Фан клуб: Работнички

Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Па за кој к*р го става да игра оној Србиновски кретенот ако е со потечен зглоб ?! и тоа прва петорка играше :tapp:
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.918
Поени од реакции
44.923
Марјан Србиновски стави крај на својата тренерска авантура во Работнички, откако вечерва самиот си поднесе оставка по поразот од Лирија. Ова беше вкупно шести неуспех за најтрофејниот македонски клуб на првите седум одиграни натпревари, а Србиновски видно разочаран од новиот несреќен пораз веднаш по мечот пред салата „Градски парк“ влезе и во вербален конфликт со дел од навивачите на Работнички. Видно разочаран од развојот на настаните, младиот стратег самиот донел одлука да се повлече од кормилото.

Можам да потврдам дека Марјан Србиновски вечерва поднесе оставка од тренерската функција. Тој ја носи оваа одлука од морални причини, што е уште една потврда за човечките квалитети на овој млад стратег. Моралот во светот на спортот е навистина драгоцена работа, јас имам највисоко мислење за Србиновски како човек и како тренер, но поради слабите резултати решив неговата оставка да биде прифатена. Морам да напоменам дека вината не треба да се бара само кај него, тој наиде на екипа што самиот не ја состави, подоцна почна со подготовки, потоа следеше и повредата на нашиот лидер Мираковски. Нашиот слаб старт на сезоната е само склоп на несреќни околности и Србиновски никако не смее да се посочува како виновник за ситуацијата“ - изјави претседателот на Работнички, Златко Тодоров.

Првиот човек на Работнички се уште нема донесено одлука околу тоа кој стручњак би го наследник Србиновски и би го предводел тимот на гостувањето во Гевгелија против Кожуф викендов. Сепак, ЕКИПА дознава дека главни фаворити во оваа трка се Марјан Лазовски и Боби Митев.

Тодоров ја поздрави извонредната поддршка што навивачката група Сити Парк Бојс вечерва им ја даде на кошаркарите на Работнички, за жал недоволна за да се стигне до победата.

Во мое лично име како претседател, но и во име на целата управа би сакал да им честитам на навивачите на своето извонредно издание и да им се заблагодарам за поддршката што му ја даваат на тимот. Таа поддршка ќе биде само мотив повеќе за да најдеме излез од кризата и со победи да почнеме да им се заблагодаруваме на нашите верни навивачи“ - порача Тодоров.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2687
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
Пишав во темата за првенство, нема да се повторувам. Лазоски и присуствуваше на натпреварот, за Митев не знам. И заборавив да напишам, Зујовиќ стварно е засилување?
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.918
Поени од реакции
44.923
ОФИЦИЈАЛНО ОД ВЕЧЕРВА КК РАБОТНИЧКИ СО НОВ ТРЕНЕР, МАРЈАН ЛАЗОВСКИ.
 
M

marko 1996

Гостин
ОФИЦИЈАЛНО ОД ВЕЧЕРВА КК РАБОТНИЧКИ СО НОВ ТРЕНЕР, МАРЈАН ЛАЗОВСКИ.
Ако знаеш нешто пиши повеќе искуство, каков стил преферира едно друго кај бил тренер. Ја знам само дека за репрезентација е помошник, бил тренер у торус и толку :)
 
З

Забавата е во Кругот

Маријан е веќе 10-15 години редовен тренер на некоја екипа од македонсково првенство.... Почна во Вардар,послем некој период во МЗТ,па Торус и така натаму... Многу клубови има сменето..... Како тренер не е лош.... Само нема некои поголеми успеси до сега... Али сигурно ако не 100 %.. 70% е подобар од Србиновски.......
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.918
Поени од реакции
44.923
Со Вардар Осигурување ако не се лажам освои Куп на Македонија, тоа му е најголем успех на клупско ниво и прв трофеј у кариера. останатото ко Кругов од погоре што кажа, дека ги водеше МЗТ и Торус, исто и АМАК СП на времето ги водеше и со нив освои исто Куп (2009), но не и титула во првенство па ради тоа го избркаа, бар така пишуваше по медиумите па отиде во Пелистер истата таа година.

Управата на Работнички експресно пронајде замена за Марјан Србиновски, кој што вечерва по поразот од Лирија поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив. ЕКИПА дознава дека станува збор за Марјан Лазовски, искусниот стратег што во минатата сезона седеше на клупата на Торус, пред летово да биде заменет со Боби Петровски.

По одлуката за заминување на Србиновски, водечките луѓе на Работнички контактирале со неколку квалитетни стручњаци, но на крајот изборот паднал врз Лазовски поради неговото одлично познавање на приликите во македонската кошарка. Марјан Лазовски беше присутен во „Градски парк“ на денешниот натпревар меѓу Работнички и Лирија, па можеше на дело да ги види квалитетите на кошаркарите што ќе ги предводи. Интересно е што и Лазовски, исто како и претходно Србиновски, му беше асистент на селекторот Марин Докузовски при работата во националниот тим и големиот успех на Евробаскет 2011.

