Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
Која контрадикторност во изјавите на Валентин.
Прво вика "НИЕ КАКО СОВЕСНА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ГО ИСПЛАТИВМЕ НАШИОТ ДЕЛ", а после вика дека состојбата во клубот е лоша,дека долгот (засега) е како шо рече над 200К и цела вина ја префрла на Камчевци,ОК,тие како доминантни сопственици на 75% од акциите се највиновни за хаосот во кој се најдовме,ама и Општината како основач на АД ФК Пелистер,плус опственик на 25% од акциите има одговорност, кажано е за хронологија која доведе до овие настани,и тие ќе враќат борчој,и нив ќе му тропат извршители на врата,да ги наплатат НАШИТЕ ПАРИ,шо ги даваме од џеп за да гледаме фудбал,а не да глеаме циркус.
Пред се за борчојте,200 К борч, а ќе бидат далеку појќе ко ќе дојдат до извршување сите овие побарувања кои си ги барат доверителите-од Шенсои па се до сите тие кои си фатија работа со УБАЈТЕ ДЕЦА ОД КЛУБОТ,значи ова ќе биди една солена сума од сигурно 300К,да не прајме муабет за судскиот предмет шо го спомна Вале од 100 К,и тој ко ќе се заврши ја заокружваме 500ката.
И како е сеа Општината ЧИСТА?
И шо е појјако како очекуват да го СПАСАТ КЛУБОТ,ама под еден услов,да бил со чиста сметка,нелогичност до даска.
Ова никогаш нема да биди,посебно не со ваква ситуација ко имаме извршители пред врата,единсттвено да се договорат некако со тие доверителите(или поголем дел од нив)па да ги опростат борчојте,само така ќе дојдиме на нула,иначе тешко.
Реков,до негде се во право Камчевци,оваа кашапопара во клубот дојде какор резултат на нелогичноста во доворот со Цермат,кој го праеше и одобри тој договор му ја тури лопатата на ФК Пелистер.
Во тој договор му дадоја на Цермат право да го земи клубот и да вложи ДО 380К.
Значи од 1 евро до 380 илјади евра се смета за исполнет услов.
Камчевци покрија дел од то шо остаја непокриени брачедите,како нови газди превзедоја дел од борчојте шо беа остаени,за возврат требаше Општината на чело со Докторо да ги среди сметките со брачедо,и ова шо го прат сеа е нормална реакција на некој шо бил заебан,иако и тие знат дека овие борчој шо ги остаја ќе мора да се платат,не се од вчера и тие
Е па сеа ако се вистинска општина како наследници на тие шо ни ја скроија капата треба фино лепо една ревизија на цело финансиско работење во клубот од формирањето на АД,па после да се прочешлат договорите ко шо треба,и фино лепо некој да го јади грбачот,и да се надомести штетата која му е напраена на клубот.
И после то,да фрлат кривични пријави,тужби,па да се наплати од кај шо треба,од имотот на тие луѓе шо ни го турнаја сандако.
Е вака би постапила една сериозна општина,а со муабети од типот НИЕ ЌЕ ГО СПАСИМЕ КЛУБОТ,МОБИЛИЗИРАНИ СМЕ В КРАЈ,ЌЕ СЕ АНГАЖИРАМЕ,ама ако има чиста сметка.:icon_lol:
Како ќе се исчисти сметката жити се?То ме интригира сеа.
Ние стечај ако не одиме треба ќефој да сме,тука треба општината да реагира,со својата моќ,не да го води клубот,туку да биди еден посредник за да се најди чаре за клубот,да се дај на некој сериозен спонзор,нормално ко шо викат со чисти сметки и гаранции,а за возврат да се бара од спонзорот исполнување на некои услови,а не ко досега се да биди само парче хартија која не вреди ни пет пари.
Не можи вака.
Башка мизерна бодовна состојба иаме,ростерот осакатен,а допрва можи уште некој да ги запали патиките.
Џабе кажват некои рекордни бројки,суми,2 милиони евра за спорт наредна сезона,1.3 за стадионот и 550 К за спорт,ова не вреди ништо,расфрлање со бројки е само.
Оти ова сума шо ја кажват е за цел спорт,за професионален,рекреативен училишен и сите логистики околу,а за то шо ние го чекаме и се надеваме ќе почекаме.
Се е само реклама пред нова година.
Треба итно да реагират,дури има време да се спаси нешто,со муабети од типот,ИСЧИСТЕТЕ ЗА ДА ВЛЕЗИМЕ НИЕ, е исто ко она легендарнато АБЕ ЦИЛЕ САКАШЕ ДА ГО ЗЕМИ РАКОМЕТО,АМА СПИРО и ЕФТО НЕ МУ ГО ДАДОЈА КЛУБО така поминаја 15 години.:tapp:
 
Дека некој ќе му се иссили на големите за да се спаси клубот мало сутра.Сите тие богатите се врзани Камчевци па и Цермат и вртат пара со политичарите не му е во корист да си прат проблеми.
 
Томасино за претходниот пост, ти се молам не мешај метропола со село ! Не ме заебавај 21 век уште низ турска калдрма возиме :tapp:
Скопските општини, се не светлосни, пре пре пре светлосни години пред нас, едни мочани Прилеп, Струмица, Штип ја заминаја Битола во секое можно поле, не пак скопските поголеми општини....
И Битола да има 50 милиони евра општински буџет, ти мислиш ќе имаме јак спорт ?
Битола последните неколку години го има НАЈГОЛЕМИОТ буџет во самостојна МК, убо напиша некој погоре, треба прво да се среди инфраструктурата на секој можен план, прво да заличи градот на ГРАД, види го само влезот на Битола од страната на Оризари и ќе ти стани јасно дали живееш во Битола или во Бејрут, ниту осветлено ниту ништо, озонски дупки по патот, ниту има табла дека влегваш во Битола ниту ништо, па Новаци да одиш имаш табла Добредојвоте во Новаци бе :kezec: За шо да збораме друго, сакаш уште 300 работи да ти набројам кои не чинат во градот, а треба да си ги реши општината ? :D
Убо спомна и Горан, општината неможи да го напрај стадионот дури не клај рака од горе владата од Скопје, да речи ќе прајме стадион во Битола тие да одделат финансии + ФФМ + општина Битола е тогаш можи да се надеваме на нешто, а до тогаш ќе биди мачкање на очи, ќе гледаме испраени шипки по 10 метра на делот на т.н. северна трибина :pos:

И достате со то веќе дека општината требало да дава пари за клубот, како не ви се смачи истиот муабет незнам...
Јас да сум прв чоек нешто или претседател на совет 10 денари нема да префрлам за спортот во Битола, ебани 10 денари нема да дам, која е бе општината да дава пари за ФК, РК или КК !?!?
Си влегва спонзор во клубот, си има свој план, свој амбиции, си задава буџет и чао пријатно, е ТОГАШ ПЛУС АКО САКА ОПШТИНАТА МОЖИ КАКО ОД ПОМОШ ЗА СПОНЗОРОТ ДА ФИНАНСИРА, а не ние да чекаме општината да префрли пари, па и тие 200-300 илјади шо ги дава за ФК ни биле малку, нашла ѓупка колбас оти е крив сега, абе ич не треба, ниту 10 денари да легнат на сметна на клубот, дури не се најди некој маж па да се растреси овде, а до тогаш ќе бидиме вакви циркузанти...
 
Bi mi bilo mnogu milo ako se ostvari ova sho e napisanoto. Bi sakal da go vidam Mane trener I da se vratat site ovie deca od Pobeda oti I kaj niv situacijata ne e sjajna a ubo bi bilo ako mozat da gi vratat I Minceto, Riste Ilijovski I Nedanovski I tie se nashi deca. 100 pati so pogolem kef ke odam da gi gledam utakmicite da si igrame vaka so nasi deca pa makar I da ispadnime a siguren sum deka so srce ke igrat I deka poubaj rezultati ke izvat otkolku Bazevci I kompanija. Cvetanovski , Popzlatanov I Tosevski najverojatno vo Vardar ke odat sho znaci nemame nitu eden desen bek za tamu treba da se najdi nekoj. Ako se ostvari napisanoto vo sport imame kolku tolku nekakva postava Ilce ke brani odbrana ke se Ljamce Dragaro Egri I nekoj desen bek sredina Backata I Buki krila Petar Ljamce I Cvetanovski poluspic Ive I spic Manevski ne e tolku loso ama zameni nie od forumo :P
 
Кога и да треба да се гасни пожарот во Пелистер, пак се тргнува со битолчани и со тренери и со играчи... Мислам дека Мане е повеќе од одлично решение, но исто така мислам дека не треба повеќе да се има милост кон никој во клубот, кој до сега ги држеа многу конци, кодошеа и стално беа фатени за да нема бунт во клубот, кога ќе се борчеа плати или слично. Сите, а и Мане сигурен сум дека добро ги знаеме кои се тие, нив одма да му се дај шут карта, и онака не заслужват да го носат дресот на Пелистер !
Време е за битолчани пред се во клубот, но пред се квалитетни и професионалци ! ;);)
 
Кога и да треба да се гасни пожарот во Пелистер, пак се тргнува со битолчани и со тренери и со играчи... Мислам дека Мане е повеќе од одлично решение, но исто така мислам дека не треба повеќе да се има милост кон никој во клубот, кој до сега ги држеа многу конци, кодошеа и стално беа фатени за да нема бунт во клубот, кога ќе се борчеа плати или слично. Сите, а и Мане сигурен сум дека добро ги знаеме кои се тие, нив одма да му се дај шут карта, и онака не заслужват да го носат дресот на Пелистер !
Време е за битолчани пред се во клубот, но пред се квалитетни и професионалци ! ;);)
То е проблемот. Шо кога и да се „накрени“ клубот и да се стигни до некој кеш, одма домашните фудбалери не чинат. Ко ќе замини возо и ко ќе нема кој да игра, одма се барат назад. Алал да му е на тие шо ги барат сега назад ако се вратат. Немам коментар.
 
То е проблемот. Шо кога и да се „накрени“ клубот и да се стигни до некој кеш, одма домашните фудбалери не чинат. Ко ќе замини возо и ко ќе нема кој да игра, одма се барат назад. Алал да му е на тие шо ги барат сега назад ако се вратат. Немам коментар.
Па овие ако се вратат, синкир од љубов кон клубот ќе се вратат. Нема кај да одат бе луѓе. Тие шо имаат еднаква или подобра опција од Пелистер синкир ќе ги вратиме.
Кој дава пари, тој си одлучва кој ќе игра. Ако смета дека битолчаните не се доволно квалитетни за амбициите, нека ги шутни. Ич нека не се враќат тие шо ги молат., посекако ќе ги шутнат пак за година-две.:icon_lol:
 
Има деца шо вредат од тие шо ги „шутнаја“. Зато не вервам дека ќе се вратат, ама којзнај.
 
Реално не треба да се вратат сите тие од Победа назад, ама па ко ќе видиш и толку му е квалитетот и неможиш да ги држиш во екипа ако планираш да целиш за високите позиции на табелата. Зборам за дел од тие шо ги пуштија, не за сите...
Мене најмногу шо ме иритира во цела ситуација е то шо и покрај се шо му напраја на клубот овие криминалците, нашите од општина уште ги молат за да останат и да продолжат да инвестират.
Абе нема шо да ги молиш, или да преговараш со нив. Се виде тие какви намери имат и дека не се за сериозни инвестирања тука, него само за политички калкулации. Со нив прекинваш да разговараш и оставаш адвокатите да разговарат за се шо е поврзано со Пелистер.

Е сеа, како да се надмини најбезболно тој долг од над 200К шо го спомна Валентин и клубот да продолжи да функционира уште одма нормално...
Според мене, треба сите досегашни играчи да ги испуштат(барем тие шо останаја), пошо беа вклучени во матните игри на Блашко и да се формира комплетно нова екипа шо ќе биди склоп од младинците и неколку битолчани повратници, да нема странец ниеден во клубот а општината полека дел по дел да го подмирва тој долг за да нема проблеми клубот со доверителите. Одкако ќе го добијат судскиот спор со предходните газди (Пелистерка и Цермат), парите шо ќе ги добијат да легнат на сметка на општината и така општината ќе си ги врати тие пари назад а клубот нема да има застој во работењето.
Ако успеат да изборат опстанок ова сезона децата со тие скромни финансии, за наредна сезона летото да се напрај нов управен одбор како во ракометот и пробат шо е можно поќе бизнисмени да учествуват во тој управен одбор и на база на тој тим да се купат само 2-3 јаки странци и клубот наредна сезона да биди во средината на табелата а фокусот и инвестирањата да бидат во школите на Пелистер.
Наместо да фрлат пари во првиот тим, да се инвестира во стадионот и конечно да се дозаврши комплет со се помошни терени за тренинг да не се бламираме да тренираме по селата.
ДУри ако треба и втора лига нека биди првиот тим, ама фокусот да остани на школата и подобрување на инфраструктурата.
Ако се најди јак спонзор, бујрум нека го земи клубот и нека инвестира во првиот тим, ама ако нема само со општински пари ако се финансираме, тогаш 70% од тие пари најпродуктивно би било да се инвестират во младинските категории.
Само да успеат да ги соберат најквалитетните дечиња од сите приватни школи во Битола да се под закрила на Пелистер, клубот за 5-6 години ќе исфрли екипа за прв тим од тие деца и со нив без странци ќе можиме да бидиме стабилен прволигаш. Да не зборам кој ќе биди бенефитот ако ги продајш тие деца во појаките клубој или надвор во странство.

Треба конечно правите луѓе на право место да застанат и еднаш засекогаш клубот да расчисти со малските курнази од типот на Монгол, Митко, Петко, Трајко...
ПОсле ова шо му го напраја на Пелистер, треба вратата на Пелистер за нив да биди трајно затворена.
Да не му се повторат поќе такви ликој на клубот во иднина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom