Фан Kлуб: Осогово

  • Креатор на темата Креатор на темата Архивист
  • Време на започнување Време на започнување
Za toa ke vidime posle mecot so ekipata od zapadna makedonija.
 
abe skotovi sudiite le ke gi plakate

samo taka moze da tepate kako u nedela protiv Zrnovka od Zrnovci
 
Уште колку кола има до крајот значи у втора лига ќе влевате браво за вас :):toe:
 
ОСОГОВО - ЈАКА 3:0 (3:0)

2008-04-26
5687o2.jpg
Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи: 100. Главен судија: Илија Илиев. Помошници: Васко Мавров и Верица Танчева. Стрелци: Наков во 9м. (пенал), Б.Ѓеорѓиев во 21м. и Велинов во 36м. (Осогово). Жолти картони: Велинов (Осогово), Ристов и Тодоров (Јака).

„ОСОГОВО“- Трајков, Данилов, Дамески, Темелков, Манчовски, Наков (Цветанов), Велинов, Коцевски (П.Георгиевски), Н.Ѓорѓиев, Карафилов, Б.Ѓеорѓиев (Митев).

“ЈАКА“- Иванов, Јашаров, Панев (С.Јанев), Коцев(Мијалов), Ристов, Таранинов, Арсов, Петров, Зајков (Илиев), В.Јанев, Тодоров.

Осоговци спроти големиот христијански празник „Велигден“ ја прикажаа својата најдобра игра во пролетниот дел од сезоната, кога се во прашање настапите во Кочани. Особено „жетварите“ одлично ги одиграа првите 45 минути кога и ги постигнаа сите голови.

Натпреварот започна со напади во бранови од страна на домаќините и прашање беше кога ќе се затресе мрежата на Иванов. По неколкуте пропуштени поволни прилики за гол, Осогово поведе во 18 мин. по оправдано досудениот пенал. Голгетерот Наков биеше по средината на голот и домаќините поведоа.

Гостите се подотворија што беше голема грешка. На 2:0 „жолтите“ поведоа во 21 мин. Б.Ѓеорѓиев беше проигран во празно, гостинскиот голман излезе далеку од својот гол а Б. Ѓеорѓиев од преку дваесет метри откосо го лобуваше и нова радост меѓу присутните на стадионот.

Конечниот резултат беше поставен на девет минути пред крајот на полувремето. Наков одлично се проби по десната страна испрати повратна топка ниско по земјата на која натрча Велинов и ја упати во празниот гол.

Во второто полувреме домаќините како да се штедеа, имаа шанси за гол но не реализираа ниту една. За одбележување во овој дел од играта е „бомбата“ на Темелков од триесетина метри која за жал заврши во горниот дел од пречката и отиде во гол-аут.
 
Димитријевски, ти пак забегувај со репортажите за Осогово (како и секое коло) и моли се за влез во втора лига секој ден, па после пак со чисто срце декларирај се за симпатизер на Работнички. Не е логично во сопствена земја да навиваш за 3 тима!!!!
Ејјјјјјјјј освести се.
 
ОСОГОВО - ВАСИЛЕВО 4:1 (0:0)

2008-05-05
5919osogovo2.jpg
Кочани, Стадион-„Никола Мантов“. Гледачи-100. Главен судија: Мите Јованов. Помошници: Зоран Саздовски и Ален Коцевски (сите од Штип).Стрелци: Манчев во 56 (автогол), Н.Ѓорѓиев во 60 и 72, и Наков во 78 („Осогово“),а Ѓорѓев во 69 („Василево“).Жолти картони: Велинов, Коцевски („Осогово“), Ѓорѓев, Митев („Василево“).
„ОСОГОВО„ – Трајков, Данилов, Дамески, Манчовски, Наков, Шуманов, Велинов, Коцевски, Карафилов (Н.Ѓорѓиев, Гицов), Цветанов (Темелков), Б.Ѓеорѓиев.
„ВАСИЛЕВО“ – Божинов, Тушев, М.Митев, С.Николов, Манчев, К.Митев, Панов, Петров, Ѓорѓев, Фетиов, Т.Николов.

РЕШЕНИЕ ВО ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ
Лидерот во Третата лига Исток потешко од очекувањата ја совлада мошне жилавата екипа на Василево. Во првото полувреме домаќините играа неповрзано и доста нервозно па не само што не постигнаа гол туку немаа ниту една посериозна шанса.
Во второто полувреме домашниот тренер ги внесе во игра Темелков и Н.Горгиев што резултираше со поорганизирана игра и низа создадени поволни прилики за гол. Резултатот беше откриен по несмасната интервенција на гостинскиот играч Манчев кој една центрирана топка од левата страна ја закачи со глава и ја спроведе во сопствената мрежа. Водството го „дуплираше“ Н.Ѓеорѓиев само четири минути подоцна. Во 69 м. го видовме најубавиот момент на средбата кога капитенот на гостите Ѓорѓев со стравотен и прецизен удар од триесетина метри го погоди десниот горен агол на Трајков.
Но до крајот со головите на Н.Ѓеорѓиев и Најков работите си дојдоа на своето место. Се на се заслужена победа на „жетварите“ и мошне коректно судење на судиската тројка од Штип.
 
На судијата му се изнапцува се живо и мртво во фамилијата, се по список и 2 од 4 гола на Осогово беа од офсајд зошто не смееше да суди, му дишевме у врат :wink:
 
nema sto tragedija toa ti se 3-ta i 4-ta liga tamu nema trte mrte tamu se se tepa od sudii do treneri
 
dimitrievski otkazi se od trite kluba za koj navivas ne moze da vodis tri fan kluba na sajtov odlucise za koj si ili ne pisuvaj.
 
абе не ми се верува дека навива за осогово мозе само сака да ни достави информации сто е како е :toe:
 
vo pravo e lozari_istok nema sansi da naviva za osogovo samo dava informacii za
toj tim
 
ОСОГОВО ШАМПИОН

2008-05-12
6215osogovo2.jpg
Со победата од 6:1 (2:0) над „Тиверија“ во Струмица на две кола пред завршувањето на првенството „жетварите“ и официјално станаа Шампиони во третата лига Исток.

Според телефонските контакти што за цело време ги имавме со Струмица, „Осогово“ играло брзо и агресивно што на струмичани никако не им одговарало. Стрелци на головите се: Н.Ѓорѓиев (2), Б.Ѓеорѓиев (2), Темелков и Шуманов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom