Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување
Па дали беше регуларна победа на мзт у Куманово?
 
Никој не вика дека немаше контроверзни моменти, не се гледа ни од снимки, тој касно го пуштил времето итн, ама бидете озбилни со муабетиве дека федерација, клубовите, Курчо и Мандич ја местеле за кладилници да има мајсторка...
 
Брат сложују се сс тебе дека тој су глупости. Иако и двоица су осведочени коцкари, нема шансе да су гу местиле реално. Ама штета што судие га признава тј кош. Поинтересно ќе беше повише утакмице. Мада после трагедију сс дечка у Куманово моментално на никога не му е приоритет кошарка. Сс среќу титула. Коначно се исплатесва тија милионски улагања иако било кој македонски тим е боранија на Јадран.
 
Нека е честита 4-та титула и нека ни се множат.
Титула, во сезона во која бевме далеку од доминантни, но со квалитет за нијанса подобар од останатите.
Ќе си пишам еден личен осврт за сезонава и за очекувањата од Септември.

Од кошаркарска гледна точка - Дефинитивно турбулентна сезона. Од самиот почеток. Го ,,намаливме,, буџетот, а со тоа дојдоа и несогласувањата. Загубивме цела една екипа, почнувајќи од столбовите, Станко и Тоше, преку Дамјан, Дејвис и Синовец, до Шехович, Оташевич, Огнен и Курчо.
Почнавме со нов тренер, назначен уште на почетокот од летотот. Доволно време да се состави екипа, да се избуткаат подготовките и да се почне сезоната подготвен. Но од тоа ништо. Дебакал и криминал ни се задеси со изборот на играчи. Дојде време ојлевци и дојлевци да го облечат светиот дрес. Играчи кои не заслужуваат и безпари да играат за боите,Во клубот продефилираа разни циркузанти како Диковски и Зивчевич, странци со сомнителни квалитети како Цинцадзе, Демјуник Морович....Луѓе кои не се ни вредни да ги спомнам, а ете на жалост морам.
Уште на почетокот на подготовките се виде дека таа збирштина од таканаречени играчи нема квалитет.Недостигаше тимска хемија, недостигаше лидер. Уствари недостигаше све. Али Змаго и Ивица не убедуваа дека ќе ја бидне работата.
На Јадранот тргнавме променливо, и што беше за очекување, но стартот на домашното првенство и утакмицата со Фени го даде теркот на целава наша сезона. ПАднаа во вода сите ветувања на управата и на тренерот. На него му ,,летна главата,,. Го наполни џебот и избега. Остана Ицко да се дави у сопствените гомна. Па пробуваше со Врба, па со Дамјан, Шехович, Синовец да спаси колку може да спаси... Па се додворуваше со миленикот на Аеродром, Митев, но задкулисните игри во клубот и него го изгореа за многу кратко. Се проба и вечниот помошник Јончевски и му го донесе купот на Работнички. За по толку глупости да се направи паметен потег со носењето на Пипан и Чапин кои заедно со Самарчето, колку и да е труп, може да се каже дека ни ја донесоа оваа титула.

Сезона од која може да се извлече ОГРОМНА ПОУКА. А тоа е како НЕ ТРЕБА да се работи. Водењето на клубот беше буквално ден за ден. Како ќе му прднеше на Коневски така. ТОА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ.
Да се постават здрави темели, да се донесат прави луѓе на право место за да се радуваме на уште многу титули. Од управа до играчи. Тоа е потребно уште од утре.

За навивачкиот дел исто така сакам да искоментирам. Пишувам како член на ФА кои веќе 20 години е на трибина....
Иако ја освоивме оваа титула некако јас се осеќам празно. Како ..да не е тоа тоа,,
Уште на почетокот, со фамата со салата работите искочија вон контрола. Бојкотот на голем број членови почна уште тогаш. Со недоаѓање со дистанцирање од случувањата во клубот, со немо посматрање, некарактеристично за нас....Проблемите на играчки план беа само дополнителен извор на негативна енергија. Капак на се, беа пријавите, забраните и останатите зајбанции на релација управа-навивачи.
ДА БИДЕМЕ ЈАСНИ, МЗТ БЕЗ ФЕМИЛИ АЕРОДРОМ НЕ МОЖЕ ДА ЖИВЕЕ, НЕ МОЖЕ ДА ЧУВСТВУВА, НЕ МОЖЕ ДА СЕ РАДУВА, НЕ МОЖЕ НИ ДА ТАГУВА.... ФЕМИЛИ АЕРОДРОМ Е ПУЛСОТ НА МЗТ СКОПЈЕ. Не може некој да ја попречува таа врска.
Егото на страна, личните интереси на страна, несогласувањата да се надминат зошто МЗТ им треба на ФА и ФА му требаат на МЗТ. Не иде едното без другото, сетоа тоа е вештачко и неприродно. Искрената и вистинската емоција се знае од каде доаѓа....


Поздрав до сите ИСКРЕНИ НАВИВАЧИ и СИМПАТИЗЕРИ на МЗТ СКОПЈЕ.

За живот ти си моја причина
со тебе тука јас израснав
и ако треба да се родам пак
до ова место води мојот пат!

И кој би сакал ако не си ти,
со кој би делел бол и радости,
во ова срце ти си икона,
вечно што ја чувам само јас.

Години со тебе заедно,
врежани се во срцево,
и млад и стар те сакаме,
Аеродром за тебе живее...

И ако утре јас си заминам,
и ако треба јас да одберам,
Мзт Скопје или рајот цел,
јас одбирам да сум плаво бел...
 
Честито титула момци!:cuc:
Барем да имаше уште една утакмица во Куманово,поради градот,публиката,али тоа е.
Се надевам дека коначно МЗТ ке направи посилен тим за Јадранот,бидејќи со овој ист состав повторно ке биде топовско месо за сите учесници на АБА лигата.
Поздрав.
 
Честита неκа ни е титулава!И од утρе веќе моρа да се планиρа наρедната сезона пρво и основно договоρ на Пипан ОДМА па да се избρκаат од тимот Κиρе(тρи години му се пρемногу не го бива),Лучиќ,Меκиќ,Стаиќ,Цвеле и Мијатовиќ би можеле да останат за беκ ап ама и тоа во зависност од буџетот и амбициите тоа оκолу заминувањата останатите игρачи моρа да се задρжат плус да се донесе стаρтна четвоρκа κвалитетна,еден на позиција центаρ κој би ја делел минутажата со пеџа и еден κомбо беκ што би можел да поκρие и на плеј и на двојκа и здρав дамјан се надевам
 
Па се додворуваше со миленикот на Аеродром, Митев, но задкулисните игри во клубот и него го изгореа за многу кратко.

Боби Митев е најголемото зло што му се случило на МЗТ Скопје оваа година. Сите странци кои што ти ги викаш дека се сомнителни (не беа сомнителни, него беа дрва некастрени) беа донесени од Боби...ама сите до еден. На почетокот на сезоната имаше листа од околу 20 странци кој што Митев наводно ги имал скаутирано и по негов предлог беа донесени. Тоа што ги намести сите негови претходници само заради тоа он да седне на тренерското место е друга работа.

Човек што после победа дава изјава дека истата е за навивачите, а после пораз ги криви јавно неговите играчи...е од тој човек не може да бидне тренер, затоа и цел живот ќе го помине како помошник.

Али ќе се согласам со тебе една работа, а тоа е дека оваа сезона мора да биде лекција како не треба да се води еден клуб. За грешките сме збореле сите во текот на сезоната, што и да збориме нема да смени ништо, како и да е сезоната е спасена и целта е остварена.

Со влечење на паметни потези следната година (а таква најава има) мислам дека 5-та титула ќе биде многу блиску.
 
Има неκое инфо или шпеκулации за следната сезона со κолκав буџет,амбиции ќе се влегува и оκолу ρостеρот?
 
Има неκое инфо или шпеκулации за следната сезона со κолκав буџет,амбиции ќе се влегува и оκолу ρостеρот?

Нема ништо сеа за сеа , чекаат јајцето на газот да им дојде се да им ебам по список . Ако не останат Пипан и некој од подобрите играчи од тимов ќе го јадеме стапот и следната сезона :mad::mad:
 
Самаρџисκи највеρојатно ќе замине имал понуди од стρанство споρед еκипа ма да мене ова повеќе ми изгледа κаκо тρиκ за да им земе повеќе паρи на упρавава наша исто и шеховиќ највеρојатно ќе замине ,синовец и чапин би тρебало да потпишат нови договоρи и пипан исто таκа па ќе видиме
 
би било ок пеџа да остане, и бојан трајковски да се земе. Он од клупа може много од помош да биде, башка што е тројкаш... ќе се направат разноврсни петорки така, што е добра тактика. пипан синовец и чапин ако останат, на коњ сме. уште и одврзани раце да му дадат на пипан да донесе уште некој негов играч ако треба, може многу добар тим да се напраи. ама да не си ги креваме надежите па да се разочараме...
 
Пеџа нема шанси да остане, за тоа што го прикажа и тоа што го бара како сума може слободно да си иде што и најверојатно ќе го направи. Најважно во моментов е да се потпишат прво македонските играчи.
 
Само дамјан да се опраи и да остане, ни фалеше неговата сигурност од коа се повреди, после доаѓањето на чапин добивме стабилност, ама со дамјан плус, ќе бидат убиствено трио он чапин и синовец.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom