Претставување на новото засилување на КК Работнички






Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Претставување на новото засилување на КК Работнички
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
Да не ви се мешам нешто многу,ама тоа на пиво фест ваша победа да не е случајно..
Хахаххах дај не биди смешен у сред карпош се дешаваше тоа алооо најсмешно од се ми беше што после тие копуците со педерски маици сликани за кадевечер или што и да беше помодрени у очитене бе твоја бешесе виде кој избегаа кој останаа и кој беа највеќе оштетени
![]()
Шишковски добива прекоманда: по ФК Вардар, сега ќе треба да го „оправа“ КК Работнички?
Заминувањето на Зоран Шишковски од претседателското место во таборот на актуелниот фудбалски шампион Вардар ги изненади само оние што не се подобро упатени во македонските спортски состојби, со оглед на тоа што одговорниот за спорт во градот Скопје, најверојатно, ќе продолжи да извршува одговорна функција, но овој пат на многу поприродно место за него – кошаркарскиот клуб Работнички.
Поранешниот кошаркар најверојатно ќе го спасува големиот Работнички: Шишковски
Информациите велат дека по претстојниот празник Илинден, популарниот Шишко, кој е поранешен кошаркар и кошаркарски тренер, ќе биде промовиран во прв човек на тимот од „Градски парк“, каде што ќе има речиси идентична улога како во Вардар – да го крене гигантот од самиот пепел.
Засега сево ова само најави, но според доброупатените ваквата прекоманда на Шишковски ќе се случи многу брзо со цел да се има време за создавање солиден колектив за следната сезона од 14-кратниот македонски шампион, кој во моментов е на апарати за преживување.
Евентуалното поставување на досегашниот предводник на ФК Вардар за прв човек на КК Работнички би значело дека главната улога во тимот од „Градски парк“ би ја имал градот Скопје нешто слично како што досега беше во црвено-црниот табор. Ако ваквите најави се точни, тогаш ќе треба да се види како ќе се направи трансформацијата на клубот во акционерско друштво (АД), која е веќе почната, но од општината Центар, која изминатиов период колку-толку се грижеше најтрофејниот кошаркарски колектив целосно да не пропадне.
Работнички во моментов е во состојба на клиничка смрт бидејќи во клубот апсолутно ништо не функционира, а во салата во „Градски парк“ одамна речиси никој не влегува. Играчите што играа минатата сезона се незадоволни поради големото долгување кон нив, а голем дел од нив веќе си најдоа нова средина. Ако Шишковски се нафати на новата функција пред него ќе биде дури и потешка задача отколку што ја имаше во фудбалскиот клуб Вардар.
Но, знаејќи дека зад него ќе стои една силна локална самоуправа, која може да привлече многу атрактивни спонзори, пред се од фирми што се или јавни или се во директна спрега со државата, тогаш можеби доаѓаат подобри времиња за армијата навивачи на црвено-белата чета.
Во моментов, неофицијално, се споменуваат „Агенцијата за електронска комуникација“ (АЕК) и „Државната лотарија“ како главни мецени на новиот Работнички.