- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 40.643
- Поени од реакции
- 119.833
Сум тренирал и знам како е, а немој за игралишта да збориш, жити се. Ако ти се игра и ако сакаш да успееш, еден кош ти е доволен. А за игралиштата во Америка, еве ти глеј го Doin it in the park, филмот баш за тоа е, да видиш еден Џулиус Ирвинг, еден Вилт Чембрлен и други стритбол легенди каде почнале да играат и дали имале услови. Да видиш по колку СААТИ и ДЕНОВИ чекале и чекаат за да заиграат на некој терен.
Има има игралишта доволно, само што место тоа слободно време што го имаат во петок и сабота навечер, место да дремат по цела нок и да го вежбаат шутот или да прават шпринтови, или милион други работи што можеш да ги правиш после 12 кога нема никој на игралиштата, они локаат алкохол и изиграваат менаџерчиња у Б2.
Поднебјето кај нас е такво, тоа го прават 2 милиони луѓе, не само кошаркарите. Можеме да се кладиме у што сакаш, ако дојде некој човек што стварно ќе вложи во младинските школи на некој тим дека ќе има огромни резултати и дека нема да има пијанчење. Еве ти прост пример..., да речеме имаш 14 години, тренираш веќе неколку години кошарка, ти доаѓа некој и ти вика од септември одиш во интернат, таму ќе учиш, тренираш, јадеш и слично. Се ти е платено, плус месечно ќе добиваш плата од 500 евра. Кажи ми, ќе се пијанчиш или не?