Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување
Најверојатно во торус,ама преговарал и со Работнички и Фени сепак заради преголеми барања не се договориле( така ми кажаа)

Се исфорсирал у Кавадарци барал 3000 евра и нормално го набркале за Работнички тоа мислам дека се саму муабети, но сепак на крај покрај толку дигање ќе заврши у Торус за 1000 евра месечно..
 
3 000 евра барал Јане?Јао Јане, во кој свет живееш ....
 
Никац Аеродром и Интер Фан ПРЕКИНЕТЕ да ширите дезинформации во врска со Јане Петровски какви 3000е какви бакрачи... ако немате проверене информација не пишувајте !!!
 
Колку ли ги плаќаат америве, оти по статистикиве станува збор за врвни играчи за нашава лига.
 
pa i 3000 da baral be.....zasluzuva jane 3000 ko nisto!!!!
baska u feni ima dobri igraci moze da se vrati u forma pokraj niv
 
Никац Аеродром и Интер Фан ПРЕКИНЕТЕ да ширите дезинформации во врска со Јане Петровски какви 3000е какви бакрачи... ако немате проверене информација не пишувајте !!!
Ајде копирај ми каде сум пишал нешто за Јане и за тоа колку пари зимал а и воопшто нешто за него.
 
Ајде копирај ми каде сум пишал нешто за Јане и за тоа колку пари зимал а и воопшто нешто за него.

Општо зборам за вас тројца. Водите муабет пазарџиски, рекла - казала, ако имате официјална информација пишете не е ова жолта штампа !!!
 
Ајде нека биде така, ма да не знам што ме мешаш мене. :D
 
Никац Аеродром и Интер Фан ПРЕКИНЕТЕ да ширите дезинформации во врска со Јане Петровски какви 3000е какви бакрачи... ако немате проверене информација не пишувајте !!!

Јас не пишав колку пари барал туку само дека преговарал со некој тимови од нашава лига.Иначе да изворот не ми е 100% ама затоа не ни пишав ништо со пари :)
 
Втор Американец во МЗТ Скопје
A8CB46F18ADB3B408571494649E8B301.jpg

Ноа Далман е внук на 95-годишниот Џон Кундла, кој има пет НБА-титули како тренер на Минеаполис Лејкерс
Наум Котевски

Заедно со Кејд Дејвис од универзитетот „Оклахома“, тренерот на МЗТ Скопје, Александар Тодоров, доведе уште еден кошаркар од САД. Станува збор за 195 см. високиот Ноа Далман, кој пристигнува од универзитетот „Ватфорд“ каде настапуваше изминативе четири години.

Далман игра на позиција крило и важи за одличен поентер и квалитетен скокач. Неговиот просек лани изнесуваше 20 поени и 5,6 скока по натпревар.

Далман е четврто засилување сезонава за МЗТ. Пред него дојдоа Огнен Стојановски, Ристе Стефанов и споменатиот Кејд Дејвис, што е јасна потврда дека управата на „штрковите“ сериозно работи на формирање квалитетен тим, кој би го освоил домашното првенство и не би се срамел при евентуалниот настап во Јадранската лига наредната сезона. За Дејвис Тодоров кажа дека во моментов на нашава сцена нема толку квалитетен играч што игра на неговата крилна позиција. И за Далман има само позитивни зборови.

Инаку, Ноа потекнува од семејство кое е длабоко инволвирано во американската колеџ кошарка. Неговиот постар брат Ајзеја минатата сезона ја заврши четиригодишната карира на „Мичиген“. Неговиот дедо, пак, Џон Кундла, е член на Кошаркарската Најсмит куќа на славните.

Тој како тренер ги однесе Минеаполис Лејкерс до пет титули во НБА лигата, во шесте сезони во доцните 40-те и раните 50-ти години.

„Да се расте во кошаркарско семејство е најдобро нешто што можеше да ми се случи“, изјави неодамна најдобриот стрелец во Јужната конференција.

Лани тренерите и медиумите го прогласија Далман за најкорисен играч во конференцијата. Тој беше еден од оние што го однесоа „Ватфорд“ до првата титула. Сиот негов успех се темели на напорната работа, а меѓу другото, напред го тера, како што напишаа некои американски медиуми, и компетитивноста со неговиот брат.

Другарите и соиграчите едноставно го викаат „Мистер Ди“. Знаат да му кажат и професоре затоа што Далман финалниот семестар го минуваше паралелно предавајќи им американска историја на учениците од средното училиште Чисни. Деновите му беа максимално исполнети. Со крајни напори стигнуваше по предавањата да се пресоблече и да истрча на паркетот.

„Тој изгледа како Супермен. За две минути ќе биде во кошаркарски гаќички. И ќе игра како да лежел цел ден“, кажа за Далман, неговиот тренер Мајк Јанг, кој откри дека во една прилика го прашал својот кошаркар: „Ти имаш време и да ги учиш младите во Америка. Ги просветлуваш ли или само им го пушти филмот за Втората светска војна?“.

Далман му одговорил дека го интересира историјата, но дека неговиот живот е кошарката.
 
За ристе и војдан не ми се верува другиве можеби и ќе дојдат
Кире 100% не иде у Фени, а Тодоров е во Америка да донесе играчи на позициите "2" и "5" па ќе видиме што ќе се случи.
Пенов, Кочов и Грне се сигурни за следната сезона иако за Грне не знам како му е состојбата со повредата пошто све што можеше да искине на ногата све искина и многу е тешко да се врати.
--- надополнето: Jun 14, 2011 6:04 PM ---

Како што ми кажаа мене вчера за Војдан, го вратиле во Македонија затоа што не ги задоволил потребите на клубот. :)

Прекинете со муабетиве, врска си немате,
 
Си има официјална страна МЗТ од каде што може да се собираат информации во врска со клубот, не шпекулирајте без везе само
 
Официјално нов играч на МЗТ Скопје е Ѓорѓи Чековски. :)
 
МЗТ Скопје создава европски тим

Огнен Стојановски, Ристе Стефанов и уште двајца Американци се имиња кои ветуваат дека МЗТ Скопје гради силен тим за наредната сезона, во која рамноправно ќе им се спротистави на Фени Индустри и Фершпед Работнички во борбата за титулата. Покрај нив, во шпекулациите за можни засилувања влегуваат и звучни имиња како Тодор Гечевски и Владо Илиевски.

evropski-500.jpg


Тимот од Аеродром оваа сезона стигна до полуфиналето во кошаркарскиот шампионат, каде по голема борба беше елиминиран од лутиот ривал Фершпед Работнички. Сепак, со ангажманот на Стефанов, Стојановски и двајцата Американци, Аеродромци во новата сезона ќе влезат далеку посилни предводени од тренерот Александар Тодоров и спортскиот директор Ѓорѓе Војновиќ.

Доаѓањето на Стефанов, Стојановски, Кејд Дејвис и Ноа Далмане јасна потврда дека управата на „штрковите“ сериозно работи на формирање квалитетен тим, кој би го освоил домашното првенство и не би се срамел при евентуалниот настап во Јадранската лига наредната сезона.
kejd-dejvis-500.jpg

Кејд Дејвис
Од сите овие се чини најзвучно е името на Кејд Дејвис. За него коментарите велат дека во моментов на нашава сцена нема толку квалитетен играч што игра на неговата крилна позиција Тој е поранешен играч на универзитетот Оклахома, кој во првите две години од школувањето бил соиграч на сега веќе славниот Блејк Грифин.
Според информациите од САД, по заминувањето на Грифин како прв пик во НБА, Дејвис бил играчот кој требал да биде предводник на тимот. Тој е роден 1988 година и висок е 196 сантиметри. Младиот кошаркар според статистиката постигнувал по 14.2 коша по натпревар, а реализацијата му е 44.7% од поле, односно 76% од линијата за слободни.
dahlmanx-large-.jpg

Ноа Далман
Покрај Дејвис. МЗТ успеа во своите редови да го донесе и 195 сантиметри високиот Ноа Далман кој игра на позиција крило и според првичните сознанија е одличен поентер и квалитетен скокач.

Тој пристигнува од универзитетот „Ватфорд“ каде настапуваше изминативе четири години и е внук на 95-годишниот Џон Кундла, кој има пет НБА-титули како тренер на Минеаполис Лејкерс. Неговиот просек лани изнесувал 20 поени и 5,6 скока по натпревар.

Покрај двајцата Американци, доаѓањето на репрезентативците Ристе Стефанов и Огнен Стојановски секако претставува уште една одлична вест за армијата верни навивачи кои му даваат безрезервна поддршка на клубот и очекуваат конечно титулата да отиде во Аеродром.

Според последните шпекулации кои деновиве се вртат низ Скопје, доколку „штрковите“ добијат покана за настап во НЛБ Јадранската лига, наводно МЗТ Скопје ќе ги ангажира искусните Тодор Гечевски од ПАОК и Владо Илиевски од Олимпија.
Доколку овие предвидувања се остварат, тогаш тимот од Аердром во новата сезона сигурно ќе влезе како главен фаворит за титулата во домашното првенство, како и со силни амбиции во НЛБ лигата доколку добие покана за настап.
Едно е сигурно, со ваквите желби јасно е дека управата на клубот работи на создавање на квалитетен тим кој ќе им донесе на Аеродромци во најмала рака борба за трофејот во домашната лига и надеж за многу подобра иднина.
Поврзани вести:​
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom