Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата bowl
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Они ни се редовни пријатели(им одзимаат бодови на комшиите нивни) а после ни се редовни пациенти (цело време ги плескаме) Нема да биде многу лесен дуел, но ако излеземе со сличен состав, со мала измена, и расположени играчи, без проблеми би типувал на дебакл.
 
Мислам дека ќе има промени.. Би требало да бидат спремни Лас и ВдВ, а можно е и Игуаин. Mада, и батињата од некни знаат да ни го разубават денот :)
 
Јас навистина незнам што се случува во фан клуб барселона...понекогаш се збунам..и се прашувам..дали влегов во фан клуб барса или РЕАЛ МАДРИД !!! ... погледнете им ги последните 3-4 страни...поточно..после победата над депортиво .. хахаха...дали се исплашија џуџињата од каталонија..и ја бараат пепелашка или незнам што е работа
 
Момци оваа година титулата во Ла Лига е наша па шо сака нека биде!!! Чим го тепаме Депортиво во гости,наша е!
 
Среќен празник на сите членови од Шпанска Фудбалска Федерација!!!!
 
Ајде среќен празник срцкииии:back: Да си го славите уште долго, долго, долгоооооо....:back::back::back:
 
Ајде среќен празник срцкииии:back: Да си го славите уште долго, долго, долгоооооо....:back::back::back:
завидуваш што вашиот е еден месец покасно, у се сте заостанати ви девојчињата? бај д веј со кој играте следно коло ?
 
завидуваш што вашиот е еден месец покасно, у се сте заостанати ви девојчињата? бај д веј со кој играте следно коло ?

Не бе златен ич не завидувам...нема на што ти текиња:wink:
 
http://www.sportal.rs/news.php?id=20078

Незнам колку е точно и дали навистина Валдано го изјавил ова, ама ако го изјавил секоја чест. Мораше некој јавно да го искритикува Пелегрини затоа што не пушти ниеден од младите против Депортиво.
 
Точно е тоа, имаше пред некоја ден низ шпанските весници.

Али јас застанувам на страната на Пелегрини. На стадион на кој немаме тепано 19 години, Пелегрини успеа со тој состав да тепа. Да не ни дадеа гол на крајот, сигурно некој ќе добиеше шанса, вака според мене, добро направи Пелегрини, не ризикуваше.

Еве на пример, ако пуштеше некој млад играч во 75 минута, и еве за 5 минути примаме гол ? Па знаете ли колкав притисок ќе имаше врз тој играч, затоа што прв пат игра со тие играчи, и прв пат чувствува таква атмосвера. Според мене некој од младите треба да добива шанса кога играме со ептен лесни противници (Ксерез, Тенерифе..), во вакви натпревари преголем е ризикот, иако од наша страна гледано тоа не изгледа така.
 
Во 80-та минута требаше да пушти некој од напаѓачите место Бензема. Нема што да биде товар за играчот и доколку примевме гол. 0-2 имавме, напаѓач е не е дефанзивец. Башка да не беше пеналот Депортиво немаше ни гол да дадат, не се ни доближија до Касиљас. Премногу беше очигледно дека ќе тепаме, не викам дека неможе да се случи некое изненадување, ама при толкав посед на топка, Депортиво неможеше да излезе од своја половина...Во ваква утакмица ако не им се даде шанса незнам кога. Секоја чест за МП, не викам не...ама добро кажа Валдано, можете да замислите како се чувствувале после тоа децата. Од 7 измени имавме 4 младинци...и сите очекуваа дека барем 2-ца од нив ќе влезат во игра, а излезе дека ниеден не влезе. Пред се психички може да се одрази ова на нив...Спомна ти против Ксерес и сл. требало да ги пуштаат. Ние имаме 25 играчи кои се класа, и едноставно понекогаш нема место за натпревар и за нив, а камо ли некој од младинци да се викне. Ова им беше можеби и единствена шанса да покажат што знаат, затоа и толку ме налути што МП не ги пушти во игра.
 
Затоа ќе ви отидат па после ќе плаќате за нив милионски суми :tv:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom