Фан клуб: Рафаел Надал

  • Креатор на темата Креатор на темата bobi2008
  • Време на започнување Време на започнување
6-4 6-4 6-2 Лопез down :vozbud:.Следен меч против чехот Бердих па ај како што им појде на чесите во ракомет со нас така и у тенисот да им биде:pos:

Ако нема никакви изненадувања Федерер го чекаме во полуфиналето демн, ке мора машка игра тука пак како во 2009 финалето и уште еден 5сетер предвидувам...
 
Хм... Интересно ќе биде, Дел Потро-Федерер, како и да е, кој и да победи нема да биде лесен во 1/2 финале. Инаку од Хјуит очекувам да направи нешто повеќе против србинот.
 
Го гледав првиот сет на Рафа вчера. Супер одигра, макар што мислам дека Лопез и не му е некој сериозен противник спрема кој може да се суди дали си ја подобрил играта. Досега нема загубено сет, така да засега ги меле противниците. Драго ми е што е така, за да ја крене својата самодоверба на посакуваното ниво.

Туку честитки повторно за Федекс. 1000 победи! Да му се множат:cuc:
 
Вчера Лопез спаси некој гем благодарение само на неговиот прв сервис и на брзите поени. Во секој еден поен ако се влезеше во размена поголема од 5-6 разменувања Лопез го губеше поенот. Надал играше солидно со исклучиво висок ппроцент на уфрлен прв сервис и мислам дека имаше податок од 80% освоени поени на прв сервис. Како и да е, тоа што нема загубенио ниту еден сет и без некои поголеми проблеми стигна до тука му ја враќа самодовербата и желбата за надигрување.
 
Гледа некој со Бердих бе? Му го поклони првиот сет, во последните 2 поена кога требаше да го освои сетот зезна работа.Втор сет при водство од 5-3 и сервис за сет дозволи да се врати чехот и во тај брејк и овој сет отиде :tapp: не ми се верува како може вакви работи да си дозволи
 
Не му го поклони тој, него судиите му го поклонија на Бердих. При очигледен аут Рафа застана и побара Челинџ, а судијава на удрен се праеше. И После тоа следуваше сет топка за Бердих, кој со Ас удар го зеде сетот
 
Третиов сет ке биде клучен за мечов, мора да ги зима посигурно неговите сервис гејмови.Да не дозволува Бердих да дојде до шанса
 
Сервисот негов не ми е сигурен, ама ајде нека издржи неколку гејма и да го доврши овој сет до крај.Со 2-1 во сетови друго ке биде после

Чист сервис гејм за 5-3 браво мајсторе.Ајде сега брејк еден за уште подобра завршница на третиот сет :vozbud:
 
Мајко моја судииве се катастрофа. На секој натпревар што го гледав правеа по некој потег со кој ги вадеа тенисериве од патики.
Како и да е. Јас сум задоволна од Рафа, земаше добри поени. Претстои фантазија од меч, кој за мене е налик на финале. Обожавам да ги гледам еден против друг со Федерер. Само нека го играат во разумно време, инаку со репризи ќе се тешиме:)
 
Мечов не го доглеав баш кога почна Рафа да гази...јбг со Федерер ќе се гледа па што сака нека, конечно после долго време уште една класика, се надевам на овој натпревар на стариот Рафа и уште едно плескање.:)
 
Во глобала од досега прикажаното на АО, гледам желба и пасија за игра на Рафа. Можеби играта не ми е највисоко ниво, како пред 2 години, но има жар во играта, и тоа како... Мислам дека може да се носи против Роџ, но дуелот на двете легенди е класика. Се надевам на добар тенис, кој несомнено ќе го има, 100%. Станувањето во 09 30, сигурен сум дека ќе вреди (ако се стани, нормално)


Vamos !!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom