Фан Клуб : Овче Поле

  • Креатор на темата Креатор на темата WW
  • Време на започнување Време на започнување
09.10 Ovce Pole-Kumanovo
16.10 MZT Skopje-Ovce Pole
20.10 Ovce Pole-Pelister
23.10 Ultimejt Basket-Ovce Pole
30.10 Ovce Pole-Torus
03.11 Lirija-Ovce Pole
06.11 Ovce Pole-Rabotnicki
13.11 Ovce Pole-Feni Industri
20.11 ABA Strumica-Ovce Pole

Вака гледано, според мене, од прв поглед... ми изгледа дека во овој прв дел од овие девет натпревари, скорот ќе ни биде 6-3... пораз од МЗТ и Фени и еден од Работнички или АБА :) Па ќе видеме натака што како :wink:
 
SE TEPAME ALOOOOOOOOO ! OVCE POLE..i se vrati Filip Pavlovic vo Ovce Pole.. :D
 
Синадинович во Овче Поле :helou:
 
Штета што не остана ланскиот состав и плус засилувањата од оваа сезона како синадинович и незнам кој други :) да останеа караџов,хелд,ристиџ и составот што е сега би биле вистински конкуренти на Мзт,Работнички,Торус и останатите а би можел и Фени да падне у Св.Николе доколку беше тој состав :) ама што е тука е
 
Каталиниќ во стручниот штаб на Овче Поле
На само неколку дена пред почетокот на новата сезона, по обновата на договорите со најголем дел од првотимците, раководството на екипата на Овче Поле одлучи да го засили и стручниот тим.
Односно ново име во стручниот штаб да биде Саша Каталиниќ, млад и амбициозен тренер, кој во текот на минатата сезона работеше како прв тренер на второлигашот "Лирија" од Скопје, а оваа ја почна како дел од стручниот тим на третолигашот "Профи Баскет", исто така од Скопје.
Претходно, неколку години по ред Каталиниќ работеше и во екипата на К. Соколи 2000.
"Каталиниќ ќе биде вклучен во работата со стручниот штаб на Овче Поле"- потврдува и спортскиот директор на "зелено-белите", Александар Наумов."Тоа е став на раководството на клубот кој има намера, цел, да ја засили стручната подготовка на екипата во новата сезона. Се надеваме на добра соработка со Каталиниќ и, секако, поголеми успеси во работата почнувајќи веќе од првото првенствено коло, она со екипата на Куманово 2009 овој викенд"- дополнува Наумов.
Раководството на клубот од Свети Николе и понатаму смета на услугите на Ангел Љутков.
"Тој и понатаму останува дел од стручниот штаб на Овче Поле. Тоа е желба на раководството на клубот, која ние сакаме да ја испочитуваме во целост"- вели Наумов.
Иако со доста големо "доцнење", екипата на Овче Поле синоќа требаше да ја направи и првата официјална проверка пред почетокот на сезоната.
"Овчеполци" му гостуваа на второлигашот Вардар "Под Кале", а стручниот штаб ќе се обиде да направи уште една "контрола" пред да тргне новиот шампионат.
 
Абе Билбија немало да игра за Овче Поле,озбилно?
 
Ајде бе не лупајте, Билбија немало да игра... како нема кога бев на тренинг денеска и беше таму... Емил Колев, Еди Синедоновиќ, Филип Павловиќ и Трајче (презиме не му знам, од Ултимејт) се новите, утре се чека на Миге... нов тренер е Каталиниќ, според првиот тренинг ми изгледа одличен тренер, ќе видиме понатаму, тука е и Анѓел Љутков во стручниот штаб... мислам дека дефицит ќе бидеме на позиција 4, со Ристиќ би биле комплетни, но сега за сега мали се шансите да се врати Нешо :)
 
Разделба, но не и збогум!

50512C4E59DB2E41BBD88E11D4DEEB01.jpg

Ангел Љутков се повлече од тренерската позиција во Овче Поле. "Направивме доста во овој изминат период, мислам дека му дојде редот на некој друг сето тоа да го надгради"- вели на заминување довчерашниот предводник од клупата на "овчеполци"...

Разделба, но не и прекин на соработката на релација Овче Поле и долгогодишниот тренер Ангел Љутков.
Така, во само една реченица може да се опише одлуката која ја донесе сега веќе довчерашниот шеф на стручниот штаб на екипата од Свети Николе.
По доста двоумење, долгогодишниот прв тренер на "овчеполци" одлучи дека е доста, одлучи да се повлече од првата тренерска поизиција кај "зелено-белите" и да му ја отстапи на некој друг.
"Можам слободно да кажам и официјално да потврдам дека од денес не сум повеќе прв тренер и шеф на стручниот штаб на КК 'Овче Поле' "- потврдува Љутков.
"Со ова практично се заокружува мојот тригодишен ангажман како тренер. И можам слободно да кажам, секако, со поддршка на моите играчи и претседателот Зоран Даневски, творец на една стабилна кошаркарска екипа, која со успех веќе две години настапува во Првата лига, направивме доста. Екипа која во секоја наредна сезона остваруваше с$ подобри пласмани. Па така, од сезоната 2007/08, од една просечна второлигашка екипа со преземање на екипата и фузирање со велешкиот Леов Ангели обезбеден е влез во Прва лига. Веќе во наредната сезона 2008/09 во својата прва прволигашка сезона обезбеден е влез во Супер-лигата и остварено е шестот место, со што практично е надминато очекувањето (опстанок во Првата лига),
Во третата едноподсруго сезона 2009/10, постигнат е историскиот успех на екипата. Освоено е четвртото место, обезбедено е учество во плеј-офот и полуфинале на куп натпреварите. Сето ова оставрување има и многу поголема тежина ако се земе предвид мојот полупрофесионален ангажман. Со само еден тренинг во денот (поради мојата професионална работа професор во средно училиште), секојдневното патување, мое и на еден дел од играчите од Велес до Свети Николе, како и мојот удел во работата со младите категории кој преку мојот клуб во Велес го претставуваа Овче Поле во младинската лига во претходните три сезони" - се обидува да сублимира Љутков за она што го "преживеал" во изминатиот период како прв тренер на "овчеполци".
Едноставно Љутков проценува дека веќе не е во состојба да продолжи со истото темпо на работа со тимот од Свети Николе.




Приклучивме шестмина од младинската екипа, а во трите дена на располагање до вечерва, кога завршува рокот за пријавување, ги очекуваме Срѓан Божовиќ и Никола Којовиќ од Србија, Боби Михајловски од Пелистер, Јовче Ќурчиев од Овче Поле, Филип Конзулов од Торус, а можно е да остане Славиша Јанески, иако навести заминување во матичниот Гостивар - велат од У. Баскет.(дневник-од денес)
 
Јове отиде во Ултимејт, затоа на негово место Миге е ангажиран :wink:

П.С. И Боби Михајловски во Ултимејт
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom