Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување
Костовски мора да научи да не зима шутеви за 3 од 7,8 метра,да шутира само кога има чиста позиција,не е ова Куманово па да шутира по 20 пати на утакмица:)
И нас приоритет летово требаше да ни биде да земеме некој плеј како Чапин,класа плејмејкер:D
 
Абе со тој ЧапЛин веќе аман......да го земеа добро ама не го земаа и тоа е сеа.

Плеј се знае дека треба секогаш да биде класа,кој игра на таа позиција улично кажано треба да знае највеќе баскет да игра во тимот.
Во МЗТ на пример не е таква ситуацијата ама тоа е.

Костовски ко што кажав треба да напредува,посебно во одбрана вчера неколку пати лесно се откажа откако го поминаа и ги остави на отворен шут,тоа што шутира мене лично не ми пречи,подобро тој да шутне отколку синовац,лучич,или дибекон рејнолдс што изиграваше Гечевски вчера.
Не е лошо и тие околу него да не спијат толку,пасот позади грб за Џекич(овој кај го најдоа :facepalm: ) беше супер телево се здрка.

Оташевиќ секогаш дава 100% нема тука збор,ама некогаш на терен тоа не е доволно,а иначе како лик е многу харизматичен и се труди.
Како и да е ќе ротираат тие двајца и Огнен чат пат.

Инаку како ви се чини тренеров,некако многу се препичава и изводи тоа вади од такт морам да признаам,нема да го чека никој пола саат на тајм аут ко баба да збори. Па уште тоа со микрофоните :tapp: незнам може си мисли дека е месија и дека ако не беше тој МЗТ ќе се распаднеа. Златен Пипан :icon_lol: (тој поголема примадона ) Не ама озбилно ако не подобар барем поширок ростер има Вукокукикакич од Пипан,плус откако ќе се вратат Кире и Станко треба да се добие пристоен тим кој ќе се бори за 5-6 место АБА а зошто да не и некое изненадувачки 4-то и Ф4. За во Европа ќе видиме.

П.С. За повредениве никој не знае до кога ќе бидат отсутни ?
 
Прво коло го играме дома против тим чив тренер е нашиот поранешен и го знае скоро цел тим како игра + тој тим е еден од главните конкутенри за позициите за кои се бориме 4-7 не знам што е тука толку чудно што не сака тренерот да му се слушаат објаснувањата.

Тајмаутите му се толку долги дека ова се припреми и треба да ги припреми сега ако не им објасни акции и грешките не знам кога ќе им ги објасни.

Рејнолдс,Синовец,Дејвис и Лучич мора да бидат комплетно воиграни дека они заедно со Дамјан и еден од плејовите ќе бидат тие кој ќе мораат цела сезона да ја истераат на грб.Толкава минутажа на Гечевски е непотребна во припреми.
 
Станко до ноември, Кире до Нова година

Па Кире здрав ли е некогаш? Од сезоната пред да дојде он е повреден.Бертанс искина колено и еве го вика до ноември се враќа он како што тргнал дали и после нова година ќе игра воопшто.
 
Костоски подобар од Оташевиќ?:pos:Сешто може да се прочита тука.Да е добар нема да игра цел живот у Македонија,додека оташевиќ играше за Хемофарм и Будучност кои беа неколку пати тогаш на Ф4.
 
Па Кире здрав ли е некогаш? Од сезоната пред да дојде он е повреден.Бертанс искина колено и еве го вика до ноември се враќа он како што тргнал дали и после нова година ќе игра воопшто.


Една сезона игра, три неигра........
 
Да не има некој инфо дали ке има блок карти сезонава? Би било идеално такво нешто :)
 
Да не има некој инфо дали ке има блок карти сезонава? Би било идеално такво нешто :)


Евентуално само за Еврокуп би имало, за АБА тешко многу се додека не се префрли екипата во Јане Сандански, за таму ќе има сигурно сезонски.
 
Евентуално само за Еврокуп би имало, за АБА тешко многу се додека не се префрли екипата во Јане Сандански, за таму ќе има сигурно сезонски.

абе и еврокуп ке играте?
 
Ќе ургира Вмро да се приклучите за ф4 ако платите добро



Гледаме да го намалиме учеството во селски лиги,капиш ?Ако не , не ме цитирај,препрочитај уште еднаш,ако ни тогаш не сфатиш,прочитај пак и пак и пак и пак,се додека не сфатиш.Нејќам да те потценувам пријателе,само собери коштаните по пат и се гледаме во сцбт на мзт-партизан/звезда и други клубови на кои го мавате на јутуб,исто така и поздрави ја твојата управа за исперените пари и желбата за уште повеќе.Поздрав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom