Па за кој к*р го става да игра оној Србиновски кретенот ако е со потечен зглоб ?! и тоа прва петорка играше 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ако знаеш нешто пиши повеќе искуство, каков стил преферира едно друго кај бил тренер. Ја знам само дека за репрезентација е помошник, бил тренер у торус и толкуОФИЦИЈАЛНО ОД ВЕЧЕРВА КК РАБОТНИЧКИ СО НОВ ТРЕНЕР, МАРЈАН ЛАЗОВСКИ.
Ако знаеш нешто пиши повеќе искуство, каков стил преферира едно друго кај бил тренер. Ја знам само дека за репрезентација е помошник, бил тренер у торус и толку![]()
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=2696Управата на Работнички експресно пронајде замена за Марјан Србиновски, кој што вечерва по поразот од Лирија поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив. ЕКИПА дознава дека станува збор за Марјан Лазовски, искусниот стратег што во минатата сезона седеше на клупата на Торус, пред летово да биде заменет со Боби Петровски.
По одлуката за заминување на Србиновски, водечките луѓе на Работнички контактирале со неколку квалитетни стручњаци, но на крајот изборот паднал врз Лазовски поради неговото одлично познавање на приликите во македонската кошарка. Марјан Лазовски беше присутен во „Градски парк“ на денешниот натпревар меѓу Работнички и Лирија, па можеше на дело да ги види квалитетите на кошаркарите што ќе ги предводи. Интересно е што и Лазовски, исто како и претходно Србиновски, му беше асистент на селекторот Марин Докузовски при работата во националниот тим и големиот успех на Евробаскет 2011.
Марјан Лазовски од попладнево ќе почне да ги води тренинзите на Работнички, а своето деби ќе го има викендов, на пресметката во Гевгелија со тимот на Кожув. Потоа овој стратег за противник ќе го има Вардар, по што следат и двата големи дерби-дуели, со Фени индустри во Кавадарци и со МЗТ Скопје во салата „Градски парк“. Останува да се види дали Лазовски ќе успее да го изгасне пожарот што опасно гори во најтрофејниот македонски колектив и ќе го одведе Работнички најпрвин до Супер-лигата, а потоа и до едно од првите четири места на табелата.
Со Вардар Осигурување ако не се лажам освои Куп на Македонија, тоа му е најголем успех на клупско ниво и прв трофеј у кариера. останатото ко Кругов од погоре што кажа, дека ги водеше МЗТ и Торус, исто и АМАК СП на времето ги водеше и со нив освои исто Куп (2009), но не и титула во првенство па ради тоа го избркаа, бар така пишуваше по медиумите па отиде во Пелистер истата таа година.
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=2696
Колку значи Мираковски за овој состав ....
УФА Медиа ќе го издигнува КК Работнички?
Дали најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија ќе добие уште еден спонзор во овие тешки мигови?! Низ кошаркарските кулоари во „Градски парк“ се посилни се гласините дека УФА Медиа ќе вложува во КК Работнички, а „Екипа“ се обиде денеска да дојде и до конкретна информација. Сепак, одговорот е дека спонзорот Слободан Вујчиќ кој во минатото го спонзорираше ФК Вардар, овие денови од Хрватска треба да пристигне во Македонија. Најверојатно дека тогаш многу работи ќе бидат појасни.
Додека Брацо не пристигне во Скопје нема да има конкретна информација, а од досегашното искуство со него, речиси е невозможно да се извлече конкретен податок. Но, многу работи во „Градски парк“ наведуваат дека сепак е можно УФА Медиа да застане зад кошаркарскиот гигант Работнички и да помогне во неговото повторно издигнување.
Во моментов, финансиската состојба во Работнички не е најповолна, а претседател на клубот е Златко Тодоров. Но, од неодамна како маркетинг директор во клубот е поставен Бранко Радевски, поранешен близок соработник на Слободан Вујчиќ од деновите во ФК Вардар, кој своевремено имаше ваква улога и во ФК Работнички. Токму оттаму и се засилуваат гласините дека Брацо откако ги загуби позициите во најтрофејниот фудбалски клуб, сега би можел да се заврти кон кошарката. КК Работнички зад себе има армија свои навивачи, а интересот за кошарката во земјава значително се зголеми откако македонската репрезентација го освои четвртото место на Евробаскет 2011 во Литванија.
Работнички се наоѓа на последното место на табелата во Првата лига, од синоќа има и нов тренер, Марјан Лазовски, кој на клупата ќе го замени досегашниот стратег Марјан Србиновски. Интенцијата на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб е што е можно побрзо да ги надмине проблемите, да се консолидира на финансиски план, да се реорганизира структурно, а тимот да почне да остварува многу подобри резултати. Надежите се дека и покрај очајниот старт на сезоната и шесте порази, Работнички ќе успее да обезбеди пласман во Суперлигата.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2719