Фан Kлуб: Осогово

  • Креатор на темата Креатор на темата Архивист
  • Време на започнување Време на започнување
ВТОРАТА ЛИГА МИСЛЕНА ИМЕНКА ЗА ОСОГОВО.

2008-06-09
7303osogovo_baraz2.jpg
Фудбалерите на „Осогово“ не успеаја во намерата од идната година да се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига. Овој пат „Осогово“ застана се чини кога беше најпотребно, загуби во бараж натпреварот од скопска „Локомотива“ и тоа по изведувањето на пенал серијата, откако во регуларното време и по продолженијата резултатот останал нерешен.

Додека го следевме пионерскиот натпревар на стадионот „Никола Мантов“ бевме во постојан контакт со луѓето од „Осогово“ па така благовремено имавме информации за сето она што се случуваше во Кавадарци.

„Осогово“ загубило од рамноправен па ако сакате и послаб противник, но сепак на виделина излегло се чини нередовното тренирање во паузата што ја имаа „жетварите“ пред натпреварот на годината.

Иако во првото полувреме скопјани не го поминале центарот сепак успеале да се одбранат од неколкуте стопостотни шанси што ги имале кочанчани па на одмор со отишло со мирни мрежи.

Во второто полувреме по рамноправна игра „железничарите“ први го откриле резултатот, но нивната радост траела кратко бидејќи „Осогово“ веќе во наредната минута со голот на Наков го израмнило резултатот. Тоа било се што се случувало во регуларните деведесет минути.

Во првото продолжение „жетварите“ преку Темелков дошле до водство кое сепак не успеале да го сочуваат, па се поминало на изведување на серија од по пет пенали.

Играчите на „Осогово“ постигнале само два гола од белата точка (С.Манчовски и Н.Георгиев) додека преостанатите три ги промашиле (Дамески, Велинов и Наков), па така белата точка на крајот од натпреварот се претворила во црна за „жетварите“.
 
Немавме среќа овој пат игравме добро па и водевеме али тоа е тоа, инаку бевме еден автобус навивачи и си поминавме супер btw скопјани изедоа по 2-3 бокса и една глава :)
 
ОСОГОВО РЕДИ ПОРАЗИ НА ПОДГОТОВКИТЕ

2008-07-16
8663os2.jpg
Екипата на „Осогово“ како да е се уште во шок по неуспехот во баражот за влегување во Втората македонска фудбалска лига. Играчите на „Осогово“ во оваа фаза на подготовки редат само порази. Вчера во Оризари загубија од новиот третолигаш „Младост“ со 1:2.

И во двата состава имаше играчи кои се на проба пред да бидат регистрирани за првенствените и куп натпреварите. Во екипата на „Младост“ многу млади фудбалери чукаат на вратата на првиот тим. Доста од нив се со посебен квалитет кој е гаранција за една посветла иднина за оризарскиот фудбал, но сепак се чини (барам таков впечаток имаше кај малубројната публика) дека Горан Гуцов е играчот кој остави најсилен впечаток од новите играчи.

Составот на „Осогово“ беше комбинација на играчите од ланскиот состав и на најквалитетните фудбалери од локалниот клуб „Бели“ кој барем спрема она што го дознавме нема да се натпреварува повеќе во третата лига. Се виде дека некои линии во екипата се уште не функционираат бидејќи играчите се запознаваат на теренот, но сепак загрижува не играњето на двајцата најдобри играчи на „Осогово“ во ланското првенство, капитенот Игор Темелков – Марадона и голгетерот Николчо Ѓеорѓиев – Кутрето.

Според некои членови од управата двајцата фудбалери уште не ги залечиле повредите, но според кажувањата на фудбалерите ним не им е исплатен последниот финансиски циклус. Без двајцата спомнати играчи според она што го видовме во Оризари „Осогово“ е „гола вода“.
 
Осогово има играно некои други пријателски? зош у текстот вика реди порази, па значи играле и други пријателски, па дај резултати и од нив.

од каде е овој тим Младост? од кое село?
 
Осогово има играно некои други пријателски? зош у текстот вика реди порази, па значи играле и други пријателски, па дај резултати и од нив.

од каде е овој тим Младост? од кое село?
Младост е од Оризари кочанско село,а резултатите од другите пријателски не ги знам,ако ги дознаам ке пишам,а можеш и ти да пишеш,зашто наредниве 10 дена нема да бидам тука
еве адреса од кај гледам за Осогово www.komarec.com.mk поздрав
 
Sto se slucuva so osogovo, dali imate nekoja informacija.
 
Осогово го совлада Силекс во пријателски натпревар во Кратово со 1:0
 
ЕФИКАСНО ПРЕД СТАРТОТ НА ПРВЕНСТВОТО

2008-08-21
9783os2.jpg
Во последниот натпревар од летните подготвителни натпревари „Осогово“ на стадионот „Никола Мантов“ со високи 5:1 (2:1) ја порази екипата на „Младост“ од населбата Оризари.

По сончево и спарно време по многу тешки услови за игра играчите на обете екипи во првиот дел прикажаа игра со доста трчање, но и неизградени акции за постигнување на погодок.

Вредно за одбележување во првото полувреме е голот на Шуманов постигнат „од прва“ од преку триесетина метри.

Во второто полувреме тренерите на обете екипи извршија по неколку измени и токму измените ја подобрија ефикасноста. Реактивираниот Стефан Јанев со два гола им се претстави на гледачите, а посебно за паметење е вториот негов погодок, односно четврти за „Осогово“ кога од прва биеше и ја „закова“ топката во горниот лев голманов агол.

Се на се натпревар кој покажа дека „Осогово“ поподготвено ќе го дочека стартот на првенството, додека оризарци изгледа дека ќе треба да поработат уште на стекнување снага бидејќи падот во играта на физички план им беше очигледен на натпреварот.
 
@dimitrijevski tebe te nema da pises deka osogovo igrale prijatelska so mak meso od tarinci i pobedile so 6-0
 
Па не сум видел дека играле,па затоа е форумот ако не пишам јас пиши ти или некој друг
Поздрав
 
Абе и ЛИДС играше во лига на шампиони1/2 финале пред нецели 10 години ама сега неигра ...се си оди кој колку посеал , толку си жнее.
 
ПОБЕДА И ВО ПОВТОРЕНОТО ПРВО КОЛО

2008-09-08
10399repete2.jpg
Во повтореното прво коло од Третата лига Исток, „Осогово“ ја забележа првата победа од годинашното првенство. Овој пат „жетварите“ му гостуваа на „Василево“, односно на екипата со која во првото коло (кој знае уште колку вакви први кола ќе има) се сретнаа во Кочани.

„Осогово“ победи со 3:1 (3:0) и ако играчите на менаџерот на екипата Крсте Крстев беа поснаодливи можеа да дадат уште најмалку по двапати толку погодоци. Но и вака задоволството е големо бидејќи прво коло, прва победа.

Екипата на „Бели“ која луташе цело лето помеѓу Штип и Струмица и овој пат не се појави на теренот. Гостите од Радовиш, екипата на „Јака“ допатуваа во Кочани а „белани“ по се изгледа повеќе сакаа да се одмараат одошто да играат. Бели не излезе на теренот иако беше домаќин.

Во првото коло постигнати се следните резултати: „Василево“ – „Осогово“ 1:3; „Слога Филип II“ – „Мак Месо“ 4:4; „Злетовка“ – „Тиверија“ 0:5; „Муртино“ – „Астибо“ 1:5; „Зрновка“ – „Карбинци“ 2:0; „Напредок“ – Рудар“ 0:2; „Малеш“ – „Брегалница“ (Д) 0:2; „Бели“ – „Јака“ (не се одигра), „Младост“ беше слободен.
 
Во првото коло постигнати се следните резултати: „Василево“ – „Осогово“ 1:3; „Слога Филип II“ – „Мак Месо“ 4:4; „Злетовка“ – „Тиверија“ 0:5; „Муртино“ – „Астибо“ 1:5; „Зрновка“ – „Карбинци“ 2:0; „Напредок“ – Рудар“ 0:2; „Малеш“ – „Брегалница“ (Д) 0:2; „Бели“ – „Јака“ (не се одигра), „Младост“ беше слободен.

Напредок – Рудар 0:1

п.с. каде ги наоѓаш резултативе
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom