Одличен натпревар штета што немаше повеќе публика, само позери ќе се нацртаат на утакмица против Звезда после ги нема, ама нејсе, важна победа на психолошки план после поразот од Звезда. Синовец веднаш се вклопи ете го и Шеховиќ влага во ритам а и тие влезовите му се ѕверски, со Пеџа се виде дека ни фалел вистински центар цело време, маестро Цвеле одличен како и секогаш. Штета што Дамјан се повреди со него ќе имавме тим за 8 или 9 место. Треба уште од сега да прават тим за наредна сезона, да ги задржат Пеџа, Синовец, Шеховиќ, Дамјан и Цвеле ама се зависи и колку пари ќе им се фрлаат за МЗТ. Мора да се направи некоја акција за мобилизација на навивачи, мора на секој натпревар да има по 5000 публика, мора да се продаваат карти и да се засили буџетот со парите од карти. Таму лежат двајца добри играчи.