Фан клуб: Пелистер!

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде уште една победа, добри сме добри. Искрено почнуваат да ме изненадуваат, се покажува дека првиот натпревар кој го загубивме од Струмица, беше само еден лош ден...
 
браво за екипата на КК Пелистер, докажавте дека влегувате во голема четворка (струмица,фени, работнички и пелистер)
 
ТЕШКА, НО ЗАСЛУЖЕНА ПОБЕДА НА СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР ВО ДЕРБИТО СО ФЕНИ ИНДУСТРИ
"Пелистерци" го "стопија" Фени
СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР - ФЕНИ ИНДУСТРИ 78:75

(21-19; 19-18; 17-25; 21-13)

Сала " Младост" - Битола. Гледачи: 3.000. Судии: Диковски-Златевски-И.Митровски. Делегат: Пиперков - сите од Скопје

Играч п 3п 2п 1п ск. ас. Играч п 3п 2п 1п ск. ас.

Петковски 3 0/4 1/4 1/2 2 2 Ангелов - - - - - -

Савовиќ 0 0/1 0/1 0/0 0 0 Прековиќ 2 0/4 0/0 2/2 1 2

Поповиќ 19 1/4 4/6 8/14 6 0 Баснарков - - - - - -

Дујовиќ 14 3/6 2/2 1/2 4 2 Димитровски - - - - - -

Апцев - - - - - - Кол 12 1/4 3/5 3/6 4 0

Николовски - - - - - - Радуловиќ 5 1/1 1/4 0/2 5 2

Пејановиќ 17 4/8 1/1 3/6 3 1 Манев - - - - - -

Станковиќ 8 0/0 4/5 0/0 2 0 Гоцевски 17 1/3 5/7 4/6 8 0

Србиновски - - - - - - Ѓуров 7 0/3 3/3 1/4 3 4

Миљковиќ 12 2/6 1/1 4/6 5 6 Јововиќ 14 2/2 2/3 4/6

Талевски 3 0/1 1/2 1/2 6 1 Михајловски - - - - - -

Захариевски 2 0/0 0/0 2/4 3 0 Самарџиев 18 4/9 2/3 2/2 6 4

Вкупно: 78 10/30 14/22 20/36 31 12 Вкупно: 75 9/26 16/25 16/28 30 13
3E179BD30BF6FE42A97FF8E157289AAE.jpg

Кошаркарите на Свисслион Пелистер се тие кои му го нанесоа првиот пораз на забревтаниот состав на Фени Индустри.

Во "битолска атмосфера", и голема битка, Свисслион Пелистер славеше заслужен триумф (78:75).

Во доста изедначен натпревар, без некои резултатски пресврти во кој "бело-зелените" го имаа постојаното водство, се беше решено во последната минута од играта.

Откако на 14. секунди пред крајот, гостите постигнаа тројка и намалија на (75:76), тренерот на Свисслион Пелистер, Александар Петровиќ побара тајм-аут.

Десет секунди подоцна, младиот бек на кавадарчани Дарко Радуловиќ направи прекршок врз Пејановиќ, кој судиите го окарактеризираа како неспортски.

Пејановиќ мирно ги погоди двете слободни фрлања, ги одлепи "пелистерци" на плус три (78:75), кои имаа и напад. Следуваше брз прекршок на кавадарчани, по кој дојде потврдата на големата победа за Свисслион Пелистер. Поповиќ не ги даде двата "пенали", но кавадарчани останаа без време за напад, па мораа да ја потпишат првата капитулација во новата сезона.

Претходно, "пелистерци" беа во предност, но не значителна. Така беше и до одморот на кој домашната екипа имаше плус 3 (40:37).

Во третиот период, Фени Индустри, иако без незалечените Александар Димитровски и Владимир Поповиќ, направи резултатски пресврт. "Пик-енд-рол" играта на Горан Самарџиев со високите гостински играчи (посебно Гоцевски) беше скоро неодбранлива за домашната одбрана. Со серија 8-0, Фени дојде во прва предност (54:51) а до крајот на третата четвртина и до (62:57).

Во последниот дел, "пелистерци" се вратија со прецизен удар, пред се за три поени. Откако гостите од Кавадарци имаа водство од (66:61), кога останаа да се одиграат уште цели пет минути, дојде една мини-серија на Свисслион Пелистер за враќање на водството (69:66),. Милош Пејановиќ даде две, се чини, клучни тројки во тој дел од играта. Плус од четири поени имаа домаќините и во последната минута (76:72), кога Самарџиев погоди за три и донесе дополнителна неизвесност, на крајот со хепиенд по битолчани.
 
Добар натпревар, одлична атмосвера и заслужена победа..
Имам неколку слики и 20тина секунди видео на крај прославата..
Ако не заборавам утре ќе ги ставам..
 
oooo suzana go eb*m pelister ja eb*m cela bitola i ckembarite!!!!!!! ke grmi utre vo aerodrom!!! moze nema vnatre ali nadvor sme so niv :)
 
Пеер земи лексилиум, пеер...:):pos:


Доста ви беше една победа дома, не лакомете :)
Во оваа утакмица не гледам предизвик ама среда :vozbud: леле, леле.
Пелистер - Работнички!!!
 
Добро играт Пелистер сега за сега , 13:0 прават во низа...
 
Не знам што подразбираш ти мајсоре под добра игра ама да изгубиш на гости од катастрофален тим на МЗТ пред празна сала тоа не е за мене добро.Многу ми е жал што не стсавме да се разбереме со Ацо Петровиќ ама ке има прилика и за тоа здравје
 
Не знам што подразбираш ти мајсоре под добра игра ама да изгубиш на гости од катастрофален тим на МЗТ пред празна сала тоа не е за мене добро.Многу ми е жал што не стсавме да се разбереме со Ацо Петровиќ ама ке има прилика и за тоа здравје

Не, итарј пејо, тоа добро играт се однесува за оваа утакмица сега која ја играт со Работнички, не за минатите утакмици...

4 разлика, 67:63
 
eeeeee toa samo family se brkaat od sala i se kaznuvaat ostanatite navijacki sto sakaat mozat da pravat!!!! ako kako i da e pak nema da mozat da se otarasat od nas
 
Конечно победа....многу неизвесности али крајот го краси делото...
бев малку скептичен од почеток ама на крајот победа си е победа...
не бев во спортската сала ама фатив на крајо на ТВ...навивањето беше солидно со оглед на тоа што не бевме во полн состав(јас фалеф:wink:)
 
Победа на Пелистер !!!!!!!!!

Пелистер -- Работнички --95-91 !!!

Ај честито победа...многу ми е мило што победи ПЕЛИСТЕР а не работнички.
 
Пелистер Свислион - Работнички Фершпед 95:91 .Честитки за победата битолчани, успеавте да го победите единствениот непоразен тим што беше во сезонава.Ова покажува дека ке имаме многу интересна сезона:) .Уште еднаш честито.Поздрав:wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom