Фан клуб: Пелистер!

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Иначе овај на Петкото му е внук. После Фени младинци беше и во Куманово и во Вардар, ама изгледа не изигра нешто посебно кај нив, а поприлично ветваше дур беше во Фени.
 
Димитар Илиевски се вика.
Ние го земавме како играч на Куманово. Дојде ланска сезона и играше во младинците на Вардар и во Вардар Апаве во втора лига.
Играше просечно во втора лига, иако според мене подобар е од другиот центар што го имавме тогаш (Шалев). Во младинците го пропушти финалето на купот ради повреда, така не издоминираа МЗТ со Љубо Младеновиќ. Закачи некоја повреда ланска сезона, отсуствуваше бајаги време мислам.
 
Абе уште 500 пати со ред да играме со Вардар нема вака лошо да изиграме, играта од првиот дел на сезоната со играта моментално шо ја играме е разлика како ден и ноќ :D
Највероватно тоа се должи на тоа што се е решено во втората лига, се знај кој оди прва лига, а кој игра бараж, да беше од некое значење утакмицата за Пелистер, :kuracc: ќе тепаше Вардар :pos:
Во ништо не е поквалитетен Вардар од Пелистер, тоа никој неможи да ме убеди, незнам како изгубивме од овие 30 разлика таму :D ама ај на гости башибузук сме, ама барем за домашната утакмица Петкото требаше да ги строј.
Почетокот на мечот беше клучен тука се оддачели Вардар 2:11 ни напраја на стартот и после тешко беше да фатиме резултатски приклучок и Вардар имаше водство во цели 40 минути.
Само двајца играчи на Вардар ја напраја цела разлика, само тие двајца делат за разлика од другите, тие центарот со број 61 овај вака ако игра треба за репрезентација да го викнат :D Па се погоди чоекот каква рака има, од кај фрли се влезе, преку 20 коша сигурно даде и тој со број 10 шо му беше мислам дека Кочов му е тој, исто е тој многу добар, другите катастрофа, Радуловиќ прво полувреме исто како да не играше, па подолго време и остана на клупа во првото, второто се размрда малку погоди 2 тројки и 2-3 коша даде за два поени, не беше ништо посебен и дефинитивно најслабиот играч на Вардар беше 37ката :pos: овај ти е ретардирана верзија од Пеџа Самарџиски, заради него на крај некој фрки се десија, заедно со 61 провоцираја на крај...

Кај нас кој друг ако не капитенот капитенски по незнам кој пат најдобар Анакиевски :D само на крај ја посра, на 1:30 на крајот стигнаме до -3 и имавме напад, овај го фати еуфорија ја зеде топката сам ја пренеси и уште 15 секунди сигурно имавме за напад зеде шутна за тројка и промаши непотребно, оди си на сигурни 2 поени, тука ја ебавме утакмицата. После имаше напад Вардар промашија и пак имавме ние напад и повторно шутиравме за три, ама сега шутираше Захариевски :facepalm: кога ќе земи центар да шутира тројка мочај се на се, погоди една тројка во првото, ама после во второто промаши три, непотребно шутиравме тројки а имаше доволно време, откако промаши и Захариевски, после се беше решено, Вардар ги годеше слободните и на крај тепа со 8 разлика.

На оваа утакмица не убија тројките, незнам кога НЕ ОДИ зошто упорно се шутираше за три, како македонската репрезентација сме, реализација на тројка имавме 5 од 12842141270 обиди :tapp:
тука лежи утакмицата....
 
Официјално КК Пелистер во ПРВА ЛИГА ! :D

Како влеговме бог знај, шо се случи, највероватно откажа некој од прва лига и место нив се приклучва Пелистер, инаку лани завршивме 4ти во втора лига, не гледам како поинаку би можеле да влезиме :D

Единствено сега шо можиме да се пофалиме е тоа шо сите клубој со името Пелистер во различни спортови ни се во 1 лига :D
И еден фушарски ракометен клуб исто во прва лига е...

БИТОЛА НАЈСПОРТСКИ ГРАД ! :vozbud: :pos:
 
Андрејевич е ново име во клубот... Го вратиле и Мико Голубович.
Уште 2 играчи требало да донесат до почетокот на првенството.
 
Од Мак Баскет:

Андрејевиќ и Голубовиќ ќе го бранат рекетот на битолчани.

Српските интернационалци со искуство во Првата лига Александар Андрејевиќ и Мико Голубовиќ се првите засилувања на новиот прволигаш KK Pelister AD Bitola.

За Голубовиќ ова е трет настап во „зелено-белиот“ дрес по „епизодите“ во 2009-та и 2014-та година. Триесет и четири годишниот центар изминатата сезона ја започна во Струмица каде на 7 натпревари постигна просек од 8.1 поен и 3.6 скокови по натпревар. Од Струмица замина во Бугарија каде настапуваше за тимот на Академик од Пловдив.

Дваесет и пет годишниот Александар Андрејевиќ игра на позицијата крилен цетнар и во тимот од Битола доаѓа по сезона помината во Струмица и Куманово. За тимот на Струмица одигра 4 натпревари каде во просек постигнуваше 13.3 поени и 5.8 скокови. По добрата игра во источна Македонија премина во КК Куманово како засилување за разигрувањето по раздбелата на кумановци со Жарко Ракочевиќ, но поради повреда не успеа да се избори во составот на кумановци и за следнава сезона.

Овај вториот не играл во Куманово.
 
Имаше двајца Андрејевиќи. Едниот цела сезона играше во Струмица, другиот (помлад играч) на пола сезона дојде во Куманово.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom