Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување
Многу добро дерби.

Неизвесен меч, неколку атрактивни потези...солидна кошарка за македонски услови. Секако одлична атмосфера со добри изданија на двете навивачки групи (тие дечките во црно нека простат ама ич не ги чув).

Иначе уште ми е мака што не ја рековме “Од Ѓорче Петров до Железничка“ :)
 
Куманово - МЗТ Скопје 76:77
Тесна победа и на овој натпревар, ма да очекувам на сите натпревари да биде исто се додека не дојде плеј оф па да се стегнат малку појако и да ги газат со 15 +.
 
Многу интересен натпревар и заслужена победа на МЗТ Скопје следевме во Куманово.Куманово одигра одлично прво полувреме и заслужено отиде на одморот со +3.Серијата во 3/4 на Синовец од 3 тројки беше решавачка за триумфот на нашиот шампион.
Луковиќ доминираше низ целиот натпревар,посебно во скокот,имаше и повеќе атрактивни забивање,додека на спротивната страна се истакнаа Синовец,Станко и Тоше.
Маринковиќ,Цветковиќ и Шеховиќ потфрлиjа,инаку Шеховиќ повторно имаше испади,сега со провокација кон навивачите,не знам што е проблемот со момчево,но очигледно нешто глуми.
Инаку Дамјан е најголемото дрво во МЗТ оваа сезона,ако продолжи овака,јас мислам дека нема да го гледаме следната сезона во дресот на МЗТ.
Инаку пофалба за групата од 30-50 навивачи на МЗТ,кои беа многу примерни,навиваа без провокации и за чиста 10-ка.Нашиве Кумановци направија испад со тоа што го навредуваа нашиот репрезентативец Чековски,што е за секоја осуда.Честитки на победата и со среќа до трофејот и оваа сезона!
 
Честитки на победата иако МЗТ не покажа ништо од шампионскиот тим .
Да не излезе дека се жалам ама за жал клучната улога ја имаше судијата кога не досуди очигледни чекори( од Цветковиќ мислам ) за само момент потоа Гечевски да погоди 2+1 на само 2 - 3 мин. до крај, тоа е. :D (y)
 
Јас мислам дека од следната утакмица МЗТ ќе почне да игра подобро. Неделава беше ептен напорна за сите, последно коло што одлучува за Еврокуп(утакмица што ја губат пред дерби), после 3 дена дерби, и после 4 дена уште една тешка утакмица.
До следната утакмица имаат 1 недела убаво да се одморат и спремат за кожуф каде мислам дека ќе ја покажеме правата сила. И се надевам дека место Шехович кој игра прилично лошо во суперлигава, ќе влезе Дејвис, барем да види дека има конкуренција за местото
 
Пошто имаше доста фанови на Вардар кои се смееа на тоа што играчите на МЗТ присуствувале на отчетот на Грујо.

 
Пошто имаше доста фанови на Вардар кои се смееа на тоа што играчите на МЗТ присуствувале на отчетот на Грујо.

Па играчите не присуствуваат. Искористени се снимки од нив. Ова со Самсоненко исто како да прашуваш за Ивица Коневски зошто го снимаат у кампања.
 
Последно уредено:
Па играчите не присуствуваат. Искористени се снимки од нив. Ова со Самсоненко исто како да прашуваш за Ивица Коцевски зошто го снимаат у кампања.
Не е исто затоа што мислевте дека не сте поврзани со политика, дека он дошол од Русија и од нигде никаде прави сала, финансира во Вардар затоа што е бренд итн.
Он е дел од ВМРО, а играчите со тек на време ( доколку имате македонци во тим ) ќе го прават истото како на МЗТ биди сигурен.

Политиката е навлезена многу јако во спортот и сеа дали играчите биле на отчет или главниот финансиер го подржува Грујо ти е исто и не можеш ништо да правиш освен да продолжиш да го подржуваш тимот.
 
Што се чудите за самсоненко,се знае дека е од вмро донесен,ако изгубат они на избори толку од самсоненко,рк вардар ќе го снема со брзина на светлината,како се створија така ќе се распаднат,а бога ми и на мзт нема да му се пишува добро.
 
Што се чудите за самсоненко,се знае дека е од вмро донесен,ако изгубат они на избори толку од самсоненко,рк вардар ќе го снема со брзина на светлината,како се створија така ќе се распаднат,а бога ми и на мзт нема да му се пишува добро.

Ne vikaj dva pati deka ke se raspadne Vardar. Prvo izglea mn raboti neznaes ti za Sergej, ne e samo blizok so dpmne. A ako se smeni vlasta normalno ke si go forsiraat rabotnicki drugite no Vardar SEKOGAS KE OSTANE target na bilo KOJA VLAST.
 
Ne vikaj dva pati deka ke se raspadne Vardar. Prvo izglea mn raboti neznaes ti za Sergej, ne e samo blizok so dpmne. A ako se smeni vlasta normalno ke si go forsiraat rabotnicki drugite no Vardar SEKOGAS KE OSTANE target na bilo KOJA VLAST.

Не гледаш дека толку знае? Брзо заборавија како лани Вардар ја однесе титулата во Кале
 
Темава е МЗТ момци,а тој погоре што вика дека и на МЗТ не му се пишува добро се заебал :D
 
Темава е МЗТ момци,а тој погоре што вика дека и на МЗТ не му се пишува добро се заебал :D
Па и ние се прашуваме што спомнувате Сергеј и навивачи на Вардар во оваа тема :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom