Фан Клуб: Работнички

  • Креатор на темата Креатор на темата zEk0
  • Време на започнување Време на започнување
Иако имаше најави дека Штефан Вујчиќ ке остане во Германија поради семејни причини,сепак денес се врати во Работнички.
Се работи за сосема добар фудбалер,тоа го потврди и во есенската полусезона.
 
Нови членови на Работнички се голманот Стефановиќ кој доаѓа од Срвија и Мицевски кој доаѓа од Севојно инаку дете на Вардар
 
Мислам дека со овој тим можете да ја освоите титулата... Во споредба со лајната што ги изнакупува Металург, овие играчи според мене се многу поквалитетни :)
 
daleku podobri igraci zemaa rabotnicki od metalurg

--- надополнето ---

Полека се затвара списокот на нови имиња.
Напишано од Мете Ковачевски
Најновото име, Игор Стојанов, е едно од последните засилувања на Херојот од Дебар маало. Како што најави шефот Костов, екипата полека ја доби посакуваната физиономија, спој на младоста и искуството, „проткаено“ со квалитетни фудбалери.
Со искусниот стопер Игор Стојанов полека се затвара списокот на засилувањата во Работнички оваа зима. Спојот на младоста и искуството ќе ја краси оваа екипа на Херојот од Дебар маало.
Игор Стојанов е роден на 12-ти Февруари 1976 година, има пет настапи за најсилната Македонска селекција, а има настапувано и за Вардар и Ренова
Игор Стојанов беше веќе еднаш играч на Работнички во деновите кога на чело на Работнички беше Ѓоре Јовановски, а со него во тимот, Херојот од Дебар маало и на двапати беше шампион на Македонија. Исто така шефот Костов ги познава одлично квалитетите на искусниот стопер, бидејќи заедно работеа и во Ренова кога на чело на овој тим беше сегашниот шеф на Херојот од Дебар маало.
На младите Белица и Митревски, сигурно дека од огромна важност ќе биде другарувањето и работата со Стојанов и Ќумбев, а поискусните сигурно, ќе треба да дадат се од себе во борбата за место во првиот тим.
Досега во Работнички покрај Стојанов дојдоа, Крсте Велковски, Баже Тодоровски, Александар Радовиќ, Звонимир Станковиќ, Маријан Андонов, Панче Ќумбев и голманот Игор Стефановиќ.
 
Се очекува уште еден играч од средниот ред да потпише до крајот на неделава и со тоа се затвара списокот на нови имиња.
 
Па зависи кои играчи. Како квалитетни може да се оквалификуваат Ќумбев и Тодоровски, а за другите не би се согласил баш. Србиве доаѓаат од слаби клубови и се недокажани, a Андонов и Велковски последниве неколку сезони, не се задржале повеќе од 6 месеци во една екипа. Тоа нешто кажува. За последното нивно засилување, нема потреба било што да зборувам. Човекот е зрел за пензија. Kога се ќе се собере, Работнички направи сосем просечен тим, но ништо значајно силен. Можеби ќе се вмеша во трката за титула, единствено поради слабиот квалитет на лигата.
Металург пак е посебна приказна. Со засилувања собрани од второлигашки екипи и Баже Илијоски како џокер дојден од Кореја, каде обавезно го враќаат назад после 6 месеци, планира да брка титула. Единствено засилување кое вреди да се спомне од кај нив е Мемеди од Ренова.
 
Металург, за разлика од Работнички не го "шитна" цел тим.
Они и претходно имаа квалитетни играчи. Сега со новиве само ги пополнија "дупките".
Ако Шкендија почне да кикснува по малце и на домашен, Металург е шампион...
 
Работнички-Хајдук(Кула) 1:0 со голот на Марјан Андонов.
Инаку и двете екипи имаа уште по една шанса во првото полувреме.
За Работнички ја имаше Маневски, но противничкиот голман одбрани,а додека гостите ја погодија стативата.
Во вториот дел инијацитива за гостите,но без шанси.
 
Работнички-Шахтер(Белорусија) 3:2.
Стрелци за Работнички Андонов,Маневски и Петковски.
 
"Романтичарите" редат победи...
A1337944DD7C2D439CF9EA181EF8BBA3.jpg

Работнички одличен и во Анталија, квалитетно издание на "романтичарите" и триумф на првата пријателска средба против силниот тим на Шахтјор Солигорск, вицешампионот на Белорусија
Одлична игра и победа на Работнички на првиот пријателски натпревар вчера, во Анталија од 3:2 против актуелниот вицешампион на Белорусија, тимот на Шахтјор Солигорск. Инаку, ова е втор триумф на "романтичарите" на исто толку одиграни пријателски натпревар досега во текот на овие подготовки. Да се потсетиме дека минатата среда во Скопје совладан беше Хајдук Кула со 1:0.

РАБОТНИЧКИ - ШАХТЈОР 3:2 (2:1)
Стрелци: Маневски 12', Андонов 25', Петковски 79' (РАБ), Вергејчик 40', Комаровски 54' (ШАХ).
РАБОТНИЧКИ: Стефановиќ, Радовиќ, Станковиќ, Ќумбев, Стојанов, Глигоров, Тодоровски, Вујчиќ, Маневски, Андонов и Велкоски. Уште играа: Кандикјан, Белица, Митревски, Адем, Туневски, Ивановски, Мицевски, Петковски, Скендеровиќ.
ШАХТЈОР: Цигалко, Полјаков, Јанушкевиќ, Чељадински, Коломиц, Риос, Рожков, Комаровски, Ситко, Петров, Вергејчик. Уште играа: Курскис, Леончик, Слеур, Гренков, Киренкин.
 
Работнички ја оствари и петата победа во петиот натпревар.
Овојпат совладана е екипата на Локомотив(Софија) со 1:0 со голот на Андонов во 22 минута
Еве ги сите резултат на Работнички
Работнички-Хајдук(Кула) 1:0
Работнилки-Шахтер(Белорусија) 3:2
Работнички-Гангвон1:0
Работнички-Валчеа 2:1
Работнички-Локомотив(Софија) 1:0
 
vi rekov deka Andonov e ekstra igrac,ete veke pocna da go potvrduva toa na prijatelskite,mislam deka ovoj mu bese negov 3 gol u dresot na Rabotnicki
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom