Фан клуб: Милан

Саше?

  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Калабрија секоја чест како напредна последниве 2 години.
Мислам сепак десен бек, не е Тео, ама игра сосема задоволително на секоја утакмица, не се бламира, не прави глупости и нерационални испади како Тео повремено и тн... особено ако се земе во предвид какво ОГРОМНО дрво беше.
У негови фасцинантни 150+ утакмици не верувам дека има повеќе од 10 асистенции. Офанзивно, у смисла нафрлувања и ете шут е катастрофален. Има тука многу потенцијал за напредок.

Секако, и малку среќа му треба во повеќе наврати у офанзивни ситуации, се надевам ќе го послужи.

Ама реално топка не губи, добро проигрува, не ризикува и дефанзивно е солиден.

Сепак релативно млад е 25-6 години и ако следниве години се подори офанзивно сме на коњ буквално.
 
Ама реално топка не губи, добро проигрува, не ризикува и дефанзивно е солиден.

Провери статистика, ќе видиш дека имаш погрешен впечаток.

Всушност, ваков, позитивен впечаток имаме за него, само затоа што многу малку очекуваме од него и што од лош стана пристоен.

Ако го гледаме строго, дури тогаш ќе се види колку е ограничен.

Мене ми е меѓу тие што ми се посимпатични во тимот, но...
 
Напредокот не му е базиран на перцепција или очекувања туку е реален.
Калабрија е солиден десен бек моментално и последниве 2 години. Некогаш беше објективно тешко дрво.

Пишав погоре, мислам дека е многу пех играч и неговите слабости се некако и психички (0 самодоверба во напад) отколку што се технички или стриктно фудбалски, иако има и те како простор за подобрување во офанзива. На моменти е многу hesitant и цело време бара сигурен пас, не ризикува пошто нема самодоверба.
Дефанзивно е сосема пристоен играч.
Капитен е плус, иако ова е претпоставувам благодарение на најдолгиот стаж што го има. Колку и да звучи иронично ако го замислиме каков беше пред 4 години.

Има објективен напредок во неговата игра и тоа не може никој да го негира.
 
@курајбер запиши си таму у списокот и еден ваш.

А кој е Исма уствари, ако мисли на Бенасер цел фан клуб се оградува од него да кажем на време.
Ќе биде трет таков случај после АлександреПато и Сашко :icon_lol: :icon_lol:
 
А кој е Исма уствари, ако мисли на Бенасер цел фан клуб се оградува од него да кажем на време.
Ќе биде трет таков случај после АлександреПато и Сашко :icon_lol: :icon_lol:
Требаше Бенасер после црвениот, да пробаат да играат нешто, да смири малку Исма со посед.

Вака засраа ептен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom