Абе се супер шо пишите,ама џабе е ко нема ефект кај надлежните...
Сите се кријат како глувци..
Од докторо нема да добиеме одговор...
Од Цермат исто....
Техничкиот директор замина,ете и Србинот замина...од за нив познати причини...
За добар дел од прашањата се знај одговорот...и не треба да се мачат да ни одговарат,јасно е се...

А посебно е очигледен околу "спонзорскиот договор со Цермат"...
Се е превара тешка....
Кој спонзор,доминантен сопственик би дозволил ваква рашмонијада?
Само да влези чоек на стадион и ко ќе види дека нема никаде ниедна реклама,лепенка,било шо со логото на спонзорот се ќе му стани јасно...
Екипата е пред втора лига ни на прес излегват ништо....штама...
И Зоки одвај чека да испадниме за да се куртули...Виде и тој кај влезе и со кој си фати работа

...
А кога веќе прашваме прашања,ете прашајте го Ѓоко неколку прашања ко ќе го најдите....
Од управата се виде,џабе е сега,сега цело внимание треба да го насочиме ако можи нешто да се спаси за да не испадниме...
1.
Зошто ги игра заедно во иста постава Бурхан,Бацката,Чешмеџиев..?
Потпрашање...
Зошто Чешмеџиев играше лев бек?
Тројцата се сличен профил на играчи,посебно Бацката и Чешмеџиев..
Шо ќар имаме од тројца играчи кои немаа удел во офанзивата...
А и во одбраната со толку дефанзивни средни да ни напрај толку шанси екипа ко Турново е срамота,резил....Нема шо да се дискутира...
2
.Зошто во тимот нема место за Батецот,Мирчевски(барем овај досега играше,шо бидна вчера појма неам,да не е повреден или жолти)?
И така кубуриме со праење шанси,вака без овие двајца играме без никаков креативец,чоек шо ќе дај топка.шо ќе пробие,издрибла,напрај простор,едноставно такво нешто за нас е научна фантастика,за жал......
И како ќе дајме гол со ваква постава?
Од Љамче ќе чекаме?
3.
До кај е со повредата Крстески...?Вчера беше на клупа(изгледа не е опоравен уште)....
Велковски можи е потенцијал,ама детето не е во никој случај за прва постава да игра,премногу несигурен е...
Плус никаква координација немат со близнакот....

За нападот нема шо да се прашва...

Од сите играчи шо ги иаме можи најубо ќе биди да се проба со Иве,барем наше дете е,од овие ако чекаме тешко нас...
Не знам стварно шо да речам,работата е дојдена нож до коска....
Ако не се попрат работите ни се еба матер....