Фан Клуб: Работнички

  • Креатор на темата Креатор на темата zEk0
  • Време на започнување Време на започнување
Работнички казнет од УЕФА поради свирежите кои беа насочени кон играчот со бр 16.

линкче
 
Најнови засилувања во Работнички се дефанзивецот Џангаровски кој доаѓа од Елбасан и играчот за врска Стефан Вујчиќ од Германскиот Холштен Кил,инаку интересно ова е син му на спонзорот Брацо.
Во следниве неколку дена се очекува и уште едно ново име.
 
Да не ви ја наместеше Брацо утакмицава преку играчи и Попе преку судиите, тешко дека ќе тепавте .... Али кога Работнички неможе да тепа никого, бодови се земаат на сметка на Тетекс ... Лани утакмицата во Тетово кога тепавте ви ја намести Гризли, а кога требаше да вратите поени во Скопје никаде ве немаше ...
 
Да не ви ја наместеше Брацо утакмицава преку играчи и Попе преку судиите, тешко дека ќе тепавте .... Али кога Работнички неможе да тепа никого, бодови се земаат на сметка на Тетекс ... Лани утакмицата во Тетово кога тепавте ви ја намести Гризли, а кога требаше да вратите поени во Скопје никаде ве немаше ...

Шо туку збориш без врска! Лани вие си добивте куп од Работнички! Од авион се виде дека е наместена! Највеќе по шансата на Синковиќ!
Сам пред гол излезе и место да шутира 3 саати се местеше дур да му ја земат! И не само тоа според целата игра на натпреварот!
 
Костов седнува на клупата на Работнички...

1C14E96C06A6BF4DAD8C39ADC033EC77.jpg
Актуелниот помошник на Мирсад Јонуз во "А" репрезентацијата, најверојатно, ќе биде предводникот на "романтичарите". Се чека неговото враќање од Кина за да се одржат и завршните преговори со челниците на Работнички по што би требало да биде промовиран во текот на претстојниот викенд
Според нашите информации, најверојатно, Влатко Костов (45) е наследникот на Зоран Стратев на клупата на Работнички. Од раководството на клубот не добивме ниту дефинитивна потврда ниту, пак, енергичен демант дека помошникот на Мирсад Јонуз во "А" селекцијата е новиот предводник на "романтичарите". Ни беше кажано дека Костов е еден од кандидатите за нов стратег, можеби и дека е најголем кандидат и ништо повеќе.
 
Први засилувања во Работнички се Крсте Велковски и Баже Тодоровски,а деновиве се очекува са потпише и Агрон Мемеди.
А на проба се еден Италијанец,еден Аргентинец и еден Нигериец сите играчи за врска.
Исто така до 20ти ке бидат познати сите засилувања а ке ги има некаде уште 7-8.
 
"Романтичарите" тргнаа со Костов...
2225C7D29B140B46B393ED0F74954EA9.jpg

Завчера новиот стратег Влатко Костов го имаше првиот состанок со своите пулени со што и официјално започнаа подготовките на Работнички. Од денеска ќе се стартува и со тренинзи
Работнички со новиот стратег Влатко Костов од завчера е во "погон". Најрано од сите прволигаши "романтичарите" ги стартуваа подготовките, додуша само со прозивка но старт си е старт. Првиот тренинг на едно од помошните игралишта на клубот во Градски парк закажан е за денеска со почеток во 14 часот.
Во саботата на 8 јануари како што и беше планирано во клупските простории се одржа и првиот состанок меѓу новиот стручен штаб и играчите. Претходно Костов заедно со своите соработници имаше кус состанок со претседателот на Работнички Драган Поповски и со спортскиот директор Игор Ангеловски а потоа сите заедно се упатија во соблекувалната каде имаа околу 45 минутен состанок со фудбалерите.

извор: http://www.sport.com.mk/?ItemID=B7E30FEE6C81A24E93E4E3DFECB5CECE


Богатинов се договорил со Карпати!!!
1BDFAFE912CB814C98D95E234E975196.jpg

Мартин Богатинов, чуварот на мрежата на Работнички и репрезентацијата својата кариера ја продолжува во Украина. И тоа во прволигашкиот тим Карпати од Лвов
Богатинов пред неколку дена беше во Лвов каде со помош на својот менаџер како што дознаваме ги договорил личните услови со раководството на Карпати, сега останува да се прецизираат деталите околу неговата отштета. Па така деновиве може да очекуваме и официјализирање на трансферот, откако се разбира Богатинов ќе ги мине и задолжителните лекарски прегледи. Висината на евентуалниот трансфер се уште е енигма иако за наши услови се разбира дека е голем.

извор: http://www.sport.com.mk/?ItemID=936AB146BBB3664AB30DCE9CE4FDCD0F
 
Работнички ќе направи дупло посилен состав од овој што беше, од сигурни извори ова ... Баже Тодоровски е класа играч за нашава лига, штета што не се наметна надвор. Супер играч беше уште кога играше за Силекс.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom