Фан Клуб : Овче Поле

  • Креатор на темата Креатор на темата WW
  • Време на започнување Време на започнување
Нов играч во Овче Поле... се работи за Бобан Билбија 207 cm, роден во 1983 година, на центарската позиција од Чачак, Србија... кошаркар со богато меѓународно искуство, бидејќи настапувал во екипи од Бугарија, Романија, Мароко... а доколку се договорат и двете страни за останување за оваа сезона, тој повторно ќе игра со Небојша Ристиќ (претходно играле заедно во Балкан од Ботевград) :smir:

http://sport.com.mk/WBStorage/Files/110210.pdf
 
КК Овче Поле - КК Гоце Делчев Штип 70-62 во подготвителен натпревар... утре КК Овче Поле - КК АБА Струмица во 16 или 19 часот :helou:
 
Па добро изигра во одбраната, имаше неколку скокови, украдени топки... а со поените слабо денеска (се гледа дека е подвижен, со добар скок, со одличен скок-шут... само ќе треба некое време да се вклопи целосно во екипата) ... а за останување ќе видиме, а се поочигледно е враќање и на Марко Тодоровиќ :helou:
 
Овче Поле - АБА Струмица 70-68 во последниот подготвителен натпревар на екипата на Овче Поле пред почетокот на новата 2009/2010 сезона... скоро цел натпревар не настапуваа Небојша Ристиќ и Трајче Караџов... а се пробуваа неколку тактички варијанти од страна на тренерот Љутков, затоа и имаше голем број на ротации со играчите и нивните позиции... и дефинитивно Марко Тодоровиќ и новата сезона ќе биде член на Овче Поле, така да центарската позиција не е веќе хендикеп за Овче Поле... тука се корпулентниот Бобан Билбија, младиот и перспективен Александар Милосављевиќ, одличниот Марко Тодоровиќ и постариот член Ристе Стојанов...тука се и високите крила Јове Ќурчиев, Николчо Струков и младиот Санди Мухаџиќ, универзалниот Небојша Ристиќ... и бековите Слободан Михајловски, Трајче Караџов, Бошко Ивковиќ, Марјан Младеновиќ, Тоше Ивковиќ... се на се мислам дека имаме појака екипа од ланската и дека шансите за 4-5 место се реални, ако се земе предвид дека на Фени, Вардар Осигурување и Работнички скоро и им се осигурани првите 3 места... :helou:
 
Вардар Осигурување - Овче Поле 81:61... очекуван пораз на екипата на Овче Поле од екипата која оваа година има шампионски амбиции... :toe:

http://www.fibalivestats.com/matches/5503/01/11/68/41eD1pLHJcbKU/

Овче Поле-----------------------------------------Вардар Осигурување

4. Тодор Ивковиќ 0 поени-----------------------4. Ненад Станков 3 поени
5. Влатко Ристовски 0--------------------------- 5. Игор Пенов 1
6. Чеде Петрушевски 0-------------------------- 6. Филип Митровски 0
7. Ристе Стојанов 0------------------------------ 7. Иван Наумовски 0
8. Марјан Младеновиќ 3------------------------- 8. Тони Симиќ 9
9. Трајче Караџов 6------------------------------ 9. Дарко Радуловиќ 16
10. Марко Тодоровиќ 0------------------------- 10. Дамјан Стојановски 32
11. Небојша Ристиќ 15---------------------------11. Кирил Николовски 12
12. Бобан Билбија 13---------------------------- 12. Владимир Кузмановски 0
13. Јове Ќурчиев 11----------------------------- 13. Тони Грнчаров 5
14. Бошко Ивковиќ 9---------------------------- 14. Перо Блажевски 3
15. Слободан Михајловски 4-------------------- 15. Јордан Николовски 0
 
Тодорович 0??? значи ништо не одиграл...цццц и овој Слободан Михајловски слабо
 
Тодорович 0??? значи ништо не одиграл...цццц и овој Слободан Михајловски слабо

Марко играл не цели 10 минути, не е сеуште спремен, а Михајловски играл 15 минути, слабо да :smir:

Еве го новиот амблем на КК Овче Поле :wink:

308zjio.jpg
 
Сабота во 17:00h , собир во Парк и идење во Сала . ! :vozbud:
 
Еден вид на известување, само има мала корекција, наместо од 19:00 часот, натпреварот почнува од 18:00 часот :smir:

35jfcqc.jpg
 
Овче Поле - Вардар 2000 7480... заслужена, но сепак неочекувана победа на Вардар 2000, водеа скоро низ целиот натпревар и на крај резултатот не беше под знак прашалник... се што шутнаа погодија, додека пак Овче Поле беа слабо шутерски расположени и многу слаб процент на реализација за три поени... што е тука е, одиме на победа во Скопје во Среда против Торус... најдобар поединец кај Овче Поле беше Небојша Ристиќ, додека па кај Вардар 2000 најдобри беа Бојан Крстевски, Ѓорѓи Кочов и Димитар Петрушев :helou: статистика очекувајте покасно
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom