Треба малце и присебност, не само летање со желбите. Сезонава уште од старт беше дизајнирана за пропаст само сите уште бевме под импресии на ланското ненадејно скудето и не можевме да го увидиме тоа. Некако се погоди прилично доцна да ни се удри од глава се што нечини само заради нереалните амбиции во ЛШ поради релативно лесната ждребка.
Кривица има кај сите за она што ни се случува сезонава, ако би рангирал јас тоа би одело менаџмент, тренер, играчи.
Управава е слепа или намерно игнорира некои очигледни работи:
Првата е што имаат нефлексибилен тренер кој освен 4-3-3 не знае да го приспособи ростерот да биде опасен во некоја друга формација. Ова едноставно не можеш да го игнорираш и веќе ако се решаваш да му веруваш на тренерот треба да му донесеш соодветни играчи. Оваа формација е ефикасна само ако имаш добри крила, ние 3 години сме без асално десно крило. Овој проблем е очигледен 3 години, и го разговараме комплетни незналици на форум, замисли како реагираат тренери на противници кога знаат дека само Леао може да им прави проблем.
Втората што е уште поголема глупост е што влегоа во сезонава без амбиции. Ростерот не е доволно длабок да издржи компетитивност на 2 фронта, претпоставувам дека целите биле само прво коло елиминации во ЛШ а полуфиналево беше скрос неочекувано. Можете само компарација нашиот напад со тој на Интер да го споредите и ќе ви стане јасно зошто длабочината на ростерот е ептен битна.
Третата е што не купуја ниту еден првотимец. Овде веќе апла некој треба да си сноси одговорност заради оваа грешка затоа што нема на кого не му беше јасно после прошла сезона дека треба нови решенија во први 11. Ако додадеш тука уште моментот дека Кеси си отиде, тогаш овде стварно треба да се реагира. Останатите засилувања не би ги коментирал затоа што на пример Тиав има потенцијал ама Тиав дојде како последица на нереализиран трансфер на Ботман кој би бил првотимец а дечково не е. Единствен трансфер со потенцијал за првотимец беше белгиецот ама боље да не коментирам.
Единствен аргумент во полза на менаџментот е префрлањето на сопственоста во сред преоден рок и сагата со Малдини, ама за зимово немаат апсолутно никаков аргумент во своја полза.
Пиоли како втора најголема причина за дебакл сезонава е тоа што е лимитиран. Ако не иде, дечкото не знае како. Ако гледаме малце подетално управа со тренер ептен се разминуваат, тренерот е во некој филм дека поставува некока филозофија по која треба Милан да се идентификува без да менува и се приспособува на противник додека управата е во фазон да скрпам позицииве со што ми дојде како шанса. Епа ова евидентно е дека некој што знае, ќе го искористи против нас.
Човекот е без влијание. Едноставно јас немам прочитано некаде да бара играчи и да бира трансфери. Имаме очигледен проблем во одбрана каде што примаме како луди голови од прекини а овој ќути. Епа другар во модерниов фудбал тренерите треба да диктираат, ако ќутиш ќе те дупат со скапаници како Ориги Сале Месиас и на крај како и што заслужуваш ќе те шутнат.
Играчиве се посебна приказна годинава. Како да се ради реда на терен, можно е да ги препознаа сите горе наведени проблеми па решаваат да тераат само во рамките на можностите. Голем удел има и светскито на полусезона што на некои дополнително им го зголеми бројот на натпревари. Ама како и да е впечатокот е дека никој не се одвои да трза повеќе за разлика од прошла сезона па екипата да се приклучи на таа енергија.
Сега колку оваа криза може да се менаџира немам поима, али неиграњето во ЛШ наредна година уште толку ќе ги потенцира сите грешки од прошлава година поради тоа што нема да сме интересен тим за квалитетни играчи и тренери, а ако знаеме и дека не можеме да искешираме соодветно треба да ги преиспитаме амбициите.