Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување
Еве слика од вечерашниот натпревар
DSC_4182.jpg

Полна трибина која собира 1600 гледачи, нова подлога, целосно реконструирана сала, солиден тим, здрава конкуренција за МЗТ. Факт е дека оваа сезона ќе имаме многу дерби натпревари и во домашното првенство. Штета што МЗТ игра зад затворени врати на домашен терен во подготвителниот период. Фемили може и треба да им покаже на своите играчи каква поддршка ќе имаат и во новата сезона. Но треба некој од управата да се сети на тоа.
Едит: Плус тоа Кожув имаат и функционален и апдејтуван сајт за разлика од нашиот кој од седум дена во неделата не работи три како што е случај и сега додека го пишувам ова. Бонус: На нашиот кога ќе отидете во тим го имате ланскиот...
 
Последно уредено:
Мала дигресија на ова погоре, Милтон Џенингс и официјално не е дел веќе од МЗТ, така да во наредниот период ќе се донесе нов играч на таа позиција. Со оглед дека нема домашни играчи, речиси сигурно ќе биде странец.
 
Прва добра вест вечерва
 
Не значи дека ако имал милион евра дека сите пари биле за играчи!? Каде се тука патувањата, сместувањата во хотели, аеродромски такси, котизација за Еврокуп, котизација за АБА лига, а да не заборавиме и кои беа дестинациите на МЗТ минатата година во Еврокупот или само да ве потсетам: Русија, Летонија, Естонија, Турција и Израел.

Со 400.000 евра точно се прави конкурентен тим, ама ако македонските играчи се спуштат од облаците и сфатат дека тие пари што ги бараат во МЗТ, само на сон може да ги добијат во друг клуб. Минатата година македонските играчи малтене беа преплатени, а што е уште поинтересно токму оние што се беа најголеми поборници против шест странци беа и најплатените играчи во клубот.
Македонските играчи се ПРЕПЛАТЕНИ уште од 2006-7 сезоната,кога Струмица го почна тој тренд. Потоа еден период и Фени преплатуваше,за последниве неколку години МЗТ,а последнава година посебно и Работнички да го превземат тоа.
 
Не значи дека ако имал милион евра дека сите пари биле за играчи!? Каде се тука патувањата, сместувањата во хотели, аеродромски такси, котизација за Еврокуп, котизација за АБА лига, а да не заборавиме и кои беа дестинациите на МЗТ минатата година во Еврокупот или само да ве потсетам: Русија, Летонија, Естонија, Турција и Израел.

Со 400.000 евра точно се прави конкурентен тим, ама ако македонските играчи се спуштат од облаците и сфатат дека тие пари што ги бараат во МЗТ, само на сон може да ги добијат во друг клуб. Минатата година македонските играчи малтене беа преплатени, а што е уште поинтересно токму оние што се беа најголеми поборници против шест странци беа и најплатените играчи во клубот.

Точно е дека целиот буџет не е само за играчи. Од тие пари платена е котизацијата 150ина илјади евра. Хотелите не се плаќаат, се иде на реципроцитет. Авионските карти се плаќаат, тука идат не повеќе од 50ина илјади евра и тоа е тоа. МЗТ имаше еден куп трошоци кои не ги плаќаше, како на пример салата Борис Трајковски во која тренираа (сеуште тренираат), играа еврокупови и користеа теретана. 75-80% од ланскиот буџет одеше на плати, исто како и сегашниов. Сега во буџетот не учевствува Камчев, поштено ги одјебал, ама сепак МЗТ наоѓа средства и пак има најголем буџет. Со овој буџет се прави многу силен тим, а не ваков смешен тим кој ќе биде предмет на шала во АБА лига и тим што нема да биде толку доминантен во домашно првенство.
 
Како ги кажуваш 50-на илијади евра ко до се работи за 300 денари...

Околу Камчев - Систина, Мај Принт, Ли Нинг, за кое одјебување збориш?

И провери си ја информацијата каде тренираат
 
Па со оглед на тоа дека МЗТ лани имаа буџет над милион, 50.000 евра се нешто помалку од 5% од буџетот. Таа сума ја ставам како плафон, најмногу што би платиле за картите. Али ако сакаш ќе се информирам убаво и ќе ти кажам колку точно платиле за авионски карти минатата сезона.

Каков лининг какви глупости, големите пари што ги префрлаше Камчев минатата сезона, оваа година не ги префрла.

Проверена е. Не тренираат секој ден во БТ али тренираат и таму. Во Јане Сандански нема место да тренираат Вардар мажи, Вардар Жени и МЗТ. Затоа БТ им е помошна сала и тренираат и таму. Ова го знам затоа што Соколи ќе игра во БТ како домаќин и имаше организација на термините за да не се поклопат со МЗТ.
 
Последно уредено:
Каков лининг какви глупости, големите пари што ги префрлаше Камчев минатата сезона, оваа година не ги префрла.

Според тебе Камчев го давал 50% од буџетот во МЗТ :D Ај баш провери ја и оваа информација. Јас ти кажав три фирми за оваа година, кажи ми ги ти ланските што се откажале, а се под негова надлежност
 
Буџетот на МЗТ не е 400.000 многу повеќе е. Минатата сезона беше над милион. Со милион се прави конкурентен тим. Смешна управа има клубот, како и најголемиот дел од клубовите у прва лига. Со овој буџет што го имаат оваа година, МЗТ или Кожув треба глатко да ја освојат лигата.
Буџетот на МЗТ е 400 000 евра, 10000000000000%. Лани имаа милион оваа сезона е 400 000.
 
Некој спомна со тие пари од сезонава се праи екипиште и лоша е управата што не ги искористила. А знаете кој ја прави екипата оваа година? Сагадин и Митев. Зар они не знаат што да одберат па да направат екипиште? Со одврзани раце беа летово, можеа сами да си донесат кој сакаат, се додека е во склоп на буџетот. Кој мислите ги најде црнците, и кој мислите го донесе Зивчевиќ. Факт е дека буџетот е знатно намален а добар дел од него оди и за тренерите.
 
Нели Јане Сандански има и помошна сала, зар не тренираат таму, или таа уште не е готова?

Како може МЗТ да има најголем буџет кога Работнички ќе ги потпише Станко и Тоше (као уште официјално не биле потпишани). Двајцата заедно ПЕСИМИСТИЧКИ коштаат 10 илјади ЕУРА месечно, тоа цирка 100 илјади ЕУРА годишно, такашто поради тоа што Работнички нема трошок за котизација и патувања, сигурно има буџет бар колку 400те илјади ЕУРА од МЗТ. А и буџетите на Кожув и Куманово ќе да се 6-цифрени.
 
Некој спомна со тие пари од сезонава се праи екипиште и лоша е управата што не ги искористила. А знаете кој ја прави екипата оваа година? Сагадин и Митев. Зар они не знаат што да одберат па да направат екипиште? Со одврзани раце беа летово, можеа сами да си донесат кој сакаат, се додека е во склоп на буџетот. Кој мислите ги најде црнците, и кој мислите го донесе Зивчевиќ. Факт е дека буџетот е знатно намален а добар дел од него оди и за тренерите.
Митев 1000 евра плата зима, така да не оди преголема сума на тренерите. Змаго е добар тренер, само мислам дека како тактичар не е баш најсјаен, али ќе го видиме тоа во текот на сезоната. Се шушка за многу добар центар, ама изгледа на полусезона, сега тешко... И тоа центар што зима дебела плата, значи некој квалитетен. Овој црнецов не знам зошто го земаа, ептен проблематичен лик, уште на првата пријателска напраил тепачка.

Иначе страшни тренинзи им држеле, рекол Змаго ко у стилу кога другите екипи ќе паднат тогаш МЗТ ќе биде се подобар и подобар. :icon_lol: Тука алудирал на физичката спремност на играчите, демек МЗТ нема да има падови. :D
 
@Институт
Да не имаш информација за Горјан што повреда има, колку ќе отсуствува? Да не ја обнови старава повреда?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom