- Член од
- 8 декември 2009
- Мислења
- 2.707
- Поени од реакции
- 2.181
„Да бидам искрен, не сум задоволен од работата на младите кошаркари во тимот. Не е тајна дека сум тренер што сака млади играчи и што е подготвен да им даде шанса, но за тоа да се случи тие треба да покажат дека се подготвени за такво нешто. Во МЗТ тоа за жал не е случај, јас искрено се надевав дека еден Љубо Младеновски ќе има минутажа во нашиот тим, но со прикажаното на тренинзите тој не покажува дека е фокусиран и мотивиран за такво нешто. Исто така, очекував доста и од Мекиќ, но за жал овие кошаркари, како и останатите млади играчи се уште не покажуваат доволно за да бидат посериозно вклучени во првиот тим и да добијат минутажа за време на натпреварите“ – истакна Сагадин на денешната прес-конференција.