Пулишиќ и Чуквуезе се подобри фудбалери од Салемакерс (кој не е лошо да го имаш во тим, но не пред овие четворица што ги имаме сега) и Меси (имаше проблеми со повреди кај нас, еве и сега пак).
Освен во одземени топки, не знам во што се подобри овие двајца од Пулишиќ и Чуквуезе? Леброн веќе има постигнати голови, како Салемакерс за целата претходна сезона.
Ова ме потсетува малку на ситуацијата со Хауге, по кого се плачеше, а се плукаше по Леао. Требало Рафа да го продадеме, а не него. Времиња...
За разлика од нив, кои добија шанса и беа меѓу најкритикуваните, Де Кетеларе е фудбалер што Пиоли не знае да го искористи (не знае и некои што се по негов кејф). Дечкото има талент, иако прашање е дали вредеше да се дадат толку пари за него.
Заедно со Салемакерс се добри ликови, со едниот освоивме и титула, па би ми било мило да направат нешто добро во кариерите. Само што клубот не изменаџира најдобро со нивните трансфери.