Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата bowl
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Да не го тупам многу, заслужена победа, одлична игра во секој поглед, Раул конечно даде гол, Роналдо педер зошто не му овозможи на Игуаин да постигне хет-трик, и то.. Честитки за победата. :helou:
 
Што да се каже друго освен, ГАЗЕЊЕ?! :) Браво за играта, заслужена победа.

Него да му купиме на судијата едни цвикери, како оние Бабчо на К-15 што ги носи што викате? Да му ебам племето!
 
Одлична победа...ова ти е начекај па удри :icon_lol: ѕверови, ѕверови нема друго што да кажам. Следни пациенти Севиља :pusk: ПОЗЗ МОМЦИИИИ
 
Oдлично. Кака Игуаин Роналдо ВДВ везат. Нека ја задржат формата барев во следните два клучни натпревари во сезоната.

http://sportdenes.com/index.php?opt...16-21-39&catid=5:2009-12-26-20-24-54&Itemid=7
што викам јас вдв внесува свежина во играта активен е добри пасови дава,нафрлања,гранеро не ни го видов денес
 
Честитки за петардата...
Добра игра, не сум презадоволен од одбраната, не треба на вакви играчи да им се дозволува да влегуваат во шанси, но што е тука е, на ваков натпревар со 5 постигнати голови тоа и не се приметува. Игуаин, за дечкото нема потреба да зборувам, има потенцијал да стане најдобриот шпиц на светот (веднаш по Ил Феномено), головите му беа мастерпис, а пречката што ја погоди кога проба да го лобува голманот - само со два потега го направи тоа - фантастичен е дечкото. Немојте ве молам повеќе од фан на Реал Мадрид да слушнам дека Кака не играл добро, човекот ја држи цела игра на тимот во неговите нозе, тоа што постигна гол е нешто како гратис :) .
Хала Мадрид
едит: Браво за Раул!
 
што викам јас вдв внесува свежина во играта активен е добри пасови дава,нафрлања,гранеро не ни го видов денес

Па различна функција имаа. Мада јас бев за стартер да биде ВДВ денес, Гранерчо супер си завши работа.

Коа ќе играме поофанзивно ВДВ
 
Па различна функција имаа. Мада јас бев за стартер да биде ВДВ денес, Гранерчо супер си завши работа.

Коа ќе играме поофанзивно ВДВ

Јас сум тој да е секогаш стартер, нешто вака

..................Икер......................
Рамос...Гарај....Албиол...Марсело
...............................................
..................Чаби......................
.....Ласс....................ВдВ..........
.................Кака.......................
..................................Роналдо.
..................Ел Пипита...............

Со што Роналдо цело време би ги менувал страните, а Гранеро би влегувал накај 70мин. или би бил стартер со послабите тимови...
Но, се останува на Пелегрини, тој си знае што прави, барем се надевам ;)
 
Марсело ѕверска утакмица одигра.
Игуаин "златната нога" дај му топка и 90% гол дава.
 
Па па па па па... фифа стрит си играа вечерва. :tv:

Честито победа, одлична игра.
Сите на ниво, а особено Кака. Супер натпревар за него, цела игра ја држеше со Чаби.
Роналдо... мрзам кога вака се себичи. :icon_evil
Играта со ВдВ во тим е многу побрза и поопасна за противникот.
Проработеа и повторно центаршутите на Рамос кон офанзивците.

И да.... Finally....the LEGEND scores... RAUL!!!!! :vozbud:
 
Одлично второ полувреме, многу напади, многу шанси за гол. Одлично одиграа сите, на Св. Икер уште еднаш му симнувам капа, спаси ама баш се што требаше и можеше да се спаси, а голот што го прими (од виша сила) ќе оди на душа на судијата.
Честитки за победата, први сме во Примера, .....барем за момент :smir:
 
Игуаин е млада верзија на Милито, убица е, мислам дека нема резон да ја труете темава во иднина со Торез, Руни, Виља и остали, голема грешка ке биде тоа на управата ако во иднина донесат играч од ваков калибар кој ке го гуши потенцијалот на Игуаин.
 
Игуаин е млада верзија на Милито, убица е, мислам дека нема резон да ја труете темава во иднина со Торез, Руни, Виља и остали, голема грешка ке биде тоа на управата ако во иднина донесат играч од ваков калибар кој ке го гуши потенцијалот на Игуаин.

Па мнозинството фанови го имаат тоа мислење... али не и Перез :jaj:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom