Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Ајде сега да ја затворат утакмицата.
Победа денес, и уште 6 бода од следните 4 натпревари, Милан поминува групи.

Нејсе, Милан не игра одлично годинава освен на дербито, а победува. Тек па добро да играме :)
 
Де Кетеларе ако игра деветка, тогаш не може Пиоли да го држи како Жиру, цело време помеѓу одбрана, мора да има слобода, а сите во напад да ротираат, особено Леао да влегува повеќе во средина.

Движење, движење, движење ...

Вака нема многу логика.
 
Де Кетеларе ако игра деветка, тогаш не може Пиоли да го држи како Жиру, цело време помеѓу одбрана, мора да има слобода, а сите во напад да ротираат, особено Леао да влегува повеќе во средина.

Движење, движење, движење ...

Вака нема многу логика.

I Ketelaere treba da se uozbili malce, izguben e totalno ofanzivno


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Кака кога дојде како анонимец имаше инстантен импакт во играта на Милан и го седна Руи Коста на клупа од првата утакмица па можеби затоа многу се големи очекувањата од CDK.
Ниту јас до сега не сум импресиониран од CDK.
Има да не речам совршена ситуација и услови за да успее,дечкото е млад и талентиран со огромен капацитет,опкружен е со тренер и стручен штаб што ќе работат и ќе бидат многу трпеливи со него.
Токму поради тие 35 милиони управата ќе биде трпелива и ќе го форсира за да успее на сметка на Адли.
Мислам дека Милан ќе добие феноменален играч со него.
 
Де Кателаре не е Кака, ниту по карактеристики, а веројатно (да не кажам, сигурно) ниту по квалитет.

Првото е главна причина зошто се јавуваат уште сега одредени разочарување. Не е Де Кателаре десетка која ќе земе топка во нозе, ќе дрибла неколкумина и ќе даде гол. А многумина очекуваа Леао, само на поинаква позиција.
 
Последно уредено:
Wow Стефан Ристовски проба да го испровоцира Тео, демек јак сум по психологија и ќе се прочепкам малку да видам дали ќе го наседнам. Со баничка од млечен ресторан Милениум би го шамарал.

Оток ми беше натпреваров ама барем имаше неколку позитивни страни. Би рекол дека и рутински го затворивме со исклучок на примениот гол со кој играчот на Динамо го искористи истиот излив на штоперското дуо како и Интер пред две недели. Ми се допадна освежувањето со Побега и целокупно измените на Пиоли, а кејф ми беше и што го видов Круниќ затоа што мора да ги имаме сите можни играчи на располагање периодов. Дест се уште ми е во голема мера нејасен играч, но се надевам ќе видиме повеќе од него ем затоа што се пали ко хепо коцка, ем дека ми здосади да гледам 150 натпревари годишно со истите 3 бека.
 
Кака кога дојде како анонимец

Клучен момент е ова. Сагата со трансферот и сумата што ја платија си го прават своето и притисокот е уште поголем
Немам уште став некој, мислам дека е уште многу рано, само сум сигурен дека ако не покаже нешто конкретно сезонава, на лето ќе биде експресно истоварен на првиот распложен купец како Пакета и Пјонтек.

Була пд 35 милиони е премногу за Милан.
 
Клучен момент е ова. Сагата со трансферот и сумата што ја платија си го прават своето и притисокот е уште поголем
Немам уште став некој, мислам дека е уште многу рано, само сум сигурен дека ако не покаже нешто конкретно сезонава, на лето ќе биде експресно истоварен на првиот распложен купец како Пакета и Пјонтек.

Була пд 35 милиони е премногу за Милан.
Не не верувам дека со CDK ќе направат така и ќе се откажат од него толку брзо,ќе бидат трпеливи и би го пуштиле на позајмица ако не профункционира сезонава инаку баш залудни ќе бидат потрошеното време и пари за неговиот трансфер.
Повеќе ме нервира фактот што Адли не добива никаква шанса на сметка на CDK а можеби во него имаме фудбалски дијамант,требаше одма да го дадат на позајмица или најбрзо во Јануари нека го пуштат,штета е за Милан и за него да грее клупа.
 
Се гледа дека има квалитет и потенцијал детето нема збор за тоа али дали ќе може да се избори со притисокот тоа е друг муабет, сега за сега не е да речеш катастрофа, не е лош, али далеку од тоа што се очекува од него.
 
Се гледа дека има квалитет и потенцијал детето нема збор за тоа али дали ќе може да се избори со притисокот тоа е друг муабет, сега за сега не е да речеш катастрофа, не е лош, али далеку од тоа што се очекува од него.

Секако, но треба и да се користи добро. Мора некои работи да му бидат подредени и на него.



Не знам дали сум станал премногу плашлив, но некако не ми се допаѓа овој Х во Лондон. Може да бидеме ние единствени во група што нема да земеме бод против Челзи, па натпреварот против Салзбург да биде се или ништо, нормално ако овие ги победат двете против Динамо. А воопшто не ми се допаѓа против таква камиказа екипа да мора да бркаме победа по секоја цена и од тој натпревар да ни зависи 1/8 финале.
 
Ја незнам што сте запнале по Де Кателар....заборавате дека Леао беше купен исто 30 миљона и прва сезона имаше 6 гола и 1 асистенција...

Ја се кладам дека до крај на сезона Де Кателар ќе има бар 7 гола и асистенции заедно....

Типот е купен за потенцијал, ама за да го достигне мора да игра, исто како што играа Леао, Кеси, Ромањоли ( што никад не го оствари ) и остали пропалици како Салемакерс кој што исто имаше шанса да си го оствари потенцијалот ама не е роден секој да биде класа фудбалер..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom