Ако не ја тепаме сега оваа расклантана Шкендија незнам кога ќе ги тепаме !
Во последните 10 утакмици, имаат 4 победи 3 нерешени 3 порази, ептен лошо играат последно време, не дека ние сме нешто подобри, ама мора да се искористи слабоста на противникот, плус го отпуштија тој Брдариќ тренерот на 1 недела пред куп финале отпуштаат тренер.
Мора голема мотивација кај нашите, да не влезат лабаво во мечот, мора претпазливо да играме.
Шо се однесува со екипата, цела екипа ќе е спремна за со Шкендија, сите се во строј и на располагање кај Наџи.
Се враќа тогаш Фернандо, Лукас намерно сега не го игра го штеди од повреди, а имал некоја ситна повреда ама за финалето е фит, Попзлатанов исто почна со тренинзи, уште сега за со Шкупи ќе биди во комбинација за игра. Тодоровски веќе изигра неколку утамици од клупа, се враќа и Љамче мислам, само за Мирчевски незнам шо повреда доби.
Ама штом се вратија сите останати, не е толку битно за Минчето. Попзлатанов би стартувал како у21.
Нека се пазат сега од повреди само за Сабота со Шкупи, нека оди Наџи и со втор состав овде, нека ги запази Ковачев, Рики, Баже, Силва....