Фан клуб: Рафаел Надал

  • Креатор на темата Креатор на темата bobi2008
  • Време на започнување Време на започнување
Паузираше некои турнири и почна после да освојува..али Дел Потро не е Надал :) добар играч е ќе се опораи и он..
 
Лесна Победа на Надал..Вердаско изгуби од Бекер..Следна На Надал со Кукушкин..
 
Утре: 14:00 часот.
Nadal R.(Esp) - Kukushkin M.(Rus)

И овој ке биди лесен, нека си ја држи формата и да си пробува што му е најтешко, за да му биде подобрен тој дел :)
 
Рафаел лесно во првиот дуел, сега следува дуелот со Русинот... Исто се надевам без поголем напор од него, ке го совлада :)
 
Хехе..и оние неколку кои можеа да направат проблеми ги нема повеќе...Лесно ке си го освои турнирот Рафа.Како тренинг..
 
Што се Надал прави за милион евра?

nadal-thailand01.jpg

Најдобриот тениски рекет во светот Рафаел Надал во Тајланд сади дрвја, се среќава со кралот и премиерот, а по малку игра и тенис.

Шпанскиот тенисер во Бангкок беше дочекан како крал, а така во најмала рака беше и платено неговото доаѓање во Тајланд.

Првиот тенисер во светот од организаторите на турнирот на Тајланд Опен за учеството доби 1.2 милиони евра, и тоа не е тајна.

Како што пренесуваат локалните медиуми проект менаџерот Стјуарт МекДонел изјави дека организацијата чини околу 150 милиони бахти, што во евра би изнесувало 3.614.504, од кои 30 проценти заминаа на сметката на Надал. Инаку, Тајланд Опен е турнир од серијата 250, што значи дека неговиот награден фонд изнесува 500.000 евра.
nadal-thailand02.jpg

Е, за тие пари што ги доби Надал логично е дека во престолнината на Тајланд нема да игра само тенис. Шпанецот е вистинска атракција откако стигна на тлото на Азија.

На пример, вчера садеше дрва во рамките на хуманитарната акција „Милиони стебла за кралот“, во често на тајландскиот крал Бумибола Адуладеи.

Актуелниот шампион на Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен денеска ќе се сретне со претседателот на владата на Тајланд Абхист Веџаџив, а потоа ќе го одигра својот прв меч против белгиецот Рубен Бемелманс.

Ete zosto Nadal e na turnirov:)
 
^^^А еве што прави надал на турниров....


Одличен сервис...многу има работено на сервисот изгледа.Сега е ГРОМ...
 
Гази момакот, несовладлив на сите подлоги.
 
Како што се разигра периодов, може слободно да го сметаме и за фаворит на тврдиве подлоги што следат. :)
 
Само напред мајсторе !! Никој и ништо не може да те сопре .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom