Фан Клуб : Овче Поле

  • Креатор на темата Креатор на темата WW
  • Време на започнување Време на започнување
Го следев натпреварот на статистика и гледам дека тактички слабо изиграле.
Колку време само Караџовски беше со 4 лични,исто така и Марковски.Ако и овие беа исклучени готови беа.И овој Ристиќ многу е спор,кој и да го чува сите имаат 20+.Поззз:helou:
 
А и овие судиите,кога губеме со многу разлика судат за нас,кога е тесен резултатот никаде ги нема,одма завртат против нас
 
Тука изгубивме, ама во Купот 100% добиваме :wink:

Планираме да идеме во Виница па ќе видиме, има време :)
 
Така треба
Со подршка можеби ќе изненади Овче Поле
А можеби и јас ќе дојдам
 
17 март Среда 18:00
Овче Поле-Работнички
 
Сега треба да ги тепате 2 пати Работнички за Final four нели
 
Да, да... треба од двата натпревари да ги победиме со 26 разлика и идеме... бидејќи во првиот дел загубивме од нив 24 разлика во Скопје и еден разлика дома :helou:
 
Дај Боже, и јас мислам така, бидејќи Работнички се деца во споредба со нашите... точно дека и ние сме ослабени после повредата на Билбија и заминувањето на Михајловски и Караџов, ама мислам дека убедливо ќе ги добиеме Работнички и во Свети Николе и во Скопје :smir:
 
Победа:vozbud:
Овче Поле-Работнички 96 :64
Хелд 25,Маце 24, Ристиќ 23

Горич 14,Марковски 13,Тодоров 11
 
Победа над младиот тим на Работнички со 32 разлика... до крај на натпреварот играа најдобрите играчи во Овче Поле, бидејќи сега несмееше да се дозволи таков луксуз како против Пелистер кога влегоа нашите младинци... со една нога сме во полуфиналето, само тоа треба да се потврди и во Скопје во Сабота... доволна е и победа со еден разлика над Работнички :wink:

Најдобри поединци кај нас Хелд со 25 поени и 12 скока, Младеновиќ со 24 поени и 12 асистенции и Ристиќ со 23 поени и 12 скока... во листата на стрелците се запишаа и Стојанов, Боби Ивковиќ, Шибалиќ и Струков :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom