Која контрадикторност во изјавите на Валентин.
Прво вика "
НИЕ КАКО СОВЕСНА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ГО ИСПЛАТИВМЕ НАШИОТ ДЕЛ", а после вика дека состојбата во клубот е лоша,дека долгот (засега) е како шо рече над 200К и цела вина ја префрла на Камчевци,ОК,тие како доминантни сопственици на 75% од акциите се највиновни за хаосот во кој се најдовме,ама и Општината како основач на АД ФК Пелистер,плус опственик на 25% од акциите има одговорност, кажано е за хронологија која доведе до овие настани,и тие ќе враќат борчој,и нив ќе му тропат извршители на врата,да ги наплатат
НАШИТЕ ПАРИ,шо ги даваме од џеп за да гледаме фудбал,а не да глеаме циркус.
Пред се за борчојте,200 К борч, а ќе бидат далеку појќе ко ќе дојдат до извршување сите овие побарувања кои си ги барат доверителите-од Шенсои па се до сите тие кои си фатија работа со
УБАЈТЕ ДЕЦА ОД КЛУБОТ,значи ова ќе биди една солена сума од сигурно 300К,да не прајме муабет за судскиот предмет шо го спомна Вале од 100 К,и тој ко ќе се заврши ја заокружваме 500ката.
И како е сеа Општината ЧИСТА?
И шо е појјако како очекуват да го СПАСАТ КЛУБОТ,ама под еден услов,да бил со чиста сметка,нелогичност до даска.
Ова никогаш нема да биди,посебно не со ваква ситуација ко имаме извршители пред врата,единсттвено да се договорат некако со тие доверителите(или поголем дел од нив)па да ги опростат борчојте,само така ќе дојдиме на нула,иначе тешко.
Реков,до негде се во право Камчевци,оваа кашапопара во клубот дојде какор резултат на нелогичноста во доворот со Цермат,кој го праеше и одобри тој договор му ја тури лопатата на ФК Пелистер.
Во тој договор му дадоја на Цермат право да го земи клубот и да вложи ДО 380К.
Значи од 1 евро до 380 илјади евра се смета за исполнет услов.
Камчевци покрија дел од то шо остаја непокриени брачедите,како нови газди превзедоја дел од борчојте шо беа остаени,за возврат требаше Општината на чело со Докторо да ги среди сметките со брачедо,и ова шо го прат сеа е нормална реакција на некој шо бил заебан,иако и тие знат дека овие борчој шо ги остаја ќе мора да се платат,не се од вчера и тие
Е па сеа ако се вистинска општина како наследници на тие шо ни ја скроија капата треба фино лепо една ревизија на цело финансиско работење во клубот од формирањето на АД,па после да се прочешлат договорите ко шо треба,и фино лепо некој да го јади грбачот,и да се надомести штетата која му е напраена на клубот.
И после то,да фрлат кривични пријави,тужби,па да се наплати од кај шо треба,од имотот на тие луѓе шо ни го турнаја сандако.
Е вака би постапила една сериозна општина,а со муабети од типот
НИЕ ЌЕ ГО СПАСИМЕ КЛУБОТ,МОБИЛИЗИРАНИ СМЕ В КРАЈ,ЌЕ СЕ АНГАЖИРАМЕ,ама ако има чиста сметка.
Како ќе се исчисти сметката жити се?То ме интригира сеа.
Ние стечај ако не одиме треба ќефој да сме,тука треба општината да реагира,со својата моќ,не да го води клубот,туку да биди еден посредник за да се најди чаре за клубот,да се дај на некој сериозен спонзор,нормално ко шо викат со чисти сметки и гаранции,а за возврат да се бара од спонзорот исполнување на некои услови,а не ко досега се да биди само парче хартија која не вреди ни пет пари.
Не можи вака.
Башка мизерна бодовна состојба иаме,ростерот осакатен,а допрва можи уште некој да ги запали патиките.
Џабе кажват некои рекордни бројки,суми,2 милиони евра за спорт наредна сезона,1.3 за стадионот и 550 К за спорт,ова не вреди ништо,расфрлање со бројки е само.
Оти ова сума шо ја кажват е за цел спорт,за професионален,рекреативен училишен и сите логистики околу,а за то шо ние го чекаме и се надеваме ќе почекаме.
Се е само реклама пред нова година.
Треба итно да реагират,дури има време да се спаси нешто,со муабети од типот,ИСЧИСТЕТЕ ЗА ДА ВЛЕЗИМЕ НИЕ, е исто ко она легендарнато
АБЕ ЦИЛЕ САКАШЕ ДА ГО ЗЕМИ РАКОМЕТО,АМА СПИРО и ЕФТО НЕ МУ ГО ДАДОЈА КЛУБО така поминаја 15 години.