Марјан Лазовски од попладнево ќе почне да ги води тренинзите на Работнички, а своето деби ќе го има викендов, на пресметката во Гевгелија со тимот на Кожув. Потоа овој стратег за противник ќе го има Вардар, по што следат и двата големи дерби-дуели, со Фени индустри во Кавадарци и со МЗТ Скопје во салата „Градски парк“. Останува да се види дали Лазовски ќе успее да го изгасне пожарот што опасно гори во најтрофејниот македонски колектив и ќе го одведе Работнички најпрвин до Супер-лигата, а потоа и до едно од првите четири места на табелата.
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=2696
 
З

Забавата е во Кругот

Гостин
Со Вардар Осигурување ако не се лажам освои Куп на Македонија, тоа му е најголем успех на клупско ниво и прв трофеј у кариера. останатото ко Кругов од погоре што кажа, дека ги водеше МЗТ и Торус, исто и АМАК СП на времето ги водеше и со нив освои исто Куп (2009), но не и титула во првенство па ради тоа го избркаа, бар така пишуваше по медиумите па отиде во Пелистер истата таа година.

http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=2696
Точно...... 2007 со Вардар Осигурување.... а 2009 со АМАК СП
 
Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.328
Поени од реакции
5.304
Одличен потег на Работнички шо го избра Лазевски....
Само не знам зошто толку време се маткаја со Србиновски, уште од ко си замина Докузовски требаше да се бара салам тренер не да си играт играчки со Србиновски....
Лазевски е одличен тренер и мислам дека ќе го крени Работнички колку толку, едно време беше тренер и на Пелистер, се работи за одличен стручњак !!!
 
RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.718
Поени од реакции
3.079
Колку значи Мираковски за овој состав ....
Znaci mnogu da ama isto taka znaci da imas dobar trener da znae kako da go ukomponira timot da go motivira , Lazovski e oldicen trener kako sto znam uste lani trebase da dojde no ne bidna niso Rabonticki se resi za Marce. Lazovski kaj da idese imase uspeh so ekpite, so Vardar osvoi kup vo konkurencija na Rabotnicki i Strumica koja bese sampion posle toa, koa bese u Pelister isto imase dobri rezultati 3to mesto mislam bese Pelister, vo mzt dojde na polusezona vo koja naceka totalen haos i od niso napraj nesto, podobri rezultati , so Amak isto kup osvoi . Taka da se na se odlicen izbor pa se ocekuvaat mnogu pobedi :D
 
П

Паспарту

Гостин
УФА Медиа ќе го издигнува КК Работнички?

Дали најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија ќе добие уште еден спонзор во овие тешки мигови?! Низ кошаркарските кулоари во „Градски парк“ се посилни се гласините дека УФА Медиа ќе вложува во КК Работнички, а „Екипа“ се обиде денеска да дојде и до конкретна информација. Сепак, одговорот е дека спонзорот Слободан Вујчиќ кој во минатото го спонзорираше ФК Вардар, овие денови од Хрватска треба да пристигне во Македонија. Најверојатно дека тогаш многу работи ќе бидат појасни.

Додека Брацо не пристигне во Скопје нема да има конкретна информација, а од досегашното искуство со него, речиси е невозможно да се извлече конкретен податок. Но, многу работи во „Градски парк“ наведуваат дека сепак е можно УФА Медиа да застане зад кошаркарскиот гигант Работнички и да помогне во неговото повторно издигнување.

Во моментов, финансиската состојба во Работнички не е најповолна, а претседател на клубот е Златко Тодоров. Но, од неодамна како маркетинг директор во клубот е поставен Бранко Радевски, поранешен близок соработник на Слободан Вујчиќ од деновите во ФК Вардар, кој своевремено имаше ваква улога и во ФК Работнички. Токму оттаму и се засилуваат гласините дека Брацо откако ги загуби позициите во најтрофејниот фудбалски клуб, сега би можел да се заврти кон кошарката. КК Работнички зад себе има армија свои навивачи, а интересот за кошарката во земјава значително се зголеми откако македонската репрезентација го освои четвртото место на Евробаскет 2011 во Литванија.

Работнички се наоѓа на последното место на табелата во Првата лига, од синоќа има и нов тренер, Марјан Лазовски, кој на клупата ќе го замени досегашниот стратег Марјан Србиновски. Интенцијата на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб е што е можно побрзо да ги надмине проблемите, да се консолидира на финансиски план, да се реорганизира структурно, а тимот да почне да остварува многу подобри резултати. Надежите се дека и покрај очајниот старт на сезоната и шесте порази, Работнички ќе успее да обезбеди пласман во Суперлигата.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2719
 
Е тек сега ќе пропаднете,ако Брацо влезе во КК Работнички......:tapp:
 
Член од
8 декември 2008
Мислења
643
Поени од реакции
41

R.I.P. Работнички :(
 
П

Паспарту

Гостин
Колку и да е лопов Брацо, Вардар ги имаше најголемите успеси во негово време. Тетекс го донесе во прва лига и го освои купот под негово финансирање. Не го ценам човеков, но реално во моментов ова на Работнички му е изгледа единственото решение доколку не сака да игра во втора лига наредната сезона. Плус, во фудбалот се 3 пати поголеми вложувањата од кошарката...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom