РЕНТГЕН“ НА „ОСОГОВО“-ВО ФУДБАЛСКАТА СЕЗОНА 2007/08
2007-12-04
НАЈСЛАБО КОГА БЕШЕ НАЈНЕПОТРЕБНО
Екипата на „Осогово“ во ова првенство стартуваше со амбиции за највисок пласман. По одиграните дванаесет кола „Осогово“ го завзема второто место со два бода заостанување зад најголемиот конкурент, екипата на Брегалница-Делчево.Се чини дека токму натпреварот против делчевци излезе клучен за редоследот на екипите на крајот од есенската сезона од причина што „жетварите“ на свој терен едвај извлекоа еден бод. Сепак серијата од седум последователни победи (V-XI коло) ја врати екипата во нормала и да не беше киксот во дванаесетото коло во Карбинци кога „Осогово“ ремизираше, сега екипите на првите две места ќе беа порамнети во бодови. Во есенската полусезона екипата беше доста подмладена а и дисциплината беше поголема што е одраз и на малку добиените жолти картони.
БЕЗ НИТУ ЕДЕН ПОРАЗ
Освоеното второ место со 9 победи и 3 нерешени средби, без ниту еден пораз со позитивна гол разлика од 37:9 и освоените 30 бодови се гаранција дека „Осогово“ и во пролетниот дел ќе атакува на првото место без разлика на гостувањето во Делчево. Во есенската полусезона беа постигнати овие резултати: Осогово-Астибо 2:1, Малеш-Осогово 0:2, Осогово-Брегалница (Д) 1:1,Рудар-Осогово 1:1,Осогово-Филип II 5:0, Бели-Осогово 1:4, Осогово-Зрновка 7:0, Јака-Осогово 0:2, Осогово-Напредок 6:2, Василево-Осогово 0:2, Осогово-Тиверија 4:2, Карбинци-Осогово 1:1.
НАСТСПИЈА 21 ИГРАЧ
Во есенскиот дел на првенството боите на „Осогово“ ги бранеа вкупно 21 играч. Најмноугу настапи има Анѓел Дамески кој настапи на сите 12 натпревари и тоа како стартер во екипата и Димитар Демјанов со исто толку настапи но како стартер на 9. Според настапите во стартните единаесетмина и оние од резервната клупа идеалниот тим на „жолтите“ би изгледал вака: Трајков (9+0), Данилов (9+0), Дамески (12+0), Демјанов (9+3), Темелков (10+1), Манчевски (10+0), Митев (8+2), Велинов (11+0), Наков (11+0), Ѓеоршиевски (8+2), Карафилов (9+1). Како први алтернативи:Коцевски (9+0), Шуманов (6+1), Јаневски (2+5).
СЛАВЧО НАКОВ НАЈПРЕЦИЗЕН
Десет играчи постигнаа вкупно 37 гол. Најефикасен со 14 погодоци е Славчо Наков, пред Стојанче Велинов со 7 и Анѓел Дамески со 6. Понатака следуват: со 2 погодока, Карафилов,Темелков и Јаневски, а додека со 1: Ѓеорѓиевски, Љ.Коцевски, Гицов и Б.Коцев.
САМО ЕДНО ИСКЛУЧУВАЊЕ
Да не беше непромислениот гест на Љупчо Коцевски по завршувањето на натпреварот со Брегалница-Делчево кога непотребно влезе во расправија со главниот судија „Осогово“ есента ќе ја завршеше без ниту еден исклучен играч. При составувањето на записникот судијата Зоран Саздовски го пријави и тренерот на „Осогово“, Влатко Димитровски во рубриката за исклучени.Инаку 12 играчи на „жолтите“ 18 пати ги фати „жолтица“. Најмноугу жолти картони заработи Манчевски-3, Наков,Коцевски,Јаневски,Цветанов по 2, а Ѓеорѓиевски, Трајков, Митев, Демјанов, Дамески, Велинов, Данилов по 1 жолт картон. Противниците на „Осогово“ заработија 28 жолти картони а идентично по еден црвен картон и играч и тренер.
СУДИИ И ДЕЛЕГАТИ
9 Главни судии и 21 помошен ја делеа правдата на кочанските „жолти“. Стојанчо Стојанов од Штип трипати беше на центарот со играчите а Драган Јаневски двапати. Најмноугупати знаменцето го мафтаа Павле Темов, Мите Јованов и Дејан Младеновски сите од Штип по двапати. Најмноугупати како делегат на средбите на Осогово се има појавено Јован Голчевски од Кочани, вкупно три пати.
Славчо Ивановски