Фан клуб: Р.К Куманово

  • Креатор на темата Креатор на темата hotmale
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 ноември 2011
Мислења
9
Поени од реакции
0
Возраст
40
Еве конечно фан клуб и на Куманово.Сите симпатизери на РК Куманово тука можат да ги постираат сите новости, резултати, слики и клипови поврзани околу РК Куманово.Моментално имаме 3 порази и една победа на почетокот на оваа клубска сезона.Пред една недела добивме навистина квалитетно засилување од Вардар Про и очекуваме работите резултатски да си дојдат на свое место.
 
Дарко Оса Георгиевски? така беше тоа од вардар ?
 
Молба до модераторот на форумот да ја преимени темата во „ Фан клуб: Куманово“ или некој да ми каже како може да го сменам името на темата?Поздрав
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:11 PM ---
Дарко Оса Георгиевски? така беше тоа од вардар ?
Да, тој е.Инаку страшен играч е со многу квалитетен удар.
 
Куманово го победи Драчево со резултат 30-25, а после прекинатионт натпревар со Борец очекуваме да прокнижиме нови 3 бода:icon_lol:.Само да продолжи оваа серија на победи.
 
Нова победа на РК Куманово овојпат против екипата на РК Битола со 8 гола разлика.Одлично деби на новиот тренер на Куманово-Пепи Манасков.Браво момци, врзавте 3 победи по ред, а се надеваме дека успешната серија ќе продолжи под палката на Манасков.
 
Ракометарите на Куманово го завршија првиот дел од сезоната со победа. Во последниот натпревар за оваа година, ракометарите го совладаа Металург Јуниор на гостински терен со резултат 19:22.

Ова е петта победа во низа на нашите ракометари од вкупно одиграните 9 кола. РК Куманово имаше несигурен старт на сезоната, но со неколку засилувања во играчкиот и стручниот тим, екипата може да се бори за висок пласман.
Ракометарите се наоѓаат на третата позиција на табелата со 27 поени.

Само да напоменам дека исто така ЖРК Куманово игра во одлична форма и очекувам да се борат за пласман во горниот дел од табелата во супер лигата.Ептен талентирана генерација се девојките.За некоја година парче ќе прават.
 
Костадин Петров од Велес и Славиша Димитреиевски од Скопје од денеска се новите имиња во ракометниот клуб Куманово. Тие ќе играат на позициите пикер и бек.
 
РК КУМАНОВО 28 - 23 рк овче поле

Направивме добра победничка серија. Сега за сега добро ни оди со маливе клубчиња. Тек следува тестот со големите Вардар и Металург. Верувам во нашите момци дека нема лесно да паднат ...
 
РК КУМАНОВО 28 - 23 рк овче поле

Направивме добра победничка серија. Сега за сега добро ни оди со маливе клубчиња. Тек следува тестот со големите Вардар и Металург. Верувам во нашите момци дека нема лесно да паднат ...
Играте некоја од тие 2 утакмици во Скопје? И ако играте кажи кога ако знаеш :D
 
Играте некоја од тие 2 утакмици во Скопје? И ако играте кажи кога ако знаеш :D

Сега брзо играме со Вардар...ама дома.

Куманово-Вардар 18/19.04.2012 (среда)

И после ова пак дома со Металург. Така да 8мо и 9то коло гостуваме кај скопјаниве;)
 
Нели натпреваров со овче поле требаше да го даваат на мтв ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom