч, безброј шанси, шутеви кон противничкиот гол, одлична игра на средината и малце работа за дефанзивците. Нема да кажам перфектно зошто секогаш може подобро.
Посебен кеиф ми прави тоа што Касиљас имаше само една интервенција што не беше случај минатите сезони кога тој беше единствениот кој со неверојатни интервенции не вадеше во одбрана

П.С. Озил бе брат....:)
se_klanjam.gif
 
Па Снајдер уз Мурињо сите знаеме како изигра, ене го, главен кандидат за Златна тoпка е.
За ВдВ не коментирам, али за Снајди под капа на Мур друга ке беше сликата и во Реал, самиот кога дојде тука рече како можеле да продадат таков играч за таква сума. Друго е кога Шустер ти е тренер, друго е кога '' специјалниот '' ти е тренер.

Околу тоа како ќе играше во Реал под Мурињо може да дискутираме само во граници на претпоставки, јас стојам на тоа дека Снајдер не беше играч за Реал, не му одговараше играта на Реал, во никој случај. И не беше проблемот шо го продадија, туку шо го продадија без да донесат права замена, само осакатен Кака и просечен ВдВ.
Озил засега изгледа како правото нешто.

A што му фалеше на Снајдер пред да се повреди у Реал !? Ај немојте пак со тоа...

Па се повреди, не умре па да не може да игра, толку го биваше та...

Чисто компаративно ги споменав, оти и двајцата беа плејмејкери и донесени да го прават токму тоа што Озил го прави во овој краток период, не можам да опишам да ти доловам колку далеку беа од такво нешто ако сам не можеш да забележиш.
 
Млада верзија на Гути, но која ке трча насекаде од теренот. Го зборев ова, во секој пост кога зборував што фали во тимов.
 
Млада верзија на Гути, но која ке трча насекаде од теренот. Го зборев ова, во секој пост кога зборував што фали во тимов.

Каналес е Гути втор дел, додека Озил ти е Зидан, тоа го имам пишано неколку страни наназад, а мислам дека и Манга се сложува со тоа . :)
Макар што секој играч си е приказна по себе, ова ти се муабети напразно :smir:
 
Млада верзија на Гути, но која ке трча насекаде од теренот. Го зборев ова, во секој пост кога зборував што фали во тимов.

Млада верзија на Зидан со швабски менталитет.
 
Озил е единствениот играч во поново време кој на првите два натпревари на Бернабе бил поздравен со такви овации. Добро, можеби и Роналдо дебелиот кога на дебито постигна два гола против Алавес, но да играш на позицијата на Озил е далеку потешко, па затоа мислам дека апсолутно си ги заслужи тие овации.
 
И снајдер и вдв почнаа фуриозно. Се сеќаваш
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom