Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
ПРИЛЕП НЕ Е ЛОНДОН, МАКЕДОНИЈА НЕ Е АНГЛИЈА, ПОБЕДА НЕ Е ПРЕМИЕРЛИГАШ, САМО ЕДЕН ОБИЧЕН ВТОРОЛИГАШ, ЦИРУЗ НЕ НИ ТРЕБА, ВЛЕЗНИЦИ ЧЕ СИ ПЛАЈЧАМЕ АКО СЕ КОРИСТА ПАРИТЕ ФУНКЦИОНАЛНО, ФЕР И КОРЕКТНО НЕ НАВИВАМЕ ОТИ ИМАМЕ ДИВ ПРИЛЕПСКИ МЕНТАЛИТЕТ- МИ МИРИСА НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ.Прес конферецнија на ФК Победа-Поволности за гледачите!!!
Претпладнево во клупските простории на ФК Победа беше организирана прес конференција на која пред средствата за јавно информирање, а преку нив и до пошироката јавност, беа презентирани неколку организациони активности кои клубот ги презема а имаат за цел што поголема посетеност на натпреварите во Втората лига.
-Одлучено е цената на влезните билети да изнесува 50 денари, а ќе можат да се купувата од официјални клупски продавачи нма влезници со мобилни фискални уреди. Секој билет ќе биде нумериран а секој гледач со него во една од кабините на малата трибина ќе може да добие гратис кафе
(Кафе+фудбал=50 денари). Во продажниот простор исто така гледачите ќе имаат можност да си купат и ладни безалкохолни напитоци и грицки.
-Секој гледач со купениот нумериран и заштитен билет е потенцијален учесник во наградните извлекувања на полувремето од секој натпревар на ФК Победа. Ќе се влече еден тикет чиј сопственик ќе има шанса за ЗЛАТЕН ГОЛ И НАГРАДА ОД 500 ЕВРА. Сопственикот на извлечениот и јавно објавен на разглас сериски број на влезниот билет ќе има ЕДНА можност: да шутира пенал во 3 точки при што највредната награда-доколку упати прецизен шут е ЗЛАТЕН ГОЛ и 500 ЕВРА. Но секој извлечен ќе има можност и да се откаже од шансата да шутира и да си добие награда од 50 евра, а ако тој што ќе шутира промаши тогаш ЗЛАТНИОТ ГОЛ за следниот натпревар ќе биде вреден 600 евра, и така наградата во случај на промашувања на секој натпревар ќе расте за 100 евра.
-За првпат по повеќегодишна пауза почнувајќи од куп натпреварот со Младост на 12 август во функција ќе бидат ставени тоалетите за публиката на малата трибина.
-На полувремето од секој натпревар, покрај ЗЛАТЕН ГОЛ, гледачите ќе можат да проследат и натпревари во мини фудбал 2х5 минути меѓу петлињата, а најавуваме и уште многу други пријатни изненадувања и забавни содржини, а наскоро промоција и на КЛУПСКАТА МАСКОТА.
-Секој гледач кој ќе ги собере и достави на верификација влезниците за сите натпревари на Победа во престојната сезона, ќе добие комплет влезници за следната-се надеваме прволигашка сезона.
-Во име на навивачите-нивниот преставник Јовица Релушкоски упати повик за помасовно присуство ан секој натпревар на Победа и коректно и фер навивање.
Прегледај го приврзокот 125473
Убаво се ама за втора лига?Шо не бива не бива
За какви црни официјални клупски продавачи со мобилни фискални уреди зборуваат не ми е јасно. И кој че ме запри да си влезам откај шо е паднат ѕидо или и оттаму че стојат батина со мобилни фискални уреди.-Одлучено е цената на влезните билети да изнесува 50 денари, а ќе можат да се купувата од официјални клупски продавачи нма влезници со мобилни фискални уреди. Секој билет ќе биде нумериран а секој гледач со него во една од кабините на малата трибина ќе може да добие гратис кафе
Сандре без работа че го остајте на стари години бе, реума има чоеко од толку одење по утакмици досега, че нема за апчиња чоеко.Во продажниот простор исто така гледачите ќе имаат можност да си купат и ладни безалкохолни напитоци и грицки.
Дрога користат, јас сум слепец или ко се праеше трибината се почести Ацуле ''тоалети''За првпат по повеќегодишна пауза почнувајќи од куп натпреварот со Младост на 12 август во функција ќе бидат ставени тоалетите за публиката на малата трибина.
Секој гледач кој ќе ги собере и достави на верификација влезниците за сите натпревари на Победа во престојната сезона, ќе добие комплет влезници за следната-се надеваме прволигашка сезона.
Среда по пет банки влез да си знајте.И гага кафе а мож некој че лапни 500 евричи![]()